Author: riste

Тренерот на фудбалерите на ПСЖ, Луис Енрике, проговори за претсојната пресметка со Ливерпул во рамките на осминафиналето во Лигата на шампионите. „Мислам дека ќе се соочиме со еден од најдобрите тимови на Ливерпул во последниве сезони. Ќе биде натпревар на многу високо ниво и еден од најинтересните“ – вели тренерот на францускиот состав. „Двете екипи се на многу високо ниво и двомечот ќе биде исклучително интересен и возбудлив. Ова натпреварување ни носи интересни спектакли“ – беа дел од зборовите на Енрике.

Read More

Првиот напаѓач на Баерн Минхен, Хари Кејн, може да го пропушти утрешниот меч против Ајнтрахт Франфурт во тековното коло во фудбалската Бундес-лига. Најдобриот стрелец на Баварците не е целосно опоравен од повредата на мускулот на потколеницата добиена на мечот со Селтик во Лигата на шампионите. Тоа го потврди тренерот, Винсент Компани. „Ќе се обидеме да го најдеме најдоброто решение за утре. Добро е што не зборуваме за три или четири недели туку за краткорочен проблем“ – вели Компани.

Read More

Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах, во последното интервју нагласи, дека одржува редовни контакти со Германецот, Јирген Клоп, кој долги години седеше на кормилото на англискиот состав. „Сега повеќе разговарам со Клоп отколку претходно. Многу праќавме пораки во последните неколку месеци. Ме праша за семејството, ми честиташе за натпреварите и за пласманот во финалето. Ми кажа и кога повторно ќе дојде тука!“ – изјави Египќанецот. Напаѓачот на Ливерпул под водство на новиот менаџер, Арне Слот, има одлична сезона и во континуитет ги тресе противничките мрежи.

Read More

Од почетоците, од оној 22 февруари 2005 година, па се до овој 22 февруари оваа 2025 година, низ нашата програма минаа нешто повеќе од 175.000 часови радио програма. Од нив, според програмската шема со која Спортското радио го започна своето работење на фреквенцијата 90.3 фм, а која со низа промени е задржана барем во временската рамка на 15 часовна спортска програма реализирана во живо, излегува дека досега екипата на овој единствен специјализиран аудио-визуелен спортски медиум на територијата на Македонија, реализирала 110.000 часови спортска програма во живо! Во овие илијадници часови отворена спортска програма влегуваат бројни продуцирани програми за младите во…

Read More

Парма официјално го објави назначувањето на поранешниот дефанзивец на Рома и Интер, Кристијан Киву за нов тренер на тимот по заминувањето на Фабио Пекија во понеделникот вечерта. Киву потпиша договор до крајот на сезоната 2025-2026, објави „Sky Sport Italia“. Романецот со себе го донесе својот тим составен од помошникот тренер Антонио Гаљарди, техничкиот помошник Анџело Паломбо и тренерот на голманите Никола Паварини. Киву ја започна својата тренерска кариера во младинските тимови на Интер пред да ја добие својата ПРО лиценца. Парма ќе биде првиот машки тим што го тренирал во кариерата досега. Фабио Пекија, кој ја предводеше Парма до промоција…

Read More

Екипата на Барселона предоводена од Ханзи Флик го победи Рајо Ваљекано (1:0) во 24. коло од Ла Лига. Каталонците ја извојуваа четвртата победа во низа. Претходно ги победија Алавес (1:0), Валенсија (5:0) и Севиља (4:1). Последниот пораз беше на 21 декември од Атлетико Мадрид (1:2). Од тој натпревар до синоќа, Барселона одигра 12 натпревари, а од нив победи на 10 додека два пати одигра нерешено. Во следното коло од Ла Лига , на 22 февруари Барселона гостува кај Лас Палмас.

Read More

Фудбалерот на Ал Хилал, Жоао Кансело, се осврна на шпекулациите дека неговиот поранешен состав Бенфика, сака да го врати во Европа. „Сонувам да играм за Бенфика, но, не сакам да одам таму затоа што знам дека не сум во врвна физичка форма. Сакам да одам кога ќе почувствувам дека можам да му помогнам на клубот и на моите соиграчи“ – вели Кансело. „Мислам дека Бруно Лагер е вистинскиот тренер аБенфика е клуб кој бара многу. Знам како стојат работите“ – нагласи левиот бек.

Read More

Јапонецот, Роју Кобајаши, ја израдува домашната публика во зимскиот центар –Сапоро откако победи во денешното натпреварување во скијачки скокови кое се бодува за Светскиот куп. Тој имаше скокови од 137,0 и 136,5 метри што беше доволно да ја обезбеди првата позиција пред  Јан Хорл (Австрија) со (136,5 и 137,5 метри) и Домен Превц (Словенија) со (137,5 и 135,5 метри). Во вкупното рангирање води Даниел Шофених од Австрија пред Јан Хорл. Утре на истата локација во земјата на „самураите“ ќе има нов натпревар во скијачки-скокови.

Read More

Во пресрет на новата сезона во Формула 1, дел од актерите излегуваат со проценки околу битката за титулата. Возачот на Мекларен, Ландо Норис, потенцира дека освојувачот на пехарот од 2024, Макс Верстапен, нема да биде голем фаворит во трката за титулата. „Мислам дека Макс нема да биде нашиот единствен ривал во 2025 година, мислам дека сите на фронтот ќе се борат за титулата“ – беше една од изјавите на Британецот. „Со нетрпение го очекуваме почетокот“  – потенцираше Норис кој според многумина се вбројува меѓу кандидатите за шампионскиот пехар.

Read More

Tренерот на фудбалерите на Торино, Паоло Ваноли, ја искоментира играта на нашиот Елиф Елмас на вчерашниот меч против Болоња одигран во рамките на италијанскиот елитен шампионат. Македонскиот репрезентативец кој во текот на зимава се врати во Серија„А“, постигна атрактивен погодок уште на првиот натпревар за популарните „бикови“. „Знаеме дека Елмас е значаен играч, тоа го докажа и со настапите во Наполи. Мора да бидеме внимателни и полека да го интегрираме во нашиот состав“ – рече Ваноли.

Read More