Фудбалскиот клуб Адана Демирспор е казнет со службен пораз од 0:3 и одземање на три бода по натпреварот од турското првенство против Галатасарај, соопшти турската фудбалска федерација. Санкцијата е изречена затоа што на 9 февруари фудбалерите на Адана Демирспор го напуштија теренот во знак на протест откако против нив беше досуден пенал на гостувањето кај Галатасарај во 23. коло од турскиот шампионат. Следниот ден претседателот на Адана Демирспор поднесе оставка. Адана Демирспор е на последното место на табелата во турското првенство. Тимот сега има 2 бода по 22 кола.
Author: riste
Дефанзивецот на Манчестер Сити, Мануел Аканжи се соочува со повреда на препоните и ќе паузира во период од 10 недели, изјави денеска менаџерот Пеп Гвардиола. Швајцарскиот репрезентативец беше подложен на скенирање и дозна дека мора да помине низ операционата сала откако беше принуден да биде заменет на полувремето за време на натпреварот од Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Гвардиола рече дека „очекувањата се играчот да биде надвор од терените 8 до 10 недели“. И играчот од средниот ред Џек Грилиш е неизвесен за саботниот натпревар против Њукасл поради истегнување на препоните. Грилиш одигра само 30 минути против Реал Мадрид,…
Австрискиот скијач Рафаел Хазер го освои златниот медал во велеслаломската трка на Светското првенство во Залбах (Австрија) и донесе голема радост за домашните навивачи. И покрај тоа што стартуваше од 26.позиција, Хазер стигна до триумфот со најдобро време од 2:39,71 минути, со што го освои вториот медал (претходно се закити со сребро во супервелеслалом).Тој зад себе ги остави Швајцарецот Томас Тумлер, кој заостана 0.23 секунди, а бронзениот медал му припадна на Лоик Меар од Австрија ( 0,51 секунда зад победникот). Првиот фаворит на оваа трка, Марко Одермат, заврши на четвртата позиција и имаше заостанување од 0,57 секунди и остана без медал. До…
Овој викенд започнува пролетниот дел од сезоната во Мак-фудбалот. Со натпреварите кои ќе се играат в недела од 19.коло стартува вториот дел дел од ПМФЛ. Познати се судиите за сите овие мечеви кои се играат од 14 часот. На програмата се две големи дерби средби. Првото, кое се игра на Маџари, а се среќаваат Гостивар и Струга ТЛ, главен судија ќе биде Стојанче Трпчевски од Кавадарци. На Арената во Скопје, Вардар ја пречекува Шкендија, а на овој меч главен судија ќе биде Игор Стојчевски од Скопје. ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 19.КОЛО – НЕДЕЛА (14 часот)Кратово: Силекс – Тиквеш (Влатко Илиески…
Големата ѕвезда на Баерн Минхен, Џамал Мусиала потпиша нов договор. 21-годишниот фудбалер потпиша договор со Баварците до летото 2030 година. Раководството на германскиот гигант во последните месеци преговараше со германскиот интернационалец, при што двете страни потпишаа нов договор. Според „Билд“, Мусиала ќе биде меѓу најплатените во тимот добивајќи 25 мил. евра по сезона. Во неговиот договор има и откупна клаузула вредна 175 мил. евра. „Навистина сум среќен. Баерн е еден од најголемите клубови во светот. Овде ги направив моите први чекори во професионалниот фудбал и цврсто верувам дека можеме да постигнеме нешто големо со овој клуб во наредните години. Се…
Mакедонскиот фудбалски интернациналец Андреј Тодороски не е повеќе член на Спартак Суботица и кариерата ќе ја продолжи во таборот на ТСЦ Бачка Топола. За овој трансфер се зборуваше иште од почетокот на преодниот рок. Андреј Тодороски беше голема желба на ТСЦ, но преговорите со Спартак не одеа лесно. Напаѓачот на Спартка Суботица имаше понуди и од Русија и Украина, но сепак на крајот од зимскиот преоден рок, Спартак и ТСЦ се договорија, Тодороски оди во Бачка Топола во трансфер вреден 450.000 евра и 20 % од следната продажба. Наддавањето почна со 200.000 евра на почетокот на преодниот рок, бидејќи Тодороски беше голема желба на…
Тренерот на Ливерпул Арне Слот доби директен црвен картон по дербито со Евертон кое на Гудисон Парк заврши 2:2. По пресметката меѓу „сините“ и „црвените“ на овој стадион, дојде до инциденти меѓу играчите на двата тима. Во целата мешаница црвени картони добија Арне Слот, неговиот помошник Спајк Хулсоф, како и играчите Кертис Џонс и Абдулај Дукур. Токму порди ова, Ливерпул ќе биде предводен од нов тренер на следниот натпревар од Премиер лигата, бидејќи Арне Слот и неговиот помошник Спајк Хулсоф ќе бидат суспендирани. Во недела, Ливерпул е домаќин на Вулверхемптон на „Енфилд“, а Слот и Хулсоф ќе мора да бидат…
Сер Алекс Фергусон ќе му оддаде почит на Џузепе Роси со тоа што ќе присуствува на прошталниот натпревар на 38-годишниот Роси. Поранешниот италијански репрезентативец се повлече од фудбалот во летото 2023 година, но сега одлучи и официјално да се збогува со фудбалот. Натпреварот се игра на 22 март во Фиренца, каде Роси играше за Фиорентина од 2013 до 2017 година. „Тоа ќе биде ден полн со изненадувања. Ќе одиграме одличен натпревар со моите поранешни соиграчи. За мене Фиренца е втор дом и секогаш кога ќе се вратам овде се чувствувам одлично. Имавме многу одлични моменти и внатре и надвор од…
Напаѓачот на Ал Наср, Кристијано Роналдо заработи 260 милиони долари и стана најплатен спортист во 2024 година, пренесува „Спортико“. Португалецот на 11 февруари наполни 40 години. Според изворот, петкратниот освојувач на „Златната топка“ добил 215 милиони долари од договорот со неговиот саудиски клуб, а 45 милиони долари од рекламни договори. Ѕвездата на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари е втор на листата со 153,8 милиони долари, а боксерот Тајсон Фјури е трет со 147 милиони долари кои ги заработил во 2024 година. Напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси, голем ривал на Роналдо во последните години, е четврти со годишна плата од…
Дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џонатан Та ќе се приклучи на Барселона како слободен играч во летото 2025 година, ова го објави „Мундо Депортиво“. Според изворот, фудбалерот ја избрал Барселона пред другите понуди, вклучително и од Баерн. Претходно беше објавено дека Та би можел да потпише договор на пет сезони, но се истакнува дека во Барселона се уште ништо не е конечно решено. Во тековната сезона од германскиот шампионат, 29-годишниот Џонатан Та има одиграно 20 натпревари на кои постигна два гола. Дефанзивецот одигра и осум натпревари во Лигата на шампионите и четири во Купот на Германија. Во дресот на Баер Леверкузен игра од…
