Одличен почеток на македонскиот биатлонец Петар Гиноски на зимскиот младински фестивал во Бакуриани, Грузија. Утрово тој учествуваше заедно со 64 останати натпреварувачи и имаше одличен настап. Во првиот круг, Петар испука и погоди 5 од 5 , во вториот круг 4 од 5, а во третиот круг 4 од 5. Но, последниот круг беше пресуден за тој да заврши на 46. место. „Бевме сведоци на одличен настап, каде Петар ги покажа своите амбиции и желба да ја претстави Македонија во најдобро светло. Неговата посветеност и упорност се неспорни. МОК максимално верува и го поддржува Петар, кој е придружуван од својот…
Author: riste
Барселона постигна 41 гол во само 11 натпревари во 2025 година во сите натпреварувања, што е најдобра серија на тимот по првите 11 натпревари во една календарска година од 1943 година (42, под водство Хуан Хозе Ногез), објави „OptaJose“ на социјалните мрежи X. Во натпреварот од 23. коло на шпанскиот шампионат Барселона ја совлада Севиља со резултат 4:1. Барселона моментално се наоѓа на третото место во Ла Лига со 48 бодови. Севиља по сличен број одиграни натпревари е на 13. место со 28 бодови. Во следното коло каталонскиот клуб ќе игра со Рајо Ваљекано (17 февруари), а Севиља со Ваљадолид…
Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот призна дека испаѓањето од ФА Купот од Плимут било навистина разочарувачки, како за него, така и за навивачите и играчите. Екипата од Чемпионшип, која го зазема последното место во втората лига на англискиот фудбал, го приреди најголемото изненадување во 4. коло на турнирот, елиминирајќи го составот на „црвените“ кој продолжува да се бори во Премиер лигата, Лигата на шампионите и Лига Купот. „Резултатот е очигледен. Ова е големо разочарување и не можеме да бидеме задоволни со начинот на кој игравме. Единствено што можам да бидам среќен е што момците се бореа скоро сто минути и…
Полскиот напаѓач Роберт Левандовски стана првиот играч кој постигнал 19+ голови во своите први 22 натпревари во една сезона во Примера по Лионел Меси во сезоната 2019/2020 (исто така 19 гола), објави „OptaJose“ на социјалната мрежа X. Левандовски постигна гол на натпреварот од 23. коло на шпанското првенство против Севиља (4:1). Полскиот напаѓач за Барселона настапува од 2022 година. Договорот на фудбалерот со клубот е до 2026 година. Во моментов, трансферната вредност на фудбалерот се проценува на 15 милиони евра. Сезонава Левандовски одигра 33 натпревари во сите натпреварувања на кои постигна 31 гол и три асистенции.
Екипата на Филаделфија Иглс по две години успеаа да му нанесат пораз на Канзас Сити Чифс со 40-22 во Супербоулот за втора титула во НФЛ лигата во американски фудбал, спречувајќи го противникот да стане прв во историјата со три титули по ред. Филаделфија доминираше во Њу Орлеанс, одиграа фантастична натпревар и имаап редност од 24:0 по првото полувреме. Натпреварот беше решен на 5 минути и 20 секунди пред крајот на третата четвртина кога Џејк Елиот погоди шут за водство од 27:0. По ова финале Канзас Сити остана со четири освоени титули, од кои три под тренерската палка на 66-годишниот Енди Рид. Ова…
Младата репрезентација на Македонија до 21 година на вчерашната ждрепка во Нион за противници ги доби Италија, Полска, Шведска, Црна Гора и Ерменија во рамките на квалификациите за пласман на ЕП кое 2027 година ќе се одржи во Албанија и Србија. Познат е распоредот според кој ќе се играат натпреварите од групата Е, избраниците на селекторот Горан Станиќ, во првото коло на гостински терен силите ќе ги одмерат со селекцијата на Полска. Во второто коло, на домашен терен не очекува дуел со фаворитот во групата, Италија. Во продолжение, можете да го погледнете комплетниот распоред на натпревари на нашата селекција, во…
Серхио Рамос и официјално има нов тим. Дефанзивецот, кој следниот месец ќе наполни 39 години, потпиша со мексиканскиот Монтереј. Дефанзивецот е без тим од летото кога му истече договорот со Севиља. „Добредојдовте, Серхио Рамос! Повеќекратен шампион со Реал Мадрид и ПСЖ. Светски шампион и европски првак со Шпанија. Вашите лидерски квалитети, технички вештини и желба за победа ќе ги однесат „сино-белите“ многу високо“, напиша новиот клуб на дефанзивецот. Серхио Рамос избра да го носи дресот со број 93 поради неговиот гол за Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид, кој го израмни резултатот и го доведе…
Тренерот на Барселона Ханзи Флик беше презадоволен од победата над Валенсија од 5:0 во Купот на кралот. Со успехот Каталонците се пласираа во полуфиналето на ова натпреварување. „Многу сум среќен како настапивме. Почнавме силно и создадовме голем број на шанси. Ова е стилот на игра што сакаме да го видиме. Секогаш барам да дејствуваме динамично. Ние сме млад тим и гладни сме за победи“, изјави Флик. „Се стремиме да постигнеме многу голови – тоа е дел од нашиот стил и нашето разбирање за фудбалот. Сепак, понекогаш морам да барам од играчите да бидат повнимателни во последните минути од натпреварите и…
39-годишниот играч за врска на Реал Мадрид, Лука Модриќ сака да го продолжи договорот со Реал Мадрид на уште една сезона. Ова го пренесува „АС“. Актуелниот договор на хрватскиот фудбалер истекува следното лето. Според изворот, немало разговори меѓу страните за иднината на Модриќ во Реал Мадрид. Клубот и играчот се подготвени да ја одложат дискусијата за нов договор до крајот на сезоната. Се нагласува дека 39-годишниот играч од средниот ред сака да остане играч на Реал Мадрид барем до Светското првенство во 2026 година. Модриќ игра за Реал Мадрид од 2012 година. Во овој период учествувал на 569 натпревари од сите натпреварувања,…
Алваро Мората дебитираше за својот нов тим Галатасарај. Шпанскиот репрезентативец постигна гол во победата од 4:1 на гости кај Болуспор во Купот на Турција. Натпреварот беше од групата Ц на ова натпреварување. Домаќините поведоа во 12. минута со голот на Вушал Исгандарли. Во 21. минута Мората израмни. Напаѓачот доби додавање од Јусуф Демир во шеснаесетникот и ладнокрвно реализираше. Во 44. минута Галатасарај поведе со одличниот гол на Емре Ајдин со удар надвор од шеснаесетникот. Во вториот дел Галатасарај постигна уште два гола. Во 71. минута Јусуф Демир погоди за 1:3, а конечниот резултат го постави Ахмед Кутучу две минути подоцна.…
