Фудбалерот Осман Дембеле го запиша своето име во историјата на Пари Сен Жермен постигнувајќи три гола против Брест, што беше негов втор хет-трик оваа недела. Извонредната серија на Дембеле започна со неверојатен хет-трик против Штутгарт во Лигата на шампионите во средата. Потоа постигна уште три гола во Лига 1, поставувајќи личен рекорд. Иако клубот може да се пофали со легендарни напаѓачи како Килијан Мбапе, Единсон Кавани и Златан Ибрахимовиќ, досега никој не успеа да постигне два последователни хет-трика со тимот на ПСЖ. „Треба да му честитате на тимот и особено на моите соиграчи за асистенциите. Затоа што за првиот гол…
Author: riste
Крилниот напаѓач Маркус Рашфорд ( 27) доби информација дека повеќе нема да игра за Манчестер Јунајтед под водство на Рубен Аморим како тренер. Претходно медиумите објавија дека англискиот крилен напаѓач е блиску до позајмица во Астон Вила. „Маркус отсекогаш велел дека никогаш не би играл за друг клуб во Англија бидејќи е навивач на Манчестер Јунајтед. Тој почна да размислува за потребата да се пресели во голем европски клуб на почетокот на сезоната. Но, Маркус не ја создаде возбудата на која се надеваше. Астон Вила првпат покажа интерес за него во ноември минатата година. Во исто време, Аморим многу јасно стави до знаење…
Дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио Рудигер ќе отсуствува неколку недели поради повреда. Дефанзивецот почувствува непријатност и побара замена во 15. минута од натпреварот со Еспањол. Антонио Рудигер го држеше задниот дел од десниот бутен мускул. Тој по оваа повреда на мускулот ќе биде надвор од терените околу 20 дена. Сезонава дефанзивецот има 22 натпревари во Ла Лига. Неговиот тим загуби на синоќешното гостување кај Еспањол со 0:1 во натпревар од Ла Лига.
Турскиот фудбалски шампион Галатасарај и официјално го објави потписот на Алваро Мората кој доаѓа на позајмица од Милан. Напаѓачот од авионот објави видео порака до приврзаниците на гигантот од Истанбул. Шпанецот требаше да биде во Турција во саботата навечер, но околу 19 часот во Милано временските услови го спречија авионот да полета. Се очекува Мората да потпише 18-месечна позајмица со опција за откуп. Клаузулата ќе стане задолжителна по исполнување на одредени услови.
Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, лично ја одобри преселбата на Маркус Рашфорд во клубот од Бирмингем. Откако стана јасно дека напаѓачот е непожелен во Манчестер Јунајтед, тој веднаш почна да бара нов предизвик за себе. Двата клуба веќе преговараат за трансфер со позајмица на 27-годишниот фудбалер и репрезентативец на Англија. Неговиот договор со „црвените ѓаволи“ е до летото 2028 година.
Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Тајрел Маласија, ќе се приклучи на Бенфика. Двата клуба се во напредни преговори за позајмица на холандскиот лев бек. 25-годишниот фудбалер се согласи да се пресели во лисабонските „орли“, каде ќе може да добие поголема минутажа. Маласија се опоравува од тешката повреда речиси година и половина. Оваа сезона има 9 натпревари за „црвените ѓаволи“. Холанѓанецот дојде на „Олд Трафорд“ во летото 2022 година од Феенорд.
Меѓународната фудбалска федерација ( ФИФА ) и компанијата за спортска облека „Адидас“ ја претставија официјалната топка што ќе се користи на натпреварите од Светското клупско првенство во 2025 година. На Светското клупско првенство на ФИФА во 2025 година ќе учествуваат 32 екипи кои ќе претставуваат шест различни федерации. На турнирот ќе настапат: Челзи, Реал Мадрид, Манчестер Сити, Баерн, ПСЖ, Интер, Порто, Бенфика, Борусија Дортмунд, Јувентус, Атлетико Мадрид, РБ Салцбург, Палмеирас, Фламенго, Флуминенсе, Ботафого, Ривер Плата, Бока Јуниорс, Монтереј, Сиетл Саундерс, Леон, Пачука, Интер Мајами, Ал Хилал, Урава Ред Дајмондс, Ал Аин, Улсан Хјундаи, Оукленд Сити, Ал Ахли, Вајдад, Есперанс, Мамелоди Сандаунс. Турнирот…
Дефанзивецот на Лече, Патрик Доргу утринава отпатува за Манчестер, каде ќе ги помине медицинските тестови пред официјално да потпише со Манчетсер Јунајтед. Вчера стана јасно дека двата клуба се договориле за сите параметри на зделката и се очекува трансферот да стане реалност за неколку часа. Трансферот на Доргу е околу 30 милиони фунти, оваа сума не ги вклучува понудените бонуси. Данецот ќе стане второто ново засилување за „црвените ѓаволи“ во текот на зимскиот преоден рок. Претходно Јунајтед го објави потписот со дефанзивецот Ејдан Хевен од Арсенал.
Натпреварот од 14. коло од Серија А помеѓу Фиорентина и Интер, кој започна но беше прекинат поради губење на свеста на играчот на Виолетовите, Едоардо Бове, ќе се одигра во четврток, 6 февруари, во 20:45 часот. Ова беше објавено на веб страната на Фиорентина. Исто така е објавено дека натпреварот ќе продолжи од 17. минута со истите состави и истата играчка ситуација која постоеше во моментот на прекинот. Да потсетиме, во 16. минута, играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове колабираше на теренот, по што на теренот излегоа лекарски екипи од двата тима и почнаа да му пружаат лекарска помош…
Милан го договори потписот на најдобриот стрелец на Феенорд, Сантијаго Хименез, тврди Фабрицио Романо. Росонерите ќе платат нешто повеќе од 35 мил. евра за 23-годишниот Мексиканец. Оваа сума вклучува и бонуси. Се очекува Хименез денеска да биде во Милано каде ќе ги помине лекарските прегледи и потоа ќе го финализира трансферот. Сантијаго Хименез е дел од Феенорд од летото 2022 година, кога се пресели од Круз Азул. За Феенорд има 104 настапи, на кои има постигнато 64 гола и 14 асистенции. Куриозитет е што еден од првите натпревари на напаѓачот за Милан ќе биде против Феенорд. Двата тима ќе се…
