Author: riste

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ и техничкиот директор на ФФМ, Ѓорги Христов му посакаа добредојде во “Куќа на фудбалот” на Аљоша Асановиќ, легендарниот фудбалер од бронзената генерација (1998) на Хрватска, денес во улога УЕФА консултант задолжен за развој на млади елитни фудбалери. Масар Омерагиќ – претседател на ФФМ: “Посетата на нашиот пријател Аљоша ја нагласува посветеноста на УЕФА за поддршка на развојот на младите фудбалери, зајакнување на односите со нашиот оддел за младински фудбал и доказ за важноста да се инвестира во младите, осигурувајќи дека ги добиваат правите насоки и можностите за напредок. Ова е, исто така, одлична…

Read More

Хрватската ракометна репрезентација по шеснаесет години повторно ќе игра во финале на СП и ќе се бори за злато, откако синоќа во Загреб ја победи моќната Франција. Хрватска славеше со 31:28 во убедливо најдобриот одигран натпревар на оваа генерација, предводена од исландскиот стратег Дагур Сигурдсон. По полуфиналето голманот Доминик Кузмановиќ не го криеше задоволството и откри што им рекол Игор Карачиќ пред почетокот на натпреварот. „Мислам дека не сме свесни дека сме во финалето. Уживавме во прекрасната атмосфера со навивачите и семејствата. Сонувавме за финалето, ова е остварување на сонот. Кога го слушнав последниот свиреж, ме погоди.  Во Карловац луѓето нè испратија, а…

Read More

Играчот од средниот ред Педри потпиша нов договор со шпанска Барселона. Ова го објави официјалниот сајт на клубот. Се истакнува дека новиот договор на Педри со Барселона е до 2030 година. „Барселона и играчот Педро Гонзалес (Педри) се договорија да го продолжат неговиот договор и тој ќе остане во клубот до 30 јуни 2030 година. Играчот од средниот ред денеска го потпиша својот нов договор во присуство на претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, првиот потпретседател Рафа Јусте и спортскиот директор на клубот Деко“, се вели во соопштението на клубот. Во тековната сезона од шпанското првенство, 22-годишниот Педри одигра 20 натпревари на кои…

Read More

Холандскиот репрезентативец Чави Симонс официјално стана играч на германскиот РБ Лајпциг, клуб каде две сезони настапува како позајмен фудбалер од редовите на ПСЖ. Бундеслигашот одамна најави дека е силно заинтересиран за перманентен договор со офанзивецот, а сега конечно дојде и до договор со „светците“ од Париз, кои за него ќе добијат 55 милиони евра. Оваа сума може да порасне во следните три години и парижаните на крајот би можеле да добијат дури 80 милиони, но тоа ќе зависи од учинокот на Симонс, постигнатите голови и асистенции, како и евентуалните освоени трофеи со РБ Лајпциг. ПСЖ во 2019 година го доведе Симонес…

Read More

Германскиот фудбалски клуб Мајнц го продолжи договорот со тренерот Бо Хенриксен до летото 2027 година, пренесува агенцијата ДПА. Данецот го презеде тимот во февруари 2024 година и избегна испаѓање, а во новата сезона го предводи Мајнц до шестото место во Бундеслигата. „Со својот начин на работа, Бо го влечеше целиот тим со себе. Совршено се вклопува во Мајнц и задоволни сме што ќе продолжи да го води клубот и во наредните години“, изјави членот на управата, Кристијан Хајдел. Хенриксен рече: „Поминавме многу заедно и направивме голем напредок и како тим и како клуб. Поддршката од навивачите беше неверојатна уште од…

Read More

Освојувачот на Лига Европа, Аталанта веќе избра замена за повредениот напаѓач Адемола Лукман, кој ќе биде надвор од терените најмалку три недели. Според новинарот на Релево, Матео Морето, тимот од Бергамо е блиску до договор со Монца за потпис на Даниел Малдини. Се уште не е јасно дали договорот ќе биде за постојан трансфер или позајмица до лето со задолжителна опција за откуп. Се проценува дека вкупната сума ќе изнесува околу 15 милиони евра, а 50% од неа отпаѓа на поранешниот клуб на играчот Милан, кој минатото лето го пушти бесплатно во тимот на Монца. Договорот на италијанскиот репрезентативец ќе…

Read More

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ одржа состанок со Министерот за спорт, Борко Ристовски во „Куќа на фудбалот“. Главниот фокус во разговорот меѓу претседателот на ФФМ и Министерот за спорт е иницијативата на двете институции насочена кон развој на фудбалот и спортот, воопшто. Дискусијата на која присуствуваше и генералниот секретар на ФФМ, Дрилон Ганиу се фокусираше на распределба на средствата од државниот буџет наменети за спортот, подобрување на инфраструктурата, инвестирање во програми од грасрут и национални натпреварувања. Министерот за спорт, Борко Ристовски ја потврди заложбата за финансирање во фудбалот и упати порака за партнерски однос со ФФМ и…

Read More

Македонскиот фудбалски интернационалецер Елиф Елмас е нов фудбалер на Торино. Играчот денес пристигна во италијанскиот град за да го стави својот потпис на договорот со овој италијански клуб. „Подготвен сум за продолжението од сезонат, ова за мене ќе биде нова авантура. Сакам добра сезона. Се уште немам разговарано со тренерот на клубот“, беа првите зборови на Елмас како играч на Торино. Елмас доаѓа од РБ Лајпциг, каде не доби минутажа и шанса да го покаже својот квалитет. Елмас ќе игра со позајмица во Торино до крајот на сезоната, а во истиот постои можност за откуп во висина од 17 милиони…

Read More

Роберт Левандовски по 12-ти пат стана најдобар полски фудбалер. 36-годишниот напаѓач на Барселона беше прогласен за фудбалер број 1 во својата татковина за 2024 година. Левандовски ја освои наградата за прв пат во 2011 година, а оттогаш само двапати други фудбалери беа победници во оваа анкета, која беше основана од неделникот „Пилка Нозна“ во 1973 година. Во 2018 година, наградата ја прими голманот Лукаш Фабијански (Вест Хем), а во 2023 година – Пјотр Зиелински (тогаш играше за Наполи, сега во Интер). За најдобра фудбалерка е избрана Ева Пајор, која игра и за Барселона. Полскиот шампион Јагелонија ја доби статуетката за…

Read More

По убедливата победа против Валенсија, тимот на Барселона вчера ги продолжи подготовките за следните натпревари. Играчот од средниот ред Педри продолжи со тренинзите и се појави на вчерашниот тренинг. Потсетуваме дека тој не учествуваше на натпреварот поради болест. Играчот за врска на Каталонците веќе се опорави од болеста и ќе може да игра оваа среда против Аталанта, во последниот натпревар од главната фаза во Лигата на шампионите. На овој тренинг учествуваше и Дани Олмо, кој се уште се опоравува од повредата на мускулот и голема е веројатноста дека нема да биде во составот за пресметката со Аталанта.

Read More