Репрезентацијата на Франција заедно со Данска покажа најмногу ба ова СП, а селекцијата на нашиот следен противник беше доминантна на сите натпревари одиграни во прелиминарната и главната фаза. Французите беа подобри од Катар, Кувајт и Австрија во првата, односно Унгарија и Холандија во втората фаза (ги совладаа со 7 гола разлика). Вечерва Франција игра против Македонија во натпревар без резултатско значење за нив, но францускиот селектор Гијом Жил потенцираше дека нема да биде лесно на дуелот со Македонија, посебно што ова е последен меч за неговите ракометари во оваа група. „Морам да кажам дека од почетокот на овој турнир Македонија…
Author: riste
Ракометните сениорски репрезентации на Македонија и Франција досега одиграа четири официјални натпревари, два од квалификациите за ЕП 2016, а потоа уште два на континенталните собири на ЕП 2016 и ЕП 2024. Најблиску до позитивен резултат против Франција, Македонија беше на дуелот во Скопје, кој заврши со триумф на Франција со 27:25 одигран на 29.април 2015 година. Во истите квалификации Франција на домашеб терен не победи со 35:24. На Европсските првенства досега имаме одиграно два натпревари, во 2016 година беше 30:23 за Франција, додека на последното во Германија минатата година на отварањето на стадионот во Дизелдорф,Франција ја совлада Македонија со 39:29.…
Светската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од последното коло во главната рунда во Вараждин. Натпреварот кој Македонија го игра вечерва и може да биде многу важен во борбата за четвртфиналето, а може и да одлучува само за конечен пласман, ќе го судат норвешки судии. Станува збор за Ларс Јорум и Харалд Клевен, додека делегати на ИХФ за оваа пресметка ќе бидат Феликс Рац од Швајцарија и Бадер Алтејаб од Кувајт. Натпреварот меѓу Македонија и Франција ќе се игра вечерва во „Арена Вараждин“ а почетокот е закажан во 20:30 часот.
Нашата ракометна репрезентација денес ќе го одира последниот натпревар од главната фаза на СП во ракомет. Ракометарите вечерва за противник ја имаат селекцијата на Франција која е еден од фаворитите за златото на ова СП. Французите веќе имаат обезбедено пласман во четвртфиналето, а Македонија не само што треба да направи изненадување, туку најнапред треба да го чека исходот од натпреварите кои ќе се одиграат прес нашиот. Дали на Македонија ќе мора да бара изненадување ќе знаеме откако Унгарија и Холандија ќе ги завршат своите натпревари кои се играат од 15.30 и 18.00 часот. Во групата 1 која се игра во…
Репрезентацијата на Македонија утре ќе го одигра натпреварот со Франција кој е последен од главната фаза на Светското првенство 2025 во Хрватска, Данска и Норвешка. Голманот Марко Кизиќ ги кажа очекувањата за утрешното соочување со репрезентацијата на Франција, која е голем фаворит за медал на ова СП. ,,Нормално се подготвуваме за Франција како и зa сите други натпревари, ќе го дадеме максимумот на овој натпревар, ќе се обидеме да се покажеме во добро светло, не треба да се трошат зборови за Франција, знаеме колку е моќнa, но ќе си ги пробаме шансите, доколку излезат останатите резултати во наша корист и…
Македонската ракометна репрезентација утре ќе го одигра последниот натпревар од главната фаза на Светското првенство 2025 во Хрватска, Данска и Норвешка. Противник на Македонија ќе биде Франција, селекција која е еден од фаворитите за освојување на златото на ова СП, а десното крило на нашата репрезентација Ненад Костески е задоволен од прикажаното на претходните натпревари. „Во последниот натпревар играме против моќната Франција и знаеме со каков противник треба да се соочиме. Евидентно е дека имаме напредок во играта и досега имаме само еден пораз на првенството. Среќни сме поради тоа, напредуваме како репрезентација и се надевам дека ова ќе биде…
Најдобрата македонска судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски добија нова задача на ова СП, па откако судеа на трите средби во Хернинг, денес ќе имаат обврска да судат во Осло. Македонските арбитри ќе го судат големо дерби меѓу Шпанија и Португалија во „Унити Арена“. Натпреварот меѓу Шпанија и Португалија се игра денес со почеток во 15:30 часот, заШпанија оваа средба е да се биде или не, затоа што имаат 3 бода, додека Португалија е прва со 5 бода и евентуалната победа ќе значи пласман во четвртфиналето. Во оваа група денес уште ќе играат Шведска против Бразил, како и Норвешка…
Денешниот ден на СП во ракомет ќе биде доста интересен бидејќи во групите 3 и 4 кои се играат во Осло и Загреб денес на програната се средбите од 2 коло, а многу работи може да се променат по ова коло. Во групата 3 која се игра во Осло дури 4 репрезентации се во трка за пласман во четвртфиналето, секако португалија со победа над Шпанија би завршила голема работа, а од друга страна не чека директна пресметка меѓу Шведска и Бразил кои имаат по 4 бода, а селекцијата која ќе победи ќе ги задржи шансите за втората позиција во групата.…
Ракометната селекција на Македонија ја забележа првата победа во главната фаза, а втора на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка. Македонија славеше со 39:34 во една полетна игра со брзи додавања и одлична реализација. По средбата во „Арена Вараждин“ своја анализа на одиграното даде селекторот Кирил Лазаров. „Честитки на момците за сето она што го прават за овој дрес. Тешко е на петти натпревар против квалитетен противник да имаш фокус, концентрација и борба. Секоја чест за сите играчи. Ние веруваме во она што го работиме, свесен сум дека имаме квалитет. Веруваме во системот, во поставеноста, во стратегијата. Се гледа дека собираме искуство, во…
Македонската ракометна репрезентација славеше во дуелот со Катар со 39:34 и ја забележа првата победа во главната фаза на СП во ракомет. Ова беше втора победа за Македонија на ова СП, а тоа беше добра причина нашите ракометари да ја прослават победата со уште едно селфи со кое го „овековечија“ моментот.
