Author: riste

Марко Кизиќ доби шанса од почетокот на натпреварот со Катар и одлично ја искористи, а со своите 10 одбрани беше одличен на голот на Македонија. Кизиќ бранеше добро во првото полувреме кога Македонија направи разлика од 4 гола по првото полувреме, за на крајот се радува на победата од 39:34. Голманот на нашата репрезентацијададе свој коментар за натпреварот: „Успеавме во прво полувреме да направиме разлика, тоа беше многу важно за нас. Продолживме да играме во ритам и заслужено победивме со Катар. Имавме наш стил на игра, брз, тој е исто за секој противник. Ние сме млади, треба да го користиме тоа…

Read More

Македонските ракометари го совладаа Катар за втор триумф на актуелниот ракометен мундијал и голема радост за своите фанови. Избраниците на Кире Лазаров диктираа темпо цел натпревар и не ја испуштија предноста до крајот, а искусниот репрезентативец на Катар, Жарко Марковиќ коректно ја честиташе победата на подобриот противник попладнево во Вараждин. „Најпрвин да и честитам на репрезентацијата на Македонија.  Се гледа дека екипата е подмладена, момците многу трчаат и Кире тоа добро го подредил и врши одлична работа. Ние, од друга страна сме највозрасна екипа на ова првенство, тешко ни е кога се игра натпревар секој втор ден. Не измори и…

Read More

Македонија ја забележа првата победа во главната фаза на Светското првенство, вкупно втора на турнирот и тоа во пресметката со Катар. Нашиот национален тим одигра ефикасен меч и го доби составот предводен од Веселин Вујовиќ со резултат 39:34. Ова е второ славје по она со Гвинеја на мундијалот на кој ремизиравме со Унгарија и Австрија, а загубивме само од Холандија, но и на таа средба бевме рамноправен противник. Овие резултати и настапи донесоа задоволство кај првиот човек на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов. „Апсолутно сум задоволен, имаме и две нерешени, но задоволен сум од пристапот и од она што…

Read More

Голманите Никола Митревски и Марко Кизиќ беа на висината на задачата и заедно имаа15 одбрани на мечот со Катар. Дуелот го завршувме со победа од 39:34, а од вкупно упатените 48 идари нашите голмани скротија 15 и беа одлилни во моментите кога се одлчучуваше победникот на оваа среда. Митревски беше задоволен од победата и потенцираше дека во иднина мора да бидеме како Скандинавците – ако им се даде шанса, ќе ја убијат секоја твоја грешка и опуштање. „Пред сè, сакам да им честитам на сите играчи и стручниот штаб за одлично одработениот натпревар. Сите се заслужни за победата, ние сме…

Read More

Македонија одигра одличен натпревар и без грешка го одработи натпреварот со Катар за на крајот да слави со 39:34. Капитенот Филип Кузмановски со шест погодоци повторно беше предводник на нашата селекција, а по натпреварот истакна дека е горд на соиграчите и дека сите заедно покажаа како се игра во репрезентативниот дрес. „Кажав и пред натпреварот  со Катар дека одиме на победа. Верував во сите, ова е награда за сите наши натпревари што се боревме и што немавме среќа во последните минути да славиме на натпреварите со Унгарија и Австрија. Сите бевме пожртвувани максимално, горд сум на момците, сеуште сум под…

Read More

Светската ракометна федерација (ИХФ) ги објави имињата на официјалните лица за натпреварот на Македонија од второто коло во главната рунда на СП во Хрватска, Данска и Норвешка. За натпреварот кој нашата репрезентација го игра денес против Катар во Вараждин, делегирани се судии од Шпанија. Станува збор за Игнасио Гарсија и Андреу Марин Љоренте, додека делегати се Олесен од Данска и Забала од Аргентина. Натпреварот меѓу Македонија и Катар се игра денеска во „Арена Вараждин“ со почеток во 15:30 часот, ова е дуел кој може да ја остави нашата репрезентација во битка за повисок пласман во оваа група.

Read More

Денешниот ден на СП во ракомет ќе помине во знакот на настапот на репрезентацијата на Македонија и дуелот со Катар, но во Вараждин и Хернинг ќе се одиграат уште неколку интересни средби. Посебно ќе биде возбудливо во „Арена Вараждин“ каде што освен дуелот межу Македонија и Катар, од 18 часот ќе играат Холандија и Франција, а од 20.30 Унгарија и Австрија. Ова гарантира супер интересен ракомет на сите три средби кои се денес на програмата во Вараждин. Во групата 1 која се игра во Хернинг, Данска има три натпревари во кои се среќаваат Тунис и Чешка во првиот термин, додека…

Read More

Македонската ракометна репрезентација по ден пауза се враќа на теренот на СП во ракомет во Хрватска, Данска и Норвешка. Нашите ракометари денес за пртивник ја имаат селекцијата на Катар која е предводена од добро познато име за нашата јавност, Веселин Вујовиќ. Предводникот на нашиот денешен противник многу добро го знае квалитетот на македонските репрезентативци, а тоа го кажа и во својата изјава. Од една страна е искусната селекција на Катар составена од неколку познати имиња, а од друга страна е нашата млада и полетна селекција која на пва СП покажа дека игра брз и модерен ракомет кој треба да биде…

Read More

Нашиот пивотмен Милан Лазаревски игра одлично на ова СП , како во одбрана така и во напад. Сега го чека тешкабитка против корпулентните репрезентативци на Катар, а тоа значи дека ќе има тешка задача. Лазаравески го најави вториот натпревар од главната рунда за Македонија и истакна дека ако Македонија игра брзо и полетно, Катар нема да има шанси да парира, пред се заради разликата во годините на селекциите. „Како што можевме да видиме од мечот со Холандија, Катар не се покажа како наивен противник. Иако бековите во таа репрезентација се во поодминати години и доцнежна фаза во нивната кариера, покажаа…

Read More

Македонската ракометна репрезентација денес имаше слободен ден на СП, а го искористи за подготовка за натпреварот против Катар во втората рунда на Светското првенство. Пред утрешниот натпревар своите очекувања ги искажа Игор Ѓорѓиев, средниот бек на Македонија кој истакна дека треба да ја искористат младоста, за да го наттрчаат противникот и да дојдат до позитивен резултат. „Не очекува дуел со една пред се квалитетна и искусна екипа која што го покажа тоа на последниот натпревар со Холандија во кој беа егал до самиот крај. Ние сме една помлада репрезентација од нив и тоа ни е некоја предност која треба да…

Read More