Францускиот тим Олимпик Лион остана без тренер само неколку дена пред натпреварот од Лига Европа. Американскиот претседател на францускиот клуб Џон Текстер го отпушти тренерот Пјер Саж и веќе 10 дена преговара со Пауло Фонсека, пишува „Л‘Екип“. Саж беше ослободен поради неодамнешните слаби резултати на тимот и особено по срамниот пораз од аматерскиот тим Бургоњ (2:2 и 2:4 по пенали) во 1/16-финалето на Купот на Франција. Лион загуби и од Брест со 1:2 во Лига 1 и ремизираше 0:0 со Тулуз. Американецот Текстер лично отпатувал за Лион денес за да го извести Саж за својата одлука, бидејќи тој лично го…
Author: riste
Баерн Минхен официјално го објави потписот со младиот голман на Келн, Јонас Урбиг. Баварците за него ќе платат сума од седум милиони евра плус уште три милиони евра во вид на разни бонуси. Самиот 21-годишен Урбиг потпиша договор до летото 2029 година. Новиот голман ќе го носи бројот 40 и најверојатно ќе биде вклучен во тимот на Баерн уште на натпреварот против новајлијата во Бундеслигата Холштајн Кил викендов. Сезонава Урбиг одигра 11 натпревари за Келн, прими 22 гола. Тој исто така има осум натпревари за младинската репрезентација на Германија. „Баерн е еден од најголемите клубови во светот. Горд сум што…
Јувентус и официјално го објави потписот на португалскиот играч за врска Ренато Веига од Челзи. Договорот е во форма на позајмица до крајот на тековната сезона. Веига се пресели во Челзи летото од швајцарскиот Базел, но не успеа да се наметне во тимот на лондонскиот клуб. По краткиот престој на „Стемфорд Бриџ“, тој ќе ја продолжи кариерата во италијанскиот гигант, кој ќе има можност да ги искористи неговите услуги до крајот на сезоната. Потпишувањето на Веига е дел од трансфер стратегијата на Јувентус бидејќи тие сакаат да го засилат својот тим за да постигнат успех и во Серија А и…
Откако беа одиграни натпреварите од главната рунда на СП во ракомет познат е пласманот на репрезентациите од 9 дио 24 место на Мундијалот. Нашата репрерзентација како што и претходно објавивме се пласираше на 15 место што е одличен резултат за разлика од претходното во 2023 година кога го освоивме 27-то место. Еве како изгледа пласманот на репрезентациите од 9-то до 16-то место: 9.Исланд10.Норвешка11.Швајцарија12.Холандија13.Словенија14.Шведска15.Македонија16.Италија Зад Македонија на ова СП останаа:17. Австрија18.Шпанија19.Чешка20.Аргентина21.Катар22.Тунис23. Зеленортска република24. Чиле По одигрувањето на утрешните натпревари за пласман во Президент Купот во Пореч ќе биде познат пласманот и од 25-то до 32-то место на ова СП во ракомет.
Валенсија прими седум гола во натпреварот од 21. коло на Ла Лига со Барселона со што постави клупски анти-рекорд по бројот на примени голови во шпанското првенство во првата четвртина од 21. век. Последен пат „лилјаците“ примиле седум гола на еден натпревар пред 70 години или во 1955 година. Тогаш Алавес славеше со резултат 7-0. Во историјата на Валенсија има два меча кога тимот примил повеќе од седум голови. Во сезоната 1940/1941 година, Валенсија загуби од Севиља со 10:3 а во 1933 година од Атлетик Билбао со 8:2.
Машката ракометна репрезентација на Македонија го заврши настапот на СП во Хрватска, Данска и Норвешка. Кружниот напаѓач Марко Стојковиќ го даде својот придонес на теренот и потенцираше дека сите го дадоа максимумот, но и дека има простор за напредок. „Сметам дека сите го дадовме максимумот. Има многу голема разлика од оваа репрезентација и од другите, тоа сите го знаат. Има и голем простор за напредок, сите работиме максимално да достигнеме повисоко ниво. Треба да одиме само повисоко со овој тим. Со себе ќе понесам едно големо искуство по ова СП, има голема разлика да си на ваков настан и да…
Селекторот на нашата ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, по крајот на Светското првенство јавно се заблагодари на актуелниот претседател на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Живко Мукаетов кој го имаше последното големо натпреварување на чело на РФМ. Познато е дека Мукаетов се повлекува од позицијата, а Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ќе добие нов претседател. Лазаров кажа дека сите добиле огромна поддршка од него и додека тој бил играч, а и сега како селектор со националниот тим. „За Живко Мукаетов имам само пофални зборови, би сакал да ја искористам приликата за јавно да му се заблагодарам за поддршката што ни ја…
Македонија одигра добар натпревар ,но немаше сили за позитивен резултат против силната Франција, но со едно борбено, солидно издание му се спротистивме на фаворитот за чесен пораз на крајот од 32:25. Со ова заврши настапот на нашата репрезентација на мундијалот и тоа со учинок од две победи, два порази и две нерешени средби, учинок за топ 16 пласман на турнирот. „Ова беше натпревар за уживање, Франција е една велесила, се спротиставивме со сите можни сили, оставивме добар впечаток и ова ќе биде мотив за во иднина. Ова е еден од нашите подобри турнири во последниве години, бевме добро подготвени, почнавме…
Репрезентацијата на Македонија со поразот од Франција (32:25) го заврши настапот на Светското првенство 2025 во Хрватска, Данска и Норвешка. Македонија ќе заврши во меѓу најдобрите 16 репрезентации на ова СП, а конечниот пласман ќе се знае по комплетирањето на сите натпревари од последното коло од главната фаза. Младиот среден бек Марко Митев, кој одигра одигра одлично на Мундијалот, го оцени настапот на СП како успешен. ,,Искрено јас сум задоволен од она што го покажавме на СП. Овој натпревар многу ни значеше, најмног, но требаше уште повеќе да сме фокусирани, да се обидеме да изненадиме, но Франција е светски гигант,…
Македонија со добра игра и пораз од Франција од 32:25 го заврши настапот на Светското првенство кое се одржува во Хрватска, Данска и Норвешка. Ова беше меч кој може да и послужи на нашата репрезентација како добро искуство за во иднина затоа што играа против селекција која е на врвот на светскиот ракомет, селекција која е фаворит за злато на ова СП. Голманот Никола Митревски беше еден од нашите најдобри поединец и забележа двоцифрен број на одбрани. „Ако ги иземеме Франција и Данска, против секој друг противник би имале поголеми шанси. Знаеме дека Франција и Данска се најголеми претенденти за…
