Author: riste

Светската ракометна федерација (ИХФ) ги објави официјалните лица за натпреварот Македонија – Австрија од првото коло во главната рунда на СП во Хрватска, Данска и Норвешка. ИХФ ги делегираше чешките арбитри Вацлав Хорачек и Jири Новотни за денешната пресметка на нашата репрезентација против Австриja. На досегашните дуелите со Унгарија и Холандија на Македонија и судеа скандинавски судии, додека на дуелот со Гвинеја, судиите беа од Молдавија. Натпреварот меѓу Македонија и Австрија ќе се игра во „Арена Вараждин“ со почеток од 15:30 часот. Според очекувањата за жал Македонија нема да ја има истата бројка на навивачи од трибините како што беше…

Read More

Нашата ракометна репрезентација денес на отварањето на втората рунда од СП во ракомет игра против селекцијата на Австрија. Оваа селекција досега неколку пати била наш противни, еднаш во бараж за СП 2013 во Шпанија кога Македонија ја победи Австрија на домашен терен со 26:21, азагуби во Виена со 30:27, но сепласираше на СП. Следниот натпревар кој го одиграа овие две репрезентации беше на ЕП 2014 година во Данска каде Македонија славеше со минимални 22:21, а потоа следуваше натпреварот на СП во Катар 2015 кога пред 10 години Македонија славеше против Австрија со 36:31, а тоа всушност ни е последната победа…

Read More

Македонската ракометна репрезентација денес со натпреварот против Австрија го продолжува својот настап на СП во ракомет во Хрватска, Данска и Норвешка. Нашите ракометари денес на стартот на главната рунда играат против селекцијата на Австрија, натпревар кој може да ни донесе многу, а тоа е да се вмешаме во битка за подобро место во нашата група. Македонија во првите три натпревари имаше една победа, еден пораз и еден нерешен резултат, а Австрија славеше на две средби, а загуби единствено од фаворитот Франција. Македонските ракометари имаа можност во текот на вчерашниот ден да се подготват за оваа средба која ја играме со…

Read More

Машката ракометна репрезентација на Македонија утре ќе игра против Австрија, а потоа со Катар и Франција во главната рунда на СП во Хрватска, Данска и Норвешка. Тоа е добрата вест за нашите навивачи, но лошата е тоа што влезниците за овие натпревари ќе бидат уште повисоки во однос на тие што беа до сега. Билети за натпреварите во „Арена Вараждин“ се уште има, но цените се дупло повисоки во споредба со оние од групната фаза каде што беа 50 евра за дневна влезница (следење на два натпревари). Најефтините билети се 80 евра, а во зависност од местото на седење во…

Read More

Австриjската репрезентација е нашиот следен противник на СП во ракомет, а селекторот на оваа срепрезентација Алеш Пајовиќ ќе има уште еден проблем пред натпреварите од втората рунда со Македонија, Холандија и Унгарија. По Никола Билик и Јанко Божовиќ, Пајовиќ остана и без десниот бек Борис Живковиќ за дуелите што следуваат на ова СП. Живковиќ заработи повреда на рамото на натпреварот против Катар и не беше дел од средбата со Франција, но нема детали за тоа колку ќа паузира. Австрија има силна репрезентација иако нема да го има бековско трио, но тука се Себастијан Фримел, Тобијас Вагнер, Франко Кастро, Немања Белос,…

Read More

Македонската ракометна репрезентација очекувано славеше на мечот со Гвинеја (29:20) и обезбеди пласман во втората фаз ана СП, но исто така по случувањата на мечот со Холандија, за очекување беше дека организаторот на СП, Хрватскиот ракометен сојуз по сугестија на ИХФ ќе спроведе засилена контрола и редарско обезбедување во Арена Вараждин. Самиот натпревар помина одлично за нашата репрезентација, но на трибините имаше доста хаос. Како прво беше сериозно променет самиот пристап на редарите и полициските службеници кон нашите навивачи. Уште од пред стартот владееше тензија, се вршеа детални проверки, се одземаа знамиња со ѕвездата на Кутлеш, а дури и се…

Read More

Со натпреварите кои ќе бидат одиграни денес завршува првата фаза на СП во Хрватска, Данска и Норвешка. По денешните натпревари ќе ги дознаеме последните патници во втората фаза, но и тоа , кој колку бодови ќе пренесе со себе од групите Ф и Г. Во групата Ф која се игра во Осло од 18 часот играат Јапонија и Чиле кои се борат за 3.место, додека од 20.30 часот за првото место ќе се борат Шведска и Шпанија. Иста е ситуацијата и во групата Г која се игра во Загреб, таму од 18 часот играат Куба и Заленортска Република за место…

Read More

Светската ракометна федерација (ИХФ) ги промени саатниците за натпреварите од главната рунда во групата на Македонија. Иако требаше Македонија да игра два пати во 18:00 часот според првичниот распоред, сепак ИХФ ги промени саатниците и сега нашата селекција ќе игра во 15:30 часот. Натпреварот против Австрија е закажан за 21 јануари од 15:30 часот, додека против Катар дуелот е на 23 јануари исто така во 15.30 часот. Единствено терминот за мечот со Франција остана во претходниот термин, а тоа значи дека на 25 јануари (сабота) Македонија ќе игра против Франција со почеток во 20:30 часот. Сите натпревари од нашата група…

Read More

По натпреварот кој нашата репрезентација го одигра во Вараждин вечерва против Гвинеја со реакција се јави генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски, а во неговата реакција беше критикуван односот на организаторот кон нашите навивачи. Милошевски на својот ФБ профил објави свој коментар за она што се случуваше во Арена Вараждин. „Честитки до нашите момци за победата, одиме во следна фаза, напред Македонија! А во врска со организацијата на вечеранишниот натпревар: Само еден влез во арена активен;Жени и деца најгрубо претресувани од нервозни редари;Во опасни предмети вклучени се и кармин, лабело, сјај за уста, полнач за телефон и сл.;Простор за пушење…

Read More

Македонија ја исполни целта и се пласираше во втората фаза на Светското ракометно првенство, а според резултатот на натпреварот со Гвинеја (29:20) сосема е јасно дека Македонија завршува на 3-то место во групата Д, а тоа значи дека наш прв ривал во следната фаза ќе биде селекцијата на Австрија. По натпреварот со Гвинеја, анализа на мечот даде селекторот Лазаров кој беше задоволен од остварувањето на целта. „Треба да бидеме задоволни од тоа што победивме, иако можеше да биде и подобро. Се виде тоа неискуство кај одредени млади ракометари за кои ова е прв или втор голем турнир. Сега ја видов…

Read More