Македонската ракометна репрезентација ја оствари целта и се пласираше во главната фаза на Светското првенство (СП) во Хрватска, Данска и Норвешка. Клучна за овој пласман беше победата над Гвинеја од 29:20, по која нашите ракометари беа задоволни од играта, а посебно се истакнаа оние кои играа помалку на првите два натпревари. „Победивме натпревар кадешто бевме фаворити. Малку ни беше тешко на отворањето, но знаевме дека ќе биде така по првите два меча кои беа доста тешки. Имавме лош старт, но како одминуваше времето презедовме контрола и победивме како што заслужувавме. Публиката беше феноменална, морам да ја поздравам. Тие се наш осми играч,…
Author: riste
Игор Ѓорѓиев ја доби довербара од селекторот Лазаров на мечот со Гвинеја, а отсуство на Марко Митев беше надополнето во целост. Игор Ѓорѓиев ја презеде улогата на организатор на играта на Македонија и младиот ракометар одигра одлична партија против Гвинеја, која ја совладавме со 29:20 и со оваа победа се пласиравме во главната фаза од СП во Хрватска, Данска и Норвешка. „Најпрво, сакам да им честитам на соиграчите за борбата и за пласманот во вториот круг. Нашата главна цел беше таа главна фаза и успеавме во тоа. Сега имаме ден одмор, да се мобилизираме и да се спремиме за она…
Голманот на нашата репрезентација Марко Кизиќ доби шанса да го брани голот на Македонија и одлично ја заврпи својата обврска со петнаесет интервенции, а по натпреварот против Гвинеја и победата од 29:20, рече дека тимот одиграл добар натпревар и очекува одлични резултати во следната фаза. „Имавме одличен натпревар, можеби малку на почеток бевме во грч, но се опуштивме како што течеше времето. Поддршката од трибините добро ми дојде, потоа влеговме во ритам и одигравме одличен меч. Се чувствуваме одлично затоа што одигравме три доста квалитетни натпревари во групата. Штета што не одиме понатаму со повеќе бодови. Имаме добра атмосффера во екипата и во соблекувална, првата…
Еден од организаторите на ова СП во ракомет, Хрватска, кога требаше да бира, ја одбра Словенија да игра во Загреб, а Македонија имаше среќа во ждребката па ја доби групата во Вараждин. Секако дека нашите навивачи без разлика на далечината од 900 км во еден правец и цените за сместување и храна се одлучија да дојдат во Вараждин и да ја бодрат нашата ракометна репрезентација. И покрај високите цени за македонски стандард, голм број на навивачи издвојуваат значителна сума за да бидат дел од овој ракометен Мундијал. За разлика од нашите фанови, навивачите на Словенија и Унгарија не се одлучија…
Доколку Македонија ја победи селекцијата на Гвинеја, а се надеваме дека нема да има проблем во тоа,нашите ракометари ќе обезбедат пласман во втората фаза или главната рунда на СП во ракомет. Во зависност од резултатот на оваа средба, но и од резултатот на дуелот кој вечерва го играат Холандија и Унгарија ќе биде познат пласманот на Македонија во групата Д од СП. Победа на Македонија против Гвинеја автоматски значи најмалку трето место во групата, а висока и убедлива победа над Гвинеја и победа на Холандија против Унгарија, може Македонија да ја однесат и на втората позиција. Вомоментов Македонија има -5,…
Maкедонија вечерва го игра последниот натпревар од групата Д на СП во ракомет кое гоиграме во Вараждин, Хрватска. Ова впрочем ќе биде најважниот натпревар од досегашниот дел на Светското ракометно првенство, а противник ни е дебитантот Гвинеја. Нашиот последен противник во првата групна фаза во првите две кола доживеа два убедливи порази од Холандија и Данска и затоа Македонија влегува како голем фаворит на оваа средба. За првпат на овој собир на Македонија нема да ѝ судат арбитри од Скандинавија, откако на центарот на средбата со Гвинеја ќе бидат браќата од Молдавија Игор и Алексеј Ковалчук. Во првото коло против Унгарија делегирани…
Денешниот ден на СП во ракомет што се одржува во Хрватска, Данска и Норвешка ќе биде последен од првата групна фаза за селекциите од групите А, Д, Е и Х, односно оние репрезентации кои играат во Хернинг, Вараждин, Баерум и Загреб. Секако за нас ќе биде нај интересно она што ќе се случува во Вараждин, каде вечерва нашата ракометна репрезентација е фаворит против селекцијата на Гвинеја. Нема дилеми дека квалитетот е на наша страна, но сепак тој треба да се докаже на самиот терен со добра игра и сигурна победа против оваа репрезентација која во првите две кола доживеа убедливи…
Ракометната репрезентација на Македонија го искористи денешниот ден за одмор за да собере сила за клучниот дуел во првата фаза, против селекцијата на Гвинеја. Натпреварот го најави капитенот Филип Кузмановски кој истакна дека никој нема да се потцени и дека ќе се игра максимално ангажирано за да се дојде до победа. „Кога ќе споредиме европски ракомет и репрезентација во Африка, не треба никого да потцениме, иако постои многу разлика. Секој се изборил да дојде на ова Светско првенство и не треба против никого да влеземе без респект. Се работи за ривал за кого играчите му играат во француските шампионати. Мотивацијата е…
Селекторот на Македонија, Кирил Лазаров внимателен пред меќот со Гвинеја иако Македонија на оваа средба е голем фаворит. Лазаров вели дека двата исцрпувачки натпревари кои ги одигравме ,не смеат да ни направат проблем за мечот со Гвинеја. „Натпреварот со Гвинеја ни е од круцијално значење. Мораме да се мобилизираме и да го добиеме натпреварот. Нема да калкулираме воопшто, победата ни е потребна за пласман во втор круг. Можеби сме фаворити на хартија, но со оглед дека имавме два тешки и исцрпувачки дуели, очекувам тежок натпревар” рече селекторот Лазаров. Натпреварот меѓу Македонија и Гвинеја се игра в недала од 18 часот…
Македонската репрезентација ја очекува последната средба од групата Д во Вараждин, меч кој за Македонија значи пласман во главната рунда. Од оваа причина нашите ракометари се подготвени да дадат се од себе за да победат и обезбедат пласман во втората фаза на ова СП. Своето очекување од оваа средба го искажа нашиот крилен ихрач Ненад Костевски. „Мора да го заборавиме натпреварот против Холандија и да се издигнеме, бидејќи не чека последниот дуел од групната фаза, кој за нас значи пласман во главната рунда, нашата главна цел на ова Светско првенство. Иако станува збор за дебитант на овој шампионат и зад…
