Author: riste

На стартот на СП во ракомет, нашатарепрезентација ремизираше со Унгарија , а еден од оние кои се запиша во листата на стрелци кај нашата репрезентација беше Томислав Јагуриновски кој го заврши меч со два постигнати гола. Македонија освои бод против големиот фаворит Унгарија и тоа ќе биде силен потстрек за уште подобри изданија на Светското првенство, но севкупниот впечаток е дека нашите ракометари има и за што да жалат, бидејќи нашите момци на 30 секунди пред крајот имаа напад за плус два, односно победа. Селекторот Кирил Лазаров по мечот посочи дека неискуството се покажало како пресудно во клучната акција, а…

Read More

Македонија успеа да одигра реми од 27:27 во драматичниот натпревар против селекцијата на Унгарија на стартот на СП 2025. Кружниот напаѓач на нашата репрезентација Жарко Пешевски ги сподели импресиите по освоениот бод против Унгарците. ,,Ова за нас беше тежок дуел, уште потешко го започнавме денот, изгубивме еден пријател и спортски работник, кој на повеќето од нас ни беше тренер, не потресе многу веста, но собравме сила да излеземе и да изгинеме на терен. Имавме свои моменти да победиме, го имавме мечот во раце, а ремито е најреален исход. Ова нека ни биде мотив за следните натпревари и заедно да се…

Read More

Македонската ракометна репрезентација имаше одличен настап на на премиерата на СП во Хрватска, Данска и Норвешка и освои важен бод во дуелот со фаворизираната Унгарија, а нашиот капитен Филип Кузмановски заслужено стигна до признанието за играч на натпреварот во Вараждин. Капитенот по натпреварот во својата прва изјава не заборави на прерано починатиот Александар Јовиќ, на кого му го посвети бодот и позитивниот резултат на стартот на Светското првенство. „Денеска нѐ потресе таа вест која ја прочитавме рано наутро. Јовиќ има оставено важен печат во нашите кариери, сите имаме работено со него во нашите ракометни почетоци, благодарни сме му и секогаш…

Read More

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, очекувано беше задоволен после нерешениот резултато против Унгарија на стартот од Светското првенство, а исто така ги пофали своите играчи за добриот пристап. Македонија имаше и напад за победа, но на крајот мораше да се задоволи само со бод, а селекторот смета дека играчите покажале како треба да се игра за Македонија. „Игравме со една одлична екипа, тактички многу спремна. Беше тешко во текот на сите 60 минути, но ние добро ги анализиравме и го покажавме тоа. Ќе бидеме скромни, малку фалеше за да дојдеме до победа. Сега ни следува Холандија, моите мисли…

Read More

Напаѓачот на Арсенал, Габриел Жесус е тешко повреден. Тој најверојатно има кинење на вкрстените лигаменти на коленото, јавува новинарот Дејвид Орнштајн на своите социјални мрежи. Според изворот, конечната информација за повредата на Жесус ќе биде донесена денеска. Сепак, фудбалерот веќе се подготвува за долго опоравување. Арсенал почна да бара нов напаѓач поради повредата на 27-годишниот Бразилец. Лондонскиот клуб е отворен за преговори. Пред се, Топџиите бараат засилување надвор од Премиер лигата. Оваа сезона Жесус одигра 27 натпревари за Арсенал, постигна седум голови и три асистенции.

Read More

Македонската ракометна репрезентација ги прави последните подготовки пред стартниот натпревар на своето деветто Светско првенство во историјата, второ кое ќе брои 32 репрезентации. Низ досегашната историја Македонија била дел од осум Мундијали. Првото учество го имавме во 1999 година во Египет, кога го освоивме осумнаесеттото место. Пред две години на шампионатот во Полска и Шведска, Македонија одигра првенство каде го освои 27 место со три победи и четири порази.  По нашето деби следуваше пауза од четири првенства и повторно појавување на светската ракометна сцена десет години подоцна. Во Хрватска во 2009 година остваривме и најголем број победи (5), но тие беа доволни за…

Read More

Крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Алехандро Гарначо би можел да ја продолжи кариерата во Наполи. Според веб-страницата на новинарот Алфредо Педула, наполитанскиот клуб веќе им понудил на „црвените ѓаволи“ 40 милиони евра плус 5 милиони евра бонуси за играчот. Од манчестер Јунајтед во моментов сакаат да заработат околу 70 милиони евра, но цената може да се намали. Оваа сезона Гарначо учествуваше на 29 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна осум гола и четири асистенции. Актуелниот договор на играчот со клубот е до летото 2028 година, а неговата вредност се проценува на 50 милиони евра.

Read More

Баерн Минхен се договори со играчот од средниот ред на Челзи, Кристофер Нкунку за трансфер, самиот фудбалер сака да му се приклучи на германскиот клуб во јануари. Ова го објави познатиот новинар и инсајдер Флоријан Плетенберг на социјалната мрежа Икс. Кристофер Нкунку се пресели во Челзи во летото 2023 година. Оваа сезона, играчот од средниот ред учествуваше на 27 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна 12 гола и четири асистенции. Актуелниот договор на играчот со клубот е до летото 2029 година. Според информациите дадени на порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на Нкунку е 50 милиони евра.

Read More

Напаѓачот на Саудискиот Ал Наср, Кристијано Роналдо, кој на 5 февруари ќе наполни 40 години, ќе го продолжи договорот со клубот на една сезона. Ова го објави „АС“ повикувајќи се на „Ал Кабар“. Актуелниот договор на напаѓачот со тимот од Саудиската Про лига истекува следното лето. Се најавува дека Роналдо веќе ја прифатил понудата за продолжување и е во најскоро време ќе следува официјално потпишување на договор. Кристијано, кој игра за саудискиот клуб од јануари 2023 година, треба да добие 200 милиони евра за една година од новиот договор. Португалскиот фудбалер ќе остане најплатен играч во светот и ќе заработува околу…

Read More

Во недела Барселона убедливо го совлада Реал Мадрид во финалниот натпревар од шпанскиот Суперкуп, „каталонците“ славеа со 5:2, а овој пораз ќе донесе одредени последици по играчите на Реал Мадрид. Претседателот на Кралскиот клуб Флорентино Перез беше многу разочаран од играта на Лукас Васкез на десната страна од одбраната. По овој натпревар, Перез конечно одлучи дека нема да го продолжи договорот со Васкез и ќе направи се за да ја ангажира ѕвездата на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд. Да потсетиме дека оваа сезона Васкез одигра 25 натпревари за Реал во сите натпреварувања, постигна два гола и имаше три асистенции.

Read More