Author: riste

Наполи има нова трансфер цел за својата зимска селекција. Од стадионот „Диего Марадона“ се насочени кон крилниот напаѓач на Тотенхем, Дејан Кулушевски, открива експертот за трансфери, Николо Шира. Швеѓанецот со македонско потекло се гледа како потенцијална замена за Хвича Кварацхелија. 23-годишниот Грузиец е предмет на сериозен интерес од неколку клубови. Пари Сен Жермен, Манчестер Јунајтед и Ливерпул се во трка по него. Наполи не сака да се раздели со својата ѕвезда, но тешко би го задржал со добра понуда. Наводно клубот за него бара ни помалку ни повеќе туку 80 мил. евра. Затоа „наполитанците“ сакаат да бидат подготвени со евентуална…

Read More

Интер подготвува амбициозна понуда за голманот на Пари Сен Жермен, Џанлуиџи Донарума. Нероаѕурите будно ја следат ситуацијата со италијанскиот интернационалец и можно е да се обидат да го ангажираат, тврди „Скај Италија“. Интер веќе бара замена за Јан Зомер, кој има 36 години, а неговиот настап оваа сезона е далеку од брилијантен како во првата сезона во миланскиот гигант. Токму поради ова, на „Џузепе Меаца“ сериозно размислуваат да се обидат да го ангажираат Донарума од ПСЖ. 26-годишниот голман има договор со францускиот гигант до 2026 година и неговата иднина во моментов не е сосема јасна. Тој е во преговори за…

Read More

Дејвид Мојс е новиот тренер на Евертон, официјално соопштија од клубот. Ова доаѓа неколку дена откако Шон Дајч беше отпуштен. Мојс е првиот назначен тренер од новата управа на „карамелите“ и негова прва и најважна задача е да обезбеди опстанок на тимот во Премиер лигата оваа сезона. Ова е втор период на тренерот во Евертон, а претходно беше тренер на Вест Хем и Манчестер Јунајтед. „Одлично е што се вратив. Уживав во 11 прекрасни и успешни години во Евертон и не размислував двапати кога ми беше понудена можност повторно да се приклучам на овој голем клуб“, изјави Дејвид Мојс. За…

Read More

Јувентус ќе испрати втора понуда за дефанзивецот на Барселона Роналд Араухо, тврди „Марка“. Првата понуда од „бјанконерите“ за позајмица до крајот на сезоната за 5 мил. евра и постојан трансфер за уште 25 милиони беше одбиен. Втората понуда на „старата дама“ за Уругваецот ќе биде за 50 милиони евра, се вели во информацијата. Сепак, Каталонците немаат намера да се разделат со својот дефанзивец за помалку од 70 милиони евра. На „Камп Ноу“ се очекува и Арсенал да достави понуда за Араухо. Централниот дефанзивец има договор до летото 2026 година.

Read More

Фиорентина официјално потпиша со играчот за врска Мајкл Фолоруншо од Наполи. 26-годишниот фудбалер пристигнува во Артемио Франки на позајмица до крајот на сезоната. По завршувањето на сезоната „виолетовите“ имаат право да го купат играчот од средниот ред за 8 милиони евра. Мајкл Фолоруншо е играч на Наполи од 2019 година, но оваа сезона дебитираше за првиот тим. Минатата сезона беше позајмен во Верона, а со добрите настапи се најде во составот на Италија за Европското првенство. Фолоруншо оваа сезона имаше седум настапи за Наполи.

Read More

Манчестер Јунајтед се вклучи во борбата за грузискиот напаѓач на Наполи, Хвича Кварацхелија, пренесува „ЕСПН“ повикувајќи се на објавата на феанцуски „Л’Екип“. Според изворот, Манчестер Јунајтед е подготвен да понуди размена за Кварацхелија со напаѓачот Маркус Рашфорд. Претходно беше објавено дека интерес за грузискиот напаѓач покажуваат Ливерпул и ПСЖ. Квича за Наполи игра од 2022 година. Договорот на грузискиот напаѓач со италијанскиот клуб е до летото 2027 година. Според информациите дадени на порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на играчот е 85 милиони евра.

Read More

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти одговори на одлуката за привремено регистрирање на играчите на Барселона, Дани Олмо и Пау Виктор. „Регистрација на Олмо и Виктор? Имам мислење за ова прашање, но не сакам да зборувам за тоа“, изјави Анчелоти на официјалната веб-страница на Реал Мадрид. На почетокот на јануари, Ла Лига, како и Шпанската фудбалска федерација, официјално ги одбија обидите за регистрација на каталонскиот клуб за Олмо и Виктор. Сепак, во средата, на 8 јануари, се дозна дека Врховниот совет за спорт на Шпанија и дозволил на Барселона да ги регистрира Олмо и Виктор за вториот дел од сезоната во Ла…

Read More

Резервниот возач на Вилијамс, Франко Колапинто, ќе му се приклучи на тимот на Алпин. Во исто време, Аргентинецот нема веднаш да стане главен возач на тимот, со оглед на тоа што Џек Дуан ќе ја започне сезоната 2025 заедно со Пјер Гасли. Договорот меѓу Франко и Алпин треба да биде објавен во наредните денови. Извршниот директор на Алпин, Флавио Бријаторе не ја отфрлил промената во составот во текот на сезоната 2025 година. Присуството на Колапинто треба да го зголеми притисокот врз Дуан. „Ако тој настапи на или подобро ниво отколку што бара Алпин, нема да има потреба и веројатно нема…

Read More

Македонската ракометна репрезентација одигра добар натпревар против Хрватска, синоќа во Вараждин. Нашите момци во овој тест меч беа совладани со два гола разлика, но до пред самиот финиш беа рамноправен противник. „За мене најважно е дека се изборивме против една силна репрезентација, која има силни индивидуалци и е домаќин на Светското првенство“, вели селекторот Кире Лазаров. „Им честитав на момците, не се предадовме, се боревме до самиот крај, игравме пред 5.000 Хрвати кои добро го познаваат ракометот. Оваа борбеност треба да ја задржиме, ова го трениравме. Мора да бидеме борбени до самиот крај бидејќи во Вараждин ќе дојдат голем број…

Read More

Вест Хем Јунајтед на својата официјална веб-страница го објави назначувањето на англискиот стручњак Греам Потер на местото главен тренер на клубот. Вест Хем Јунајтед со задоволство го пречекува Греам Потер како нов тренер на клубот. 49-годишниот фудбалски стрчњак потпиша две и пол годишен договор со „чеканите“ и ќе го предводи својот нов тим за прв пат кога „Чеканите“ ќе играат во третото коло од ФА Купот со Астон Вила во петок навечер. „Високо почитуван и баран менаџер, Потер ја чекаше вистинската можност откако ја напушти својата последна функција во Челзи во април 2023 година. Тој беше едногласно избран од бордот на директори…

Read More