Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Алехандро Гарначо може да ја продолжи кариерата во францускиот шампионат. Пари Сен Жермен фрли око на 20-годишниот Аргентинец, пишува „Тајмс“. Според изворот, Гарначо е подготвен да го промени клубот, бидејќи го загуби местото во „црвените ѓаволи“ откако Рубен Аморим ја презеде тренерската функција. Претходно медиумите дури пишуваа за конфликтот меѓу португалскиот стручњак и Алехандро Гарначо. Оваа сезона Гарначо учествуваше на 25 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна осум гола и четири асистенции. Актуелниот договор на играчот со клубот е до летото 2028 година, а неговата вредност се проценува на 50 милиони евра.
Author: riste
Претставници на италијанскиот Јувентус се сретна со своите колеги од Барселона за да разговараат за можниот трансфер на уругвајскиот дефанзивец, Роналд Араухо во таборот на Јувентус, објави „Ла Стампа“. Според изворот, Барселона ги понудила и крилото на Џалороси, Ансу Фати и централниот дефанзивец Андреас Кристенсен. Забележано е дека Јувентус во моментов не е заинтересиран за Шпанецот и Данецот, но е подготвен да разговара со Каталонците за трансферот на Араухо. Претходно беше објавено дека Араухо е подготвен да се пресели во Торино на шестмесечна позајмица за да се врати во форма по тешката повреда. Сезонава Араухо учествуваше на еден натпревар од Купот на Шпанија, каде…
Фудбалерот од средниот ред на лондонски Тотенхем, Родриго Бентанкур , кој тешко се повреди на првиот полуфинален натпревар со Ливерпул (1:0), на својата страница на социјалните мрежи објави фотографија на која ја откри неговата состојба по престојот во болница. „Се е во ред! Ви благодариме за пораките! Честитки за победата“, напиша на фотографијата Бентанкур на својата страница на социјалната мрежа. Да потсетиме, во седмата минута од натпреварот при нафрлувањето од корнер Бентанкур лошо се приземји по скокот и падна на неговиот врат и се повреди. Фудбалерот не можеше сам да стане, а лекарите мораа да го однесат играчот на носилки. Паузата која…
Полскиот напаѓач на Барселона Роберт Левандовски не се повреди сериозно на полуфиналниот натпревар од шпанскиот Суперкуп со Атлетик (2:0). Ова го објави шпанслиот „Спорт“. Според изворот, и покрај тоа што 36-годишниот фудбалер го напуштил теренот со куцање, играчот се спасил од повреда и неговата состојба се оценува како „добра“. Исто така во информацијата се вели дека не е под знак прашање неговото појавување на теренот во финалето на шпанскиот Суперкуп. Да потсетиме, Левандовски беше во стартниот состав на мечот со Атлетик Билбао и беше заменет во 73. минута од играта. Оваа сезона Роберт Левандовски учествуваше на 26 натпревари за Барселона во сите…
Поранешната НБА ѕвезда, Двајт Хауард, објаснува зошто е тешко да се браниш од Џоел Ембид. „Најтешкиот играч за чување е веројатно Џоел Ембиид. Знае да направи лажен потег. Ембиид знае како да ја искористи големината и силата кога е потребно“ – вели Хауард. „Има добар шут. Ако играм против него, ќе се обидам да го притиснам низ целиот терен, ќе се обидам да не му дозволам да постигне лесни поени“ – потенцираше поранешниот НБА играч.
Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике зборуваше за победата на парискиот клуб над Монако со резултат 1:0 во натпреварот од Суперкупот на Франција. „Тоа е многу, многу позитивно чувство. Освојувањето трофеј е секогаш извор на радост. Да ја започнеме 2025 година вака, со речиси полн стадион, со многу луѓе кои ги поддржуваат играчите на ПСЖ, ни дава сила и самодоверба да ја започнеме годината, затоа мора да го искористиме ова и да размислуваме за иднината. Денеска беше многу тежок натпревар со противник со многу квалитетни играчи, со многу напаѓачки играчи. Имавме многу добри моменти на натпреварот, моменти на доминација и моменти на страдање во…
Македонската ракометна репрезентација e во завршната фаза од подготвките за Светското првенство, а во неа е вклучен пријателски натпревар со Хрватска, како и тренинзи во Вараждин до почетокот на СП. Селекторот Кире Лазаров во изјава за Спортското радио 90,3 ја анализираше досегашната работа на националниот тим и импресии од досега сработеното, но и плановите до стартот на СП. „Задоволен сум од она што го сработивме. Не брзавме, имавме доста време и сега доаѓаме до финалниот дел од подготовките. Ќе можеме да ја почувствуваме атмосферата во Хрватска, ќе одиграме пријателски натпревар со Хрватите, по што ќе можеме во мир да ги…
Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дaјк призна дека неговиот тим треба да биде задоволен од освоениот бод во ремито 2:2 со Манчестер Јунајтед. Според Холанѓанецот, Ливерпул имал среќа, откако гостите од Манчестер имале чиста ситуација да постигнат трет гол на самиот крај. „Работите можеа да бидат многу полоши за нас да бидам целосно искрен. Тие имаа одлична шанса на крајот и работите можеа да бидат многу полоши отколку што се сега. Дефинитивно сум разочаран што изгубивме бодови дома, но ова е ситуација и мораме да одиме напред. Дојдовме до 2:1 и потоа моравме да се обидеме да ја контролираме играта…
Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах оваа сезона на 19 натпревари во англиската Премиер лига постигна 18 голови и имаше 13 асистенции. Вчера Египјанецот постигна гол против Манчестер Јунајтед (2:2) и го запиша своето име во историјата на Премиер лигата. Голот против Манчестер Јунајтед беше 175-ти за Салах во кариерата во Премиер лигата, а според овој показател се израмни со легендарниот напаѓач на Арсенал, Французинот Тиери Анри. Севкупно, сега и двајцата го заземаат седмото место во листата на стрелци во Премиер лигата. Следна цел на Салах е Френк Лампард , кој има 177 гола. На врвот на листата е Алан Ширер со 260 голови пред Хари Кејн кој има…
Англискиот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд може да стане играч на Милан, пишува на својата веб-страница инсајдерот Џанлука Ди Марцио. Според изворот, италијанскиот клуб сака „Црвените Ѓаволи“ да го преземат поголемиот дел од платата на играчот. Исто така, двете страни се заинтересирани само за шестмесечен договор за позајмица без право на купување. Веб-порталот Трансфермаркт ја проценува вредноста на трансферот на 27-годишниот Рашфорд на 55 милиони евра. Оваа сезона Рашфорд одигра 24 натпревари за Манчестер Јунајтед во сите натпреварувања, на кои постигна седум голови и три асистенции.
