Клаудио Раниери (73 години) стана првиот тренер во историјата кој ги победил сите четири римски дербија против Лацио како тренер на Рома, пренесува „Опта Спортс“. Раниери претходно ги предводеше Римјаните во ноември 2024 година. Претходно, специјалистот веќе беше главен тренер на Рома од 2009 до 2011 година и од март до јуни 2019 година. Последното место на работа на италијанскиот специјалист беше Каљари. Синоќа се одигра натпреварот од 19. коло во италијанската Серија А во кој се сретнаа Рома и Лацио. Натпреварот се одигра на стадионот Олимпико во Рим, а Рома славеше со резултат 2:0.
Author: riste
Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим изјави дека крилниот напаѓач Маркус Рашфорд поради болест ќе го пропушти претстојниот натпревар од 20. коло на англиската Премиер лига со Ливерпул (5 јануари). „Маркус е болен и не учествува на тренинг. Мислам дека тој нема да биде подготвен за средбата со Ливерпул. Ситуацијата останува иста, тој е ист како и сите други играчи на тимот“, изјави Аморим. Претходно во медиумите се појави информација дека Манчестер Јунајтед е подготвен да го продаде Рашфорд оваа зима. Беше истакнато дека клубот е незадоволен од професионалноста на играчот.
Раководството на Манчестер Јунајтед одлучи да го продолжи договорот со централниот дефанзивец Хари Мегваер. Ова го откри менаџерот на тимот Рубен Аморим на неговата прес-конференција пред натпреварот со Ливерпул во недела. Договорот на дефанзивецот е продолжен за една година, што значи дека тој ќе остане на „Олд Трафорд“ до летото 2026 година. Мегваер игра за „црвените ѓаволи“ од 2019 година, кога му се приклучи на Јунајтед во рекорден трансфер од Лестер. Во овој период, Мегваер одигра 222 натпревари за тимот, на кои постигна 12 гола. Со тимот на Манчестер Јунајтед, дефанзивецот освои два трофеи – Купот Карабао и ФА Купот.
Младиот крилен фудбалер на Спортинг, Џовани Куенда, го привлече вниманието на ПСЖ, Ливерпул и двете екипи од Манчестер. Според одредени наводи, 17-годишниот играч од Португалија може да добие понуди во зимскиот преоден рок. Тој неодамна го собори рекордот на Кристијано Роналдо, со тоа што стана најмладиот играч на дербито во Лисабон меѓу Спортинг и Бенфика. Куенда во сезонава одигра 27 натпревари на кои постигна два гола и направи три асистенции.
Возачот на Мекларен во Формула 1, Оскар Пјастри, очекува да биде конкурентен за титулата во 2025 година. „Мислам дека ќе можам да се борам за титулата иако имам уште многу да напредувам. Стигнав до фаза кога во одреден период имам се што ми треба. Едноставно не ги искористувам ситуациите“ – вели Пјастри. „Во 2025 година ќе биде важно да не грешиме бидејќи разликите се мали. Мислам дека го имам потребното и треба постојано да го користам тоа“ – рече Пјастри.
Астон Вила планира да ги откупи правата на 25-годишниот играч за врска на Борусија Дортмунд, Донел Мален. Понудата е 18 милиони евра со дополнителни бонуси. Холанѓанецот во тековната сезона од германскиот шампионат одигра 13 натпревари на кои постигна три гола. 25-годишниот фудбалер има и пет натпревари, два гола и една асистенција во Лигата на шампионите. Според одредени проценки, неговата трансферна вредност е околу 28 милиони евра.
Фудбалерот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис сака најнапред да разговара со Баерн пред да донесе одлука за иднината. Договорот меѓу 24-годишниот дефанзивец и клубот од Минхен трае до крајот на оваа сезона. Канаѓанецот најнапред би сакал да преговара со Баерн Минхен. Според „Релево“, постои голема веројатност за продолжување на договорот, но се уште не е донесена конечна одлука. Во исто време, Реал Мадрид и понатаму продолжува да се интересира за дефанзивецот.
39-годишниот британски Ф1 возач, седумкратен шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, сега и официјално е возач на италијанскиот тим Ферари. Договорот на Хамилтон со неговиот претходен тим Мерцедес истече на 31 декември 2024 година. Новиот болид на тимот од Маранело за сезоната 2025 ќе биде претставен на посебна презентација на Ферари, која ќе се одржи на 19 февруари. Ден пред ова, првата генерална програма ќе се одржи на популарниот стадион О2 Арена, каде што сите Формула 1 тимови ќе ги покажат своите болиди. Хамилтон ќе спроведе и посебни тестови на болидот, чиј датум се уште не е објавен. За одбележување е тоа…
Манчестер Јунајтед може да загуби голем спонзорски договор со производителот на спортска облека и обувки Адидас доколку испадне од англиската Премиер лига, пишува „Телеграф“. Според изворот, според условите на спонзорскиот договор во вкупна вредност од 900 милиони фунти (над 1 милијарда евра), компанијата има право да го раскине договорот доколку Манчестер Јунајтед го загуби местото во највисоката дивизија на англискиот фудбал. Се известува дека втората опција на Адидас доколку „црвените ѓаволи“ испаднат во Чемпионшип е да ги преполови годишните исплати на 45 милиони фунти.
Шпанскиот и европскиот првак Реал Мадрид размислува да даде втора понуда за Трент Александер-Арнолд во јануари, според медиумите во Англија, вклучувајќи ги Тајмс и Телеграф. Ливерпул, сепак, не сака десниот бек да си замине овој месец, но од друга страна Реал Мадрид се подготвени да ја тестираат решителноста на клубот од „Енфилд“. Извештаите тврдат дека Шпанците ќе дадат формална понуда, која ќе биде околу 20-25 милиони евра, за да го ангажираат дефанзивецот сега, наместо да чекаат тој да им се приклучи како слободен играч на лето кога ќе му истече договорот со „црвените“. Александер-Арнолд сега е слободен да потпише прелиминарни…
