Author: riste

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањето на фудбалерот на Арсенал, Вилијам Салиба, објави шпанскиот „Спорт“. Кралевите ги разгледуваат сите опции и разговараат со блиски луѓе околу играчот и добиле позитивен одговор. Преговорите во моментов се водат без голема врева, при што двете страни сакаат сето тоа да помине без голем публицитет. Салиба има договор со Арсенал до 2027 година, а идејата на Реал Мадрид е да го убедат играчот да побара трансфер во Шпанија, ако биде понудена неодолива сума од 100 милиони евра или повеќе. Оваа цена би го соборила рекордот за трансфер…

Read More

Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини, на својата прес-конференција пред дуелот со Интер, ја изрази својата почит кон противникот и ја истакна важноста на вечерашното полуфинале на италијанскиот Суперкуп во Саудиска Арабија. „Ова е важен натпревар по нашата одлична серија во лигата. Ќе биде и поинаков натпревар, кој е елиминациски, но ќе се игра за 90 минути, па мораме да гледаме од друга перспектива. Во последните три години Интер е најсилниот тим. Нашите последни два натпревари со нив беа најтешки, но другите беа порамноправни. Мораме да внимаваме да не направиме грешка на почетокот и да останеме подолго во игра. Кога…

Read More

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, истакна дека неговиот тим ќе треба да прикаже одличен настап за да ја победи Аталанта во вечерашното полуфинале на италијанскиот Суперкуп меѓу двата тима кој се игра во Саудиска Арабија. „Секако, целите за 2025 се исти како оние пред три и пол години кога дојдов овде. Интер е голем клуб и секогаш мораме да целиме на максимум, освојувајќи што повеќе натпревари и трофеи, почнувајќи од Суперкуп, кој е најблиску. Во однос на минатата година ќе биде уште потешко, но ќе се обидеме да го дадеме максимумот вечерва. Ќе се соочат две екипи кои се во…

Read More

Раководството на Пари Сен Жермен е подготвено да му понуди многу сериозен договор на ѕвездата на Ливерпул Мохамед Салах за да го привлече. Според француските медиуми, гигантот од Париз сака да го ангажира крилниот напаѓач од „Енфилд“ следното лето. ПСЖ е подготвен на 32-годишниот Салах да му понуди 3-годишен договор со плата од 500 000 евра неделно. Ливерпул од своја страна е подготвен да го продолжи договорот на египетскиот репрезентативец на две сезони со плата од 400 000 евра неделно. Актуелниот договор на фудбалерот истекува на лето. Мохамед Салах влезе во последните шест месеци од договорот со Ливерпул и сега…

Read More

23 годишниот напаѓач Едиз Спахиу е ново засилување за Вардар, а доаѓа од екипата на Тиквеш, каде во изминатата полусезона постигна вкупно 4 голови на 18 натпревари. Минатата сезона со оваа екипа беше освојувач на Купот на Македонија.Во ПМФЛ Спахиу има одиграно вкупно 106 натпреаври на кои има постиганто 23 голови. Покрај екипата на Тиквеш, Спахиу има настапувано и за екипата на Гостивар, како и за младиот тим на Шкендија.Спахиу има настап и за селекциите на Македонија до 19 и 21 година

Read More
NBA

Кошаркарот на Денвер, Никола Јокиќ одигра натпревар кој долго ќе се памети во победата на неговата екипа Денвер од 121:132 на гостински терен кај Јута. Србинот го заврши мечот со 36 поени, 22 скока и 11 асистенции, што е негов 143-ти трипл-дабл во НБА лигата, а воедно ја помина и границата од постигнати 15.000 поени. Уште еден кошаркар на Денвер имаше трипл-дабл на овој меч, Расел Вестбрук, кој натпреварот го заврши со 16 поени и по 10 асистенции и скокови. Трипл-дабл ефектот за Јокиќ против Јута беше 23-ти во 2024 година, но и четврти во кариерата со ефект 35+, 20+…

Read More

Португалскиот тренер Серхио Консеисао зборуваше за прв пат откако беше назначен за чело на Милан. Тој го замени сонародникот Пауло Фонсека, кој беше отпуштен по ремито 1:1 против Рома. „Горд сум на моето именување во Милан. Морам да претставувам голем клуб ширум светот, морам да дадам се од себе. Немаме многу време, но мислам дека тоа не е изговор. Сакам фактите и резултатите да зборуваат за мене. Има многу работа пред нас“, рече Консеисао. 49-годишниот тренер ќе дебитира против Јувентус каде настапува неговиот син Франциско. Натпреварот е од полуфиналето на италијанскиот Суперкуп.

Read More

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим одговори на прашање за неговото заминување од англискиот клуб во серијата порази. „Ако чувствувам дека е најдобро за тимот, ќе си заминам. Треба да се држите до вашата идеја. Ова ќе го правам до крај. Нема промени во мојата идеја. Само тактички промени за конкретни натпревари“, изјави португалскиот тренер на прес-конференцијата по загубениот премиерлигашки меч со Њукасл (0:2). Манчестер Јунајтед освои 22 поени од 19 натпревари и се наоѓа на 14. место во англиската Премиер лига. Клубот загуби четири од последните четири натпревари во сите натпреварувања.

Read More

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот изјави дека не е загрижен поради фактот што од 1 јануари трите главни ѕвезди на тимот – Мохамед Салах , Вирџил ван Дaјк и Трент Александер-Арнолд – ќе можат да преговараат со други клубови. Холандскиот специјалист смета дека тој се уште ги контролира нивните судбини. „Мислам дека имам контрола врз она што тие го прават. Откако станав тренер, имав ситуации кога играчите размислуваат да се преселат во други клубови, тоа е нормално. Во моментов, задоволен сум што гледам дека на теренот Вирџил, Трент и Мо го прават она што се очекува од нив, но ќе видиме што ќе се случи понатаму“, рече Слот…

Read More

Дефанзивецот на Ливерпул, Џо Гомез, ќе биде надвор од терените на неодредено време, откако заработи повреда на тетивата во неделната победа од 5.0 над Вест Хем Јунајтед, изјави менаџерот Арне Слот. 27-годишниот англиски репрезентативец беше заменет со Џерел Куанс непосредно пред крајот на првото полувреме на стадионот во Лондон. Ова е втора голема повреда во тимот на „црвените“, по централниот бек Ибрахима Конате, а двајцата ќе го пропуштат напорниот новогодишен календар. „Ја видовте повредата на Џо Гомез. Ако некој играч сака да излезе, да биде заменет, треба да биде заменет“, изјави Арне Слот за „Скај Спортс“. „Кога ќе се повредите…

Read More