Тотенхем донесе одлука за иднината на менаџерот на првиот тим Анге Постекоглу. Според информациите кои ги објавија дел од медиумите во Лондон, тренерот на „Спарс“ се уште не е во опасност од отказ. Луѓето од раководството на Тотенхем целосно го поддржуваат тренерот и покрај неуспешниот настап на тимот во Премиер лигата. 59-годишниот Постекоглу ги презеде лондончани минатото лето пред почетокот на сезоната 2023/2024. Под негово водство, Тотенхем последната сезона ја заврши на петтото место во англискиот шампионат со 66 бодови. Сезонава екипата е на 11-то место со 23 бода по 17 одиграни натпревари. Во меѓувреме, лондонскиот тим сепак се пласираше…
Author: riste
40-годишниот тренер на Спортинг Жоао Переира може да биде отпуштен од функцијата во блиска иднина. Според „Рекорд“, Переира, кој го презеде тимот на 11 ноември, не можеше да ја подобри играта. Според изворот, средба помеѓу тренерот и управата е закажана пред натпреварот со Бенфика (29 декември). Познато е дека овој состанок ќе се однесува на правни прашања околу раскинување на договорот. Во декември, Жоао Переира одигра три натпревари во првенството на Португалија, еден натпревар во Купот на Португалија и уште еден во Лигата на шампионите, при што имаше две победи, два порази и еден нерешен натпревар. Да потсетиме, Переира го презеде Спортинг…
Се појави нов кандидат за крилниот напаѓач на Атлетик и Шпанија, Нико Вилијамс. 22-годишниот фудбалер падна во сферата на интерес на Баерн Минхен, објави на своите социјални мрежи инсајдерот Флоријан Плетенберг. Според извор, Баерн сака да ги засили своите напаѓачки крила следното лето во услови на неизвесна ситуација со Серж Гнабри, Лерој Сане и Кингсли Коман. Скаутите од Минхен ја следат играта на Вилијамс. Проценетата сума на трансферот може да биде 50-60 милиони евра. Вреди да се напомене дека медиумите претходно како главен претендент за потписот на Вилијамс ја именуваа каталонската Барселона. Самиот играч, исто така, наводно сака да се пресели…
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, беше прогласен за најдобар тренер за месец декември во шпанската Ла Лига. Ова го соопшти прес-службата на лигата. Во соопштението на лигата се вели дека токму во декември мадридскиот клуб извојувал победи над Севиља (4:3), Хетафе (1:0) и Барселона (2:1). По победата над каталонскиот клуб, Атлетико Мадрид се искачи на првото место на табелата во Примера. Треба да се напомене дека за наградата најдобар тренер на месецот беа номинирани и Диего Мартинез (Лас Палмас) и Ернесто Валверде (Атлетик Билбао). Да потсетиме, Симеоне го води тимот од 2011 година. Аргентинскиот тренер оваа награда ја добива за прв пат оваа сезона.
Голот постигнат против Парма во натпреварот од 17. коло на италијанската Серија А, кој се одигра денес беше 126. за аргентинскиот напаѓач во екипата на Рома, Пауло Дибала во Серија А. 31-годишниот фудбалер дојде пред поранешниот напаѓач на Наполи и Јувентус, Гонзало Игуаин (125) и се најде на третото место по овој показател. Подоцна Дибала постигна уште еден гол на оваа средба и дојде до 127 гола во италијанската фудбалска елита. Пред Дибала во моментов се неговите сонародници Ернан Креспо (153) и Габриел Батистута (184). Дибала во италијанското првенство настапува од 2012 година, кога се пресели во Палермо, за кого настапуваше до 2015 година. Аргентинскиот фудбалер потоа…
Ракометната репрезентација на Македонија утринава го имаше собирот за старт на подготовките за СП 2025. По собирот, македонската експедиција веднаш се упати за Стара Пазова, каде што ќе биде осум дена. Според планот, на 30 декември нашите репрезентативци ќе ги завршат тренинзите во Србија, па по новогодишните празници вториот дел од подготовките ќе ги одработат во Македонија. На 7 јануари следува пат за Хрватска, каде ќе се одигра пријателски натпревар против домаќинот на СП, и последниот дел од подготовките ќе биде одработен во Вараждин. Македонија на ова СП е во група со Унгарија, Холандија и Гвинеја, а најдобрите три селекции…
Екипата на Барселона синоќа го забележа третиот последователен пораз на домашен терен во Ла Лига. Избраниците на Ханзи Флик синоќа доживеаја пораз по пресврт против Атлетико Мадрид и загубија со 1:2 и со тоа го загубија првото место на привремената табела во Ла Лига. Во последните седум натпревари, Барселона забележа една победа, имаше четири порази и две нерешени средби. Последен пат „Каталонците“ имаа вакви кошмарни показатели пред 16 години под водство на Франк Рајкард.
Раководството на Арсенал си постави сериозни трансфер цели. Лондончани идентификуваа една од ѕвездите на Барселона како главен приоритет во летото. Станува збор за францускиот интернационалец Жил Кунде, кој е главна фигура во изборот на Ханзи Флик. Според некои каталонски медиуми, Арсенал е подготвен да изброи 75 милиони евра за дефанзивецот кој освен како централен дефанзивец игра одлично и како десен бек. Кунде е важен дел од составот на Барселона, но поради финансиската ситуација на Шпанците, не е исклучено на лето клубот да преземе драстични мерки за да ги среди сметките. Според одредени информации, не е исклучено Арсенал да ја даде…
Откако ја доби довербата да ја води ФФМ, Масар Омерагиќ објави кои ќе бидат неговите најблиски соработници во моментов со кои тој ќе оперира во најголемата федерација во нашата земја. На состанокот, на предлог на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, членовите на Управниот одбор на ФФМ го избраа Марјан Стојкоски од ОФС Прилеп за потпретседател на Фудбалската федерација на Македонија кој доаѓа на местото од досегашниот потпретседател, Лазар Ракиџиев. На седницата, исто така, беше констатирана оставката од функцијата генерален секретар на Наталија Илиевска-Божиновска. За в.д. генерален секретар во Фудбалската федерација на Македонија е назначен Дрилон Ганиу, досегашен заменик на првиот оперативец во…
Новиот прв човек на мак-фудбалот Масер Омерагиќ во својата прва изјава за медиумите најави дека веднаш ќе започне со работа, но исто така потенцираше дека не планира промена на селекторската позиција во А репрезентацијата на Македонија. „Приоритетите се да имаме комплетна реконструкција на младинските категории каде работите не стојат добро. Ние не го искористивме пласманот на ЕП за да добиеме млади играчи. Таму стагнираме, имаме лоши резултати, па таму ќе направиме една реформа која во две години ќе покаже резултати. Сите треба да бидат расадник за репрезентацијата до 21 година, за потоа тие играчи да влезат во А-тимот. За волја на…
