Кога зимата ќе донесе пониски температури и кратки денови, многумина ја заменуваат физичката активност на отворено со тренинзи во затворени простории. Но, дали сте знаеле дека вежбањето на свеж воздух, дури и во студените месеци носи значителни здравствени придобивки? Експертите препорачуваат редовна физичка активност на отворено, дури и во зимски услови, бидејќи таа го подобрува физичкото и менталното здравје. Ова се некои од најважните бенефити од спортувањето на оторен простор во зимскиот период: Зајакнување на имунолошкиот систем Редовното тренирање на пониски температури го стимулира имунолошкиот систем и го прави организмот поотпорен на настинки и вируси. Телото учи да се адаптира…
Author: riste
Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Интер и Милан Роналдо ја објави својата кандидатура за претседател на Бразилската фудбалска федерација. Ова го објави француското онлајн издание „РМЦ Спорт“. „Имам стотици мотиви, но најважно е да се врати почитта кон бразилскиот фудбал на светско ниво“, биле зборовите на Роналдо. Роналдо е поранешен бразилски фудбалер кој играше како напаѓач, двократен светски шампион, вице-светски шампион, двократен освојувач на Купот на Америка, двократен освојувач на Златна топка и освојувач на Златна копачка. Роналдо ја заврши професионалната кариера во 2011 година, како играч на бразилски Коринтијанс.
Мануел Нојер и Баерн Минхен се договориле да го продолжат договорот со ветеранот до јуни 2026 година, објави новинарот на Скај Германија, Флоријан Плетенберг. Според информацијата останува само официјално да се потпише договорот, по што ќе биде објавено од клубот, тврди и Плетенберг. 38-годишниот ветеран, кој ги пропушти последните неколку натпревари за Баварците поради повреда, останува решен да продолжи и е многу мотивиран да се врати по повредата на реброто. Ова се очекува да биде во новата година. Од почетокот на сезоната славниот Мануел Нојер одигра 19 натпревари на кои 12 ја зачува мрежата, но почна и да признава се…
Италија или Германија ќе бидат домаќини на финалето на Лигата на нации во јуни. Ова синоќа го соопшти УЕФА. Репрезентациите на двете земји се соочуваат една со друга во четврт-финалето во март, при што победникот од двојката ќе биде домаќин на фајналфор натпреварите на домашен терен. Финалето ќе се игра меѓу 4-ти и 8-ми јуни, бидејќи тоа се елиминациски натпревари. Покрај двете полуфиналиња, ќе се играат и натпревари за третото место, како и големото финале. Сепак, четвртфиналето е со реванш натпревари. Италија ќе биде домаќин на првиот натпревар на 20 март во Милано, а реваншот е три дена подоцна во…
Атлетико Мадрид, кој го победи Хетафе во домашниот натпревар од 17. коло на шпанското првенство со резултат 1:0, а со тоа го повтори клупскиот рекорд за серија без пораз во натпреварите со еден конкретен противник. Ова го пренесува статистичкиот портал „Опта Спорт“. Според изворот, низата без пораз на Атлетико Мадрид на натпреварите со Хетафе изнесува 23 средби. Атлетико Мадрид имаше слична серија од 23 последователни натпревари без пораз во првенството во периодот од 1954 до 1979 година на натпреварите со Малага. Исто така интересно е тоа што од 23 меча во пресметката со Хетафе, Атлетико победил на 19 и само…
Веќе неколку месеци се шпекулира дека Флоријан Вирц би можел да го напушти Баер Леверкузен на крајот на сезоната. Сега, сепак, тоа може драматично да се промени бидејќи „Кикер“ објави дека германскиот репрезентативец потпишал нов договор со „Фамацевтите“. Изданието тврди дека Баер Леверкузен го продолжил договорот на својата голема ѕвезда, кој истекува во 2027 година, за најмалку една година. Ако навистина е така, тогаш Вирц ќе стане најплатениот фудбалер во составот на германскиот шампион. Според „Кикер“, 21-годишниот офанзивен играч за врска е првиот играч на Баер Леверкузен кој заработил над 20 милиони евра годишна плата. Како најсериозни кандидати за потписот…
Викендов во Скопје се одржа Екипното првенство на Македонија во билијард, на кое настапија 21 тим, при што во секој од нив според пропозициите имаше по тројца регистрирани играчи. Победници се „Лонгони“ од Битола, кои во финалето го совладаа „Гран клуб“ од Скопје. Третите места им припаднаа на поразените екипи во полуфиналните дуели „Голден бол“ од Тетово и „Пауер бол“ од Струмица. Со ова, шампионот во поединечна конкуренција, Христо Василевски, кој е член на „Лонгони“ успеа да ги обедини титулите и со „двојна круна“ да ја заврши сезоната. Младинецот Андреј Ѓурчиновски кој има само 13 години беше негов најголем ривал…
Англискиот играч за врска на Реал Мадрид Џуд Белингам го повтори историското достигнување во шпанското првенство од пред 72 години. Според информациите, Белингем, кој постигна гол на шест натпревари по ред во Ла Лига, стана првиот играч по поранешниот играч од средниот ред на Реал Мадрид, Роке Олсен, кој постигнал ваква серија без да биде напаѓач. Земајќи го во предвид голот против Рајо Ваљекано во 17. коло од Ла Лига (3:3), Белингем погоди против Џирона, Атлетик, Хетафе, Леганес и Осасуна. Да потсетиме дека оваа сезона на 19 натпревари во сите конкуренции за клубот Џуд постигна седум гола и четири асистенции.
Реал Мадрид ја има најлошата сезона по бројот на освоени бодови по 17 кола од шпанското првенство во целокупната работа на италијанскиот стручњак Карло Анчелоти. Во моментов Реал Мадрид имаат 37 бодови. За шест сезони под водство на Анчелоти, Реал Мадрид никогаш немал помалку бодови. Претходно, Реал Мадрид го имаше најлошиот резултат во истиот период од сезоната во сезоната 2022/2023 – 39 бода. Тогаш Кралскиот клуб го зазеде само второто место во шпанското првенство. Најдобар резултат во поени (42) под водство на Анчелоти по 17 одиграни натпревари е постигнат во сезоната 2023/2024, како и на сезоните 2014/2015 и 2021/2022 година. Во…
Саутемптон официјално се раздели со својот менаџер Расел Мартин, откако доживеаа тежок пораз од Тотенхем на домашен терен со 5:0 што го остави со девет бода надвор од безбедносната зона и се најде на последното 20. место во Премиер лигата. Мартин (38), кој му обезбеди промоција на Саутемптон во првата лига минатата сезона, заминува откако неговиот тим победи само на еден од првите 16 натпревари во Премиер лигата. „Светците“ привремено ќе бидат предводени од резервниот тренер Симон Раск. Во официјалното соопштение на клубот се вели дека Мартин уживал безрезервна поддршка од раководството, но лошите резултати од почетокот на сезоната ги…
