Некогашниот тренер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер одби да го преземе норвешки Молде. Во неделата, клубот го отпушти Ерлинг Мое кој со Молде заврши на петтото место во норвешкото првенство. Солскјер добил понуда, но 51-годишниот стручњак не сакал да се врати во клубот кој го тренираше од 2011 до 2014 година, како и од 2015 до 2018 година. Солскјер е без работа од ноември 2021 година, кога доби отказ од Манчестер Јунајтед.
Author: riste
Баерн Минхен го совлада Шахтјор Доњецк со 5:1 и ја постигна четвртата победа во Лигата на шампионите. И покрај сериозниот успех во Гелзенкирхен, тренерот на Баварците Винсент Компани е свесен дека неговиот тим има слабости кои треба да се испеглаат. „Откако ни поведоа, останавме мирни. Бевме подобри од противникот и пред паузата, иако тоа не беше нашата најсилна половина. Потоа почнавме да играме како што треба и создадовме многу шанси“, изјави Компани. „Мислам дека добро се браневме, но понекогаш тимовите како нас, кои постојано се обидуваат да доминираат, стануваат ранливи на контра нападите на противникот. Секако дека има простор за…
Предводникот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини го коментираше поразот од Реал Мадрид со 2:3 на домашен терен во Лигата на шампионите. Искусниот специјалист е на мислење дека ваквите порази му помагаат на тимот да се развива. „Двата тима имаа за цел да играат фудбал, немаше калкулации. И ние и Реал Мадрид ја баравме победата користејќи ги нашите сили. Испадна навистина квалитетен натпревар“, прокоментира Гасперини. „Нормално, сега сме разочарани, но можеме многу да научиме од ваквите натпревари. Ни недостигаат мали детали, но одигравме храбро против голем тим. Изгубивме како резултат, но не се предадовме во играта, што ќе помогне да направиме…
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти зборуваше по тешката победа од 3:2 на гостувањето кај Аталанта. Со успехот Реал дојде до 9 бода и помирно дишат во главната фаза од Лигата на шампионите. „Многу важна победа. Не секој тим може да победи на овој стадион. Бевме трпеливи и се боревме за трите бода. Во Лигата на шампионите многу е важно да може да покажеме трпение“, изјави Анчелоти. „Аталанта изврши голем притисок, но второто полувреме го започнавме на најдобар начин. Среќни сме затоа што ни требаше оваа победа и не само поради бодовите. Завршувањето меѓу осумте најдобри е сè уште тешка…
Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини, покажа голема почит кон Реал Мадрид пред дуелот на двете екипи во Лигата на шампионите. Со оглед на некои несигурни настапи на шпанскиот гигант оваа сезона, има многу експерти кои ја прогласија Аталанта како фаворит во пресметката, но Гасперини не се согласува со тоа. „Мислам дека нема тим кој може да се нарече фаворит против Реал Мадрид. Не очекува возбудлив натпревар на нашиот стадион и тоа е нешто неверојатно за луѓето од Бергамо. Знаеме каков противник имаме против себе. Местото на Реал на табелата е привремено. Уживаме во пофалбите, но да тврдиме дека сме…
Баер Леверкузен е заинтересиран за играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Арда Ѓулер, откри германскиот новинар Флоријан Платенберг. „Фармацевтите“ го следат турскиот интернационалец уште од неговото време во тимот на Фенербахче, но потоа тој одбра кариерата да ја продолжи на „Сантијаго Бернабеу“. Во оваа фаза, шансата Арда Ѓулер да се пресели во Леверкузен во зима е минимална. Ниту Реал Мадрид, ниту самиот играч сериозно не размислуваат за можноста тој да биде префрлен во друг клуб до крајот на сезоната. „Ендрик и Арда Ѓулер нема да го напуштат Реал Мадрид. И двајцата остануваат. Не сум пристрасен кон младите. Во текот…
Крилниот напаѓач на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс (22) сака да се пресели во Барселона во летниот преоден рок. Ова го објави шпанскиот „Спорт“. Според изворот, Вилијамс на раководството на каталонскиот клуб му рекол дека е подготвен да им се приклучи. Да напоменеме дека Барселона пред почетокот на тековната сезона упати понуда за трансфер до крилниот напаѓач, но тој ја одби велејќи дека сака да остане во Атлетик Билбао. Да потсетиме, Вилијамс за Атлетик настапува од јули 2021 година. Актуелниот договор на играчот со клубот е до крајот на јуни 2027 година, а неговата дреност се проценува на 70 милиони евра.
Возачот на Мејларен, Ландо Норис е победник на последната трка од сезоната во Формула 1 шампионатот, која се возеше за Големата награда на Абу Даби. На овој начин Норис му го донесе трофејот на неговиот тим, Мекларен, кој стана шампион кај конструкторите за првпат по далечната 1998 година. Оваа трка беше посебна и по неколку други работи, имено за последен пат зад воланот на Ферари возеше Карлос Саинц, а истото важи и за Луис Хамилтон, кој последен пат седна во болидот на Мерцедес, а од следната сезона се сели во италијанскиот тим. Битката се водеше меѓу Мекларен и Ферари, а…
Наполи и Хвича Кварацхелија се блиску до постигнување договор за продолжување на договорот со играчот, бидејќи долгите преговори меѓу двете страни конечно се приближуваат кон позитивен исход, пишува „Кориере дело Спорт“. Разговорите за новиот договор на Грузиецот беа во мирување од минатото лето, кога крилниот напаѓач ја доби понудата на ПСЖ, што предизвика страв од потенцијално заминување. Сепак, разговорите меѓу агентите на Кваратцхелија и Наполи оттогаш продолжија и според медиумот, тие конечно се чини дека ги договориле условите на новиот договор, кој ќе вклучува значително зголемување на платите, бонуси и откупната клаузула.
Реал Мадрид потврди дека левиот бек на тимот Ферланд Менди заработил повреда на квадрицепсот на десниот бут. Французинот беше заменет со Фран Гарсија непосредно пред крајот на натпреварот против Џирона (3:0), а според тамошните медиуми очекуваниот период на опоравување е околу три недели. Тоа значи дека Менди ќе го пропушти натпреварот од Лигата на шампионите со Аталанта и останатите натпревари до крајот на годината, вклучувајќи го и финалето на Интерконтиненталниот куп. Добрата вест за Реал Мадрид е поврзана со Џуд Белингем, кој исто така беше заменет за време на натпреварот, но се разбира дека избегнал повреда. Во меѓувреме, Родриго ги…
