Велез Сарсфилд ја освои титулата во Аргентина по 11-ти пат во нивната историја, откако на домашен терен го совлада Хуракан со 2:0 во натпревар од последното коло. Триумфот за тимот предводен од Густаво Кинтерос доаѓа 11 години по претходната титула и 30 години по освојувањето на Копа Либертадорес и Интерконтиненталниот куп. Овогодинешниот шампионат беше доста интересен, бидејќи пред последните натпревари дури три екипи имаа шанси за првото место. Талерес отпадна од игра по поразот на домашен терен од Њуелс Олд Бојс со 3:1. Тимот од Кордоба беше во серија од пет победи, но потфрли против противникот кој заврши на 25.…
Author: riste
Српскиот фудбалски сојуз е казнет поради однесувањето на навивачите на натпреварите од Лигата на нации. УЕФА утврди прекршување во постапките на навивачите на натпреварите на српскиот тим против Швајцарија (15 ноември) и Данска (18 ноември). За време на натпреварот во Цирих, навивачите користеа пиротехнички средства, фрлаа предмети, истакнаа неспортски транспаренти, покажаа „расистичко или дискриминаторско однесување“ и предизвикаа штета на стадионот и објектите. ЕСПН забележува дека за време на натпреварот во Швајцарија, српските навивачи се обиделе да го запалат албанското знаме. Исто така, на натпреварот помеѓу Србија и Данска беа откриени факти за „расистичко или дискриминаторско однесување“ и употреба на пиротехнички…
Селекторот на репрезентацијата на Казахстан, Станислав Черчесов ги оцени резултатите од ждрепката за европскиот квалификациски турнир за СП 2026 година. „На ова ниво ждрепката игра значајна улога. Репрезентацијата на Белгија ми е добро позната – со оваа селекција веќе се сретнав на квалификацискиот турнир и на самото Европско првенство. Сега тие се подложени на реструктуирање. Што се однесува до екипите на Велс и Македонија, одамна ги немам видено на дело, така што сè уште не можам да дадам конкретна оценка. Од петтиот шешир ја добивме екипата на Лихтенштајн. Сепак, секој противник мора да се почитува, внимателно да се проучува и да се…
Случајот за вмешаност на Килијан Мбапе во силување во Шведска е затворен поради недостиг на докази, објави официјалната веб-страница на тамошното обвинителство. Капитенот на француската репрезентација во октомври отпатува за Стокхолм откако не доби повик за натпреварот на репрезентацијата со Израел (4:1) во Лигата на нации. Французинот бил фатен во ресторан, а подоцна и во ноќен клуб вечерта на 10 октомври. Последователно се појави дека е покрената полициска истрага по жалба за силување во хотел во центарот на Стокхолм каде напаѓачот на Реал Мадрид и неговите пријатели ја поминале ноќта. Мбапе оваа информација ја нарече „лажна“. Сепак, стана јасно дека…
Англискиот тим Арсенал е без пораз на 14 натпревари по ред на домашен терен. Избраниците на тренерот Микел Артета го победија Монако (3:0) во шестото коло од Лигата на шампионите . Ова е 14-ти последователен натпревар на домашниот стадион „Емирати“ на кој лондонскиот клуб нема пораз – ова е најдобрата серија под водство на шпанскиот стручњак. Тоа е и нивниот најдобар резултат откако Арсенал одигра 17 последователни натпревари без пораз на домашен терен помеѓу март и ноември 2017 година под водство на Арсен Венгер.
Шефот на тркачкиот оддел на Хонда, Који Ватанабе, изјави дека е во разговори со раководството на Ред Бул за судбината на Јуки Цунода. Пилотот на Ред Бул учествуваше на тестовите по Големата награда на Абу Даби за Ред Бул и се смета за еден од кандидатите да го замени Серхио Перез. „Се вратив во Јапонија од Абу Даби во вторникот и во саботата имав различни разговори со Кристијан Хорнер за возачите за следната сезона и пошироко. Како што секогаш велам, изборот на возач е право на тимот, така што нашето мислење е само за референца, но Хонда верува дека Цунода…
Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го коментираше поразот на неговиот тим во натпреварот од 6. коло од групната фаза на Лигата на шампионите со Јувентус (0:2). „Денес изгледавме многу самоуверено. За разлика од претходните натпревари, поретко ја губевме топката и ги заземавме потребните позиции. Сепак, не е лесно да се игра против италијански екипи кои секогаш играат длабоко и компактно. Противниците добро се прилагодуваат на таквите услови. Сепак, продолживме да го следиме нашиот стил, иако резултатот можеше да биде подобар. Ни недостигаше последното додавање и комплетирање на нападот. Дополнително, дозволивме опасни моменти крај нашиот гол по транзиции, но јас сум искрено…
Црвена Ѕвезда одигра одличен натпревар против Милан, но на крајот прими гол по една сомнителна ситуација во шеснаесетникот на Гутеша и загуби со 2:1. Тренерот на Црвена Ѕвезда, Владан Милојевиќ, по натпеварот во својата изјава го искажа она што му лежеше на срце и потенцираше дека неговите играчи незаслужено загубиле во Милано. „Не знам што да кажам. Досега не зборував, спортист сум, поминав многу, но молчев и многу патев. Ова вечерва е нечуено, ова е голем срам за Лигата на шампионите. Од почетокот на ова натпреварување како да имаат некаков проблем со нас. Ова во Милано не е за коментар. Голот за победа на Милан…
Германскиот фудбалски Суперкуп ќе го носи името на легендата Франц Бекенбауер, тврди весникот „Билд“. Според медиумите, Германската фудбалска федерација (ДФБ) и германската фудбалска лига (ДФЛ) постигнале договор, но ниту една од страните се уште нема официјален коментар. Суперкупот се одржува пред почетокот на фудбалската сезона во земјата, а шампионот во Бундеслигата ќе ги одмери силите со германскиот куп-победник. Следниот натпревар треба да се игра на 16 август, кога трофејот сега ќе го носи името на Бекенбауер. Кајзер Франц почина на 78-годишна возраст на 7 јануари, откако освои огромен број почести за време на неговата кариера со Баерн Минхен, а потоа…
Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе е уште еден играч во тимот кој се повреди оваа сезона. Французинот беше принуден да го напушти теренот во првото полувреме на дуелот против Аталанта во Лигата на шампионите. Тој во текот на денешниот ден ќе биде подложен на медицински тестови за да се утврди сериозноста на неговата повреда. Само седум играчи во тимот на Карло Анчелоти се без повреди досега оваа сезона. Станува збор за Федерико Валверде, Лука Модриќ, Фран Гарсија, Антонио Рудигер, Арда Ѓулер, Ендрик и Андриј Лунин. Уште една од ѕвездите на „кралевите“, Винисиус Жуниор се врати по повредата на мечот…
