Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го доби новиот претседател во името на Масар Омерагиќ. На вонредното Изборно генерално собрание одржано денес во хотелот „Хилтон“ без противкандидат функцијата нов прв човек на фудбалот ја доби Омерагиќ со акламација. Тој го наследува Муамед Сејдини кој ја водеше федерацијата од 2017 година. На Изборното собрание Сејдини му го предаде мандатот на Омерагиќ, кој беше изгласан едногласно од страна на присутните 62 делегати. „Јас сум еден од вас, човек од фудбалот, знам во која насока треба да го развиваме фудбалот во Македонија. Ова е тимска работа исто како и фудбалот. Треба многу трчање, многу пот…
Author: riste
Селекторот на шпанската Џирона, Мичел, го поздрави враќањето на неговата екипа на победничките патеки со победата од 3:0 на домашен терен над Ваљадолид во Ла Лига и повика на постојаност во вториот дел од сезоната. „Видов многу добар тим, особено во работите што ни требаа – поголема агресивност со и без топка. Одигравме многу добро“, рече Мичел на прес-конференцијата по натпреварот. „На претходните натпревари доминиравме со топката, но не бевме силни во шеснаесетникот, особено во нашиот. Не бевме тим што притискаше откако ќе ја загубиме топката. Денес агресивноста, притисокот беа неверојатни – за мене најдобар на сезоната“, додаде Мичел. „Мојата…
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, смета дека адаптацијата на напаѓачот Килијан Мбапе во Кралскиот клуб е завршена. „Периодот на адаптација на Мбапе заврши. Тој покажува добра форма, но сепак може да се подобри. Килијан се опорави од повредата и гледам дека е помотивиран и уште поголем ентузијаст. На Мбапе му требаше да го помине овој пат, како и секој друг, но веќе му дојде крајот“, изјави Анчелоти за весникот „АС“. Францускиот фудбалер минатото лето дојде во мадридскиот клуб како слободен играч. Во овој период на сите турнири учествуваше на 23 натпревари на кои постигна 13 гола и три асистенции.
Раководството на ПСЖ е подготвено да даде понуда за напаѓачот на Наполи, Виктор Оксимен во јануари, тврди РМЦ Спорт. Францускиот шампион веќе стапил во контакт со претставници на играчот, кој моментално е на позајмица во Галатасарај, за да започнат разговори на оваа тема. Изминатото лето и ПСЖ го сакаше Осимен, но потоа не беше постигнат договор откако одбија да ги платат 100-те милиони евра што ги бараше Наполи. Осимен одбил да игра за италијанскиот клуб и инсистирал да се пресели во друг клуб, поради што беше префрлен во Турција. Сепак, сега ПСЖ планира да направи нов обид да го земе…
Според информациите на „Спортс Дигитале“, португалскиот тренер Жозе Мурињо ќе го напушти Истанбул поради здравствен проблем. Португалецот ќе замине на операција во странство, што ќе го оддалечи извесно време надвор од клубот. По тешкиот натпревар на Фенербахче против Ејупспор, кој заврши 1:1, Мурињо реши да им даде одмор на своите играчи една недела. Можноста за одмор ќе им овозможи на играчите да се опорават и да се подготват за следните важни натпревари. Дел од странските фудбалери веќе го напуштија Истанбул и се вратија во матичните земји за да ја искористат паузата. По завршувањето на овој период, Фенербахче ќе продолжи со…
Дури шест играчи на Јувентус ќе го пропуштат претстојното патување во Монца во недела. Ова го соопшти тренерот на тимот Тиаго Мота. Бројката може дури и да се зголеми, бидејќи во последен момент ќе се оценува состојбата на Андреа Камбијасо. Поранешниот италијански репрезентативец откри дека Бремер, Хуан Кабал, Аркадиуш Милик, Јонас Роуи, Тимоти Веа и Даглас Луис остануваат надвор од сметките. „Можам да го земам Даглас Луис во групата, но сакам сите да бидат целосно здрави. Ќе видиме дали ќе биде подготвен за следниот натпревар“, изјави Мота. Екипата на Јувентус беше доста неконстантна во своите настапи оваа сезона. Старата дама…
Менаџерот на Тотенхем, Анге Постекоглу ја пофали победата на неговиот тим против Манчестер Јунајтед со 4:3 во „Карабао купот“. Тој беше дециден дека играта е за навивачите и ваквите натпревари се пријатни за сите, но додаде дека фудбалерите треба да престанат да си го отежнуваат животот. „Го сакам фудбалот, сакам да ги гледам тимовите како излегуваат и приредуваат шоу. Секако дека сакаме да бидеме успешни, но нема да успееме ако ги комплицираме работите како денес. Ми се допадна играта. Знам дека експертите се шокирани, веројатно мислат дека сум заборавил на тактиката. Но, ние не одиме на терен за да победиме…
Барселона нема да може да се врати на „Спотифај Камп Ноу“ оваа сезона, пренесува „Марка“. Според ова тимот ќе остане на „Монжуик“, каде што е веќе втора сезона. Домот на Каталонците се реновира, но се испостави дека работите за реконструкција се одвиваат побавно од очекуваното. Има и некои технички аспекти и параметри кои се уште не се прецизирани, како што е изградбата на нови излези за итни случаи, како и засејувањето на тревата на теренот. Првичниот план беше дел од објектот наскоро да биде отворен и да има натпревари, но со помал капацитет, а на останатите површини да се работи.…
Фудбалерот на Баерн Минхен Џошуа Кимих може да се пресели во Манчестер Сити. Англискиот клуб е заинтересиран да го ангажира германскиот играч за врска на лето како слободен играч, пренесуваат медиумите во Германија, за кои се смета дека се добро упатени во активностите околу Баварците. Договорот меѓу клубот и фудбалерот е до 30 јуни 2025 година. 29-годишниот Џошуа Кимих ќе преговара за нов договор со Баерн, а поинтензивни разговори се очекува да има по 1 јануари. Играчот сам ќе преговара со клубот. Играчот од средниот ред игра за Баерн од 2015 година. Тој одигра 14 натпревари оваа сезона во Првата…
Шпанскиот гигант Атлетико Мадрид е заинтересиран за Алехандро Гарначо од Манчестер Јунајтед. Иднината на Аргентинецот под водство на новиот тренер на „црвените ѓаволи“ Рубен Аморим изгледа нејасна. 20-годишниот крилен напаѓач не се најде во составот за дербито со Манчестер Сити минатиот викенд. Друг кој не влезе во сметките на тренерот беше Маркус Рашфорд. На оваа тема, Аморим го изјави следново: „Се трудиме да оцениме се, настапот на тренинзите и на натпреварите, вклучително и разбирањето со соиграчите. Се земаме предвид кога се обидуваме да ги анализираме и одбереме играчите. Тоа не беше мојата намера да испратам некаква порака до другите со…
