Author: riste

Каратистот на “Макпетрол” Стефан Стојановиќ, успеа да го освои златниот медал во највозрасната категорија на постари јуниори (U21) +84 кг. На завршниот турнир на Светската 1 Премиер лига во Венеција учествуваа 4000 спортисти од 81 држава. Стефан Стојановиќ до златниот медал стигна совладувајќи го во финалето Олександер Козлијан од Украина со резултат 3-1. Стојановиќ во елиминацискиот дел до финалето извојува четири победи. Со овој резултат Стојановиќ останува на едно од првите две места на Светската Ранг листа на WKF (Светска карате федерација) за 2024 година.

Read More

Македонското девојче Илина Соколовска повторно постигна неверојатен успех! На стартот на натпреварите во Бундеслига, Илина освои злато и го однесе нејзиниот клуб на врвот. Првото место на нејзиниот клуб Гутерсло-Билефелд благодарејќи на поените кои ги освои Илина. Ова уште еден успех на нашата Илина, која иако е со македонски пасош, сепак, освојува медали во Германија. -Пред неколку дена во Бундеслигата, мојот тим , каде капитен е Гутерсло-Билефелд, за првпат имаше натпревар во Бремен и тоа според новите правила за судење во ритмичка гимнастика. Новите правила се многу строги, а се менуваат по секоја Олимпијадата. На овој натпревар судиите судеа според…

Read More

Напаѓачот на Спортинг, Виктор Ѓокерес постигна гол на натпреварот од 13. коло на португалскиот шампионат со Мореиренсе, кој се одигра синоќа. Постигнатиот гол беше 60-ти за шведскиот фудбалер во 2024 година. Од своите 60 гола, Ѓокерес постигна 10 додека играше за шведската репрезентација. Да потсетиме, на крајот на 2023 година најдобар стрелец беше напаѓачот на Ал-Наср и португалската репрезентација, Кристијано Роналдо, кој 54 пати го погоди противничкиот гол. Сегашниот договор на Ѓокерес со клубот е до летото 2028 година. Според информациите објавени на порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на фудбалерот е 70 милиони евра.

Read More
NBA

Кливленд го победи Денвер 126:114 во натпревар од регуларната сезона во НБА лигата. Иако Денвер го загуби натпреварот, центарот на тимот Никола Јокиќ беше најефикасен во својата екипа , на само еден поен за да биде водечки стрелец на натпреварот. Сепак тој беше и единствениот кој оствари „трипл-дабл“ со своите 27 поени, 20 скока и 11 асистенции. Достигнувањето на Јокиќ на оваа средба му донесе нов рекорд за него и за НБА лигата, бидејќи кошаркарот го забележа својот 139-ти трипл-дабл во кариерата, надминувајќи го легендарниот Меџик Џонсон, кој имаше 138. Така, играчот во овој поглед излезе на третото место на…

Read More

Се појавила напнатост меѓу тренерот на францускиот ПСЖ, Луис Енрике и дел од играчите на клубот во соблекувалната. Ова го објави „RMC Sport“ на својата страница на социјалната мрежа X. Неколку играчи на ПСЖ не го разбираат изборот на главниот тренер за почетниот состав за натпреварите и сметаат дека некои негови одлуки се крајно неправедни. Непознати се имињата на играчите кои се незадоволни од Луис Енрике. Во моментов ПСЖ е на првото место во француската Лига 1. Тимот на Енрике на 13 натпревари освои 33 поени без да претрпи ниту еден пораз. Во Лигата на шампионите ситуацијата е многу полоша. Парискиот клуб…

Read More

Ѕвездата на Баерн Минхен, Џамал ​​Мусиала, ќе потпише нов договор со клубот откако ќе постигне целосно разбирање со раководството, објави новинарот на „Скај Германија“, Флоријан Плетенберг. Според информациите, офанзивниот играч за врска ќе потпише петгодишен договор, добивајќи годишна плата од 25 милиони евра или вкупно 125 милиони евра за периодот до јуни 2029 година. Актуелниот договор на 21-годишниот фудбалер е до јуни 2026 година, а германскиот репрезентативец заработува 8 милиони евра годишно. Мусиала се пресели во Баерн Минхен во 2019 година од Челзи и го имаше своето професионално деби една година подоцна. Во тој период, 21-годишниот сестран офанзивец забележа 174…

Read More

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Карим Адејеми, ќе го пропушти саботниот натпревар од Бундеслигата против Борусија Менхенгладбах, пишува германскиот весник „Рур Нахрихтен“. Иако се очекува Адејеми да продолжи со тренинзите со соиграчите оваа недела, тој нема да има време да се опорави 100 % за саботниот натпревар. Карим Адејеми отсуствуваше од тренинзите на Борусија Дортмунд пред нивниот дуел во Лигата на шампионите со Динамо Загреб. Во оваа фаза се очекува враќањето на Адејеми за натпреварот против Барселона во Лигата на шампионите на 11 декември.

Read More

Реал Мадрид напорно работи да најде замена за Тони Крос. Завршувањето на кариерата на Германецот отвори сериозна дупка во средниот ред на Реал Мадрид и клубот веќе бара играч со слични квалитети за да биде доведен сега или најдоцна следното лето, пишува „АС“. Клубот веќе има неколку играчи на мета. Тие вклучуваат Кертис Џонс од Ливерпул, Родри од Манчестер Сити, Енцо Фернандез од Челзи, Џошуа Кимих од Баерн Минхен и Витиња од Пари Сен Жермен. Реал допрва треба да го оцени секој од нив и да процени кој најдобро ќе се вклопи во тимот и кој има квалитети да биде…

Read More

Ситуацијата со Френки де Јонг во Барселона е се покомплицирана. Холанѓанецот сепак одбива да потпише нов договор со клубот, а се чини дека трпението на управата на „каталонците“ е при крај. Според весникот „Спорт“, раководството на Барселона било подготвено со конкретна понуда до Де Јонг уште пред неколку месеци. Недостатокот на одговор од играчот ја натера управата на клубот да ја повлече понудата. Се тврди дека доколку двете страни се договорат повторно да разговараат, преговорите ќе започнат од нула и од Барселона ќе се бара сериозно намалување на неговата годишна плата. Сепак, голема е веројатноста дека Де Јонг ќе биде…

Read More

Иднината на Алфонсо Дејвис беше предмет на сериозни шпекулации во последните месеци. Договорот на 24-годишниот дефанзивец истекува на лето и досега сите извештаи говорат дека тој се договорил за трансфер во Реал Мадрид како слободен играч. Сепак, последните гласини од Минхен го кажуваат токму спротивното. Според информациите на „Спорт 1“, фудбалерот се оддалечува од „Сантијаго Бернабеу“ и е се поблиску до потпишување на нов договор со Баерн. 24-годишниот Канаѓанец е еден од најквалитетните играчи на својата позиција и фактот што станува слободен играч го прави уште повеќе атрактивен на трансфер пазарот. За него е заинтересиран и Манчестер Јунајтед, но се…

Read More