Тренерот на Рома, Клаудио Раниери по натпреварот со Аталанта кој го загуби неговата екипа на домашен терен со 2:0, даде свој коментар на се она што се случуваше на „Олимпико“. „Се додека имавме сила, одговаравме на секој напад. Тоа не е оправдување, не ме сфаќајте погрешно, но игравме во Лондон во четвртокот и се вративме во пет часот наутро. Добро се опоравивме, но тие можеа да направат соодветни промени додека јас немав играч од средниот ред. Навистина им честитав на момците бидејќи на почетокот на вториот дел имавме голема шанса да поведеме, штета што Довбик не можеше да погоди откако…
Author: riste
Ракометарите на Алкалоид убедливо славеа во првиот меч против Вест Виена со 38:27 (20:14), во рамките на шеснаестинафиналето на Европскиот куп на ЕХФ. Македонскиот тим двете средби ги игра на домашен терен во „Автокоманда“, а уште во првата средба направи сериозен исчекор кон пласман во осминафиналето во ова натпреварување. Сите дилеми беа решени уште по првото полувреме кое го доби Алкалоид со 20:14. Вториот дел помина во уште поголема доминација на Алкалоид кој заигра уште подобро, па дојде и двоцифрена предност (26:16). Александар Петковски со девет гола беше најдобар стрелец на мечот, а осум постигна Мартин Серафимов, исто колку што имаше…
Сериозен удар за Ливерпул ќе биде отсуството на централниот дефанзивец Ибрахима Конате. Дефанзивецот на социјалните мрежи објави порака во која потврди дека е повреден. Неговата повреда е на коленото и настанала по контакт со играчот на Реал Мадрид, Ендрик. „Многу е фрустрирачки да се повредите на самиот крај од еден одличен натпревар во средата навечер. Сега го започнуваме процесот на опоравување, но едно нешто што можам да ветам е дека ќе се вратам и повторно ќе бидам најдобар. Ви благодариме за уникатната поддршка на „Енфилд“, стои во дел од пораката на Ибрахима Конате. Очекувањата се дека дефанзивецот ќе отсуствува цел…
Напаѓачот Коди Гакпо и неговите соиграчи во англискиот фудбалски клуб Ливерпул не размислуваат за титулата, и покрај првото место во Премиер лигата и огромните шанси да дојдат на 11 бода повеќе од актуелниот шампион Манчестер Сити. Двата тима ќе се сретнат на „Енфилд“ овој викенд. „Можноста е навистина огромна, но ќе се сретнеме со многу добар тим. Всушност, ова е еден од најдобрите тимови во Европа бидејќи доминираа неколку години“, изјави Гакпо во интервју за клупската веб-страница. „Но за нас тоа е голема шанса. Сакаме да им покажеме за што работиме и тоа е токму она што планираме да го…
Реал Мадрид не е загрижен за моменталната форма на 25-годишниот напаѓач Килијан Мбапе, бидејќи има и други аспекти кои се поалармантни за раководството на Реал Мадрид, пренесува „Марка“. Според изворот, Реал Мадрид е збунет од нивото на физичка подготвеност на играчите на тимот, како и од големиот број повреди со кои клубот неодамна се соочи. Покрај тоа, на раководството на клубот не им се допаѓа недостатокот на јасен план за игра на тимот. Ситуацијата ја усложнува позицијата на Кралскиот клуб на табелата во групната фаза во Лигата на шампионите, каде што го заземаат 24. место.
Тренерот на Барселона, Ханс Дитер Флик, одговори на прашањето за здравјето на крилниот напаѓач Ламин Јамал и централниот дефанзивец Роналд Араухо во пресрет на натпреварот од 15. коло од шпанската Примера дивизион со Лас Палмас, кој ќе се одигра утре, 30 ноември. „Јамал се врати и е подготвен да игра. Не знам дали ќе започне од почеток, но ќе игра. Состојбата на Араухо? Секој ден тренира се подобро и подобро. Не го знам датумот на неговото враќање, но Роналд е блиску до тоа“, изјави Флик за „Марка“. На почетокот на ноември Јамал го повреди скочниот зглоб. За возврат, Араухо нема одиграно ниту еден натпревар оваа сезона…
Тренерот на РК Алкалоид, Кирил Лазаров, зборуваше на денешната прес-конференцијата пред натпреварот од Еврокупот на ЕХФ против екипата на Вествиен од Австрија. Лазаров го најави мечот и очекува сериозен пристап од неговите ракометари. Што се однесува до здравствениот билтен, тој е прилично поволен, а тренерот смета дека противникот е доста силен и повика на внимателна игра, без непромислени потези и технички грешки. „Вест Виена е тим кој може да се каже е дека е државен проект. Се потпираат на млади играчи и се доста незгодна екипа. На некој начин, тоа е скоро целата младинска австриска репрезентација. Од материјалите што ги имаме, мислам дека е…
Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга се повреди и беше заменет во вториот дел од мечот кој неговиот тим го загуби од Ливерпул со 2:0 во Лигата на шампионите. Францускиот репрезентативец доживеа истегнување на мускулот додека ја бркаше топката и падна на земја држејќи го задниот дел од левата нога. Тој беше прегледан од медицинскиот тим на Реал Мадрид пред да биде заменет со Дани Себаљос во 57. минута на „Енфилд“. 22-годишниот Камавинга се здоби со повреди на коленото минатата сезона, што го оддалечи долг период од теренот. Според последните извештаи во Шпанија, играчот од средниот ред…
Гранд Казино Адмирал, вашата главна дестинација за врвна забава и игри, лоцирана во Хотел Лимак, во комплексот „Diamond of Skopje“, со задоволство ги најавува своите „After Work Jackpots“. Почнувајќи од 2 декември, секој понеделник и четврток, од 17:00 до 23:00 часот посетителите ќе имаат можност за опуштање по работниот ден, забавување и ексклузивни добивки. Организацијата на овие настани е уште една потврда на посветеноста на Гранд Казино Адмирал за обезбедување на незаборавно играчко искуство пропратено со многу забава и добивки. Познат по својата модерна елеганција и софистицирана атмосфера, Гранд Казино Адмирал нуди разновидна палета на опции за игри. Без разлика…
Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Руд ван Нистелрој ќе биде назначен за менаџер на Лестер Сити, објави „Телеграф“. Холанѓанецот ќе го замени Стив Купер, кој доби отказ пред неколку дена, а главна задача пред него ќе биде да му помогне на тимот да остане во Премиер лигата. Веќе е постигнат договор меѓу двете страни и прашање на време е кога ќе се објави веста. Греам Потер беше другата главна опција пред клубот. Ван Нистелрој штотуку го заврши својот престој во Манчестер Јунајтед. Тој се врати на „Олд Трафорд“ летото како помошник на сонародникот Ерик тен Хаг, но по отпуштањето на…
