Играчот од средниот ред на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, постигна 17 гола во Лигата на шампионите и Лигата на Европа, со што се израмни со поранешниот напаѓач на Барселона, а сега играч на Интер Мајами, Лионел Меси за најмногу голови во европското натпреварување до 22 години. Синоќа, Баер Леверкузен се сретна со Салцбург во натпреварот од 5. коло од групната фаза на Лигата на шампионите за сезоната 2024/2025. Натпреварот се одигра на стадионот БајАрена во Леверкузен (Германија). Натпреварот заврши со резултат 5:0 во корист на домашната екипа. Двоен стрелец на оваа средба беше 21-годишниот Вирц. Флоријан игра за првиот тим на Баер…
Author: riste
Менаџерот на англискиот Арсенал Микел Артета проговори за натпреварот од 5. коло од групната фаза на Лигата на шампионите со португалскиот Спортинг (5:1). „Да доминираш и да постигнуваш голови против тим кој нема загубено натпревар 18 месеци не е лесна задача и секако успеавме. Очигледно сме многу разочарани од тој агол. Успеаа да постигнат гол и можеше да се види нивниот квалитет, колку добро беа организирани, колку добро се подготвија за нас. Загубивме од Интер, но исто како и на тој натпревар, бев многу горд на начинот на кој тимот играше и доминираше во играта. Во овие два натпревари по ред резултатите…
Младата ѕвезда на Барселона, Педри уште еднаш изрази надеж дека ќе остане што подолго во клубот. Играчот од средниот ред беше еден од најдобрите на теренот во победата од 3:0 над Брест во Лигата на шампионите. Иако има уште неколку години до крајот на неговиот актуелен договор со „каталонците“, Барса преговара со агентот на играчот околу неговото обновување. Се чини дека желбата и на младиот фудбалер е да остане во клубот и не се очекува да има пречки во разговорите. „Не знам ништо конкретно, но секогаш сум велел дека овде ми оди многу добро. Ќе разговарам со мојот агент за…
Баерн Минхен го повтори рекордот на Барселона за непобедлива серија на домашен терен во групната фаза од Лигата на шампионите, пренесува „Опта Спорт“. Според изворот, минхенскиот тим нема пораз во домашните натпревари од групната фаза веќе 33 натпревари по ред, со 31 победа и две нерешени. Оваа серија е најдолга во историјата на турнирот, заедно со рекордот на Барселона да нема пораз на домашен терен за 33 натпревари помеѓу 2009 и 2020 година. Да потсетиме, во натпреварот од 5. коло од групната фаза на Лигата на шампионите, Баерн минимално го победи францускиот ПСЖ. Баерн во моментов го зазема 11-тото место…
Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани беше задоволен од играта на неговиот тим против ПСЖ. Баварскиот тим победи со 1:0 во натпреварот од 5. коло од главната фаза во Лигата на шампионите. „Се разбира, задоволен сум. Сакавме навивачите да си одат дома среќни и тоа го направивме. Нашиот пресинг во првото полувреме беше многу добар. Можевме да постигнеме уште еден или два гола и тогаш играта ќе беше малку помирна. Генерално, беше добар натпревар од нас“, изјави тренерот на Баерн, Винсент Компани. „Важно е да ја оствариме нашата цел. Доколку ги добиеме преостанатите натпревари, имаме шанса да влеземе во топ…
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола беше разочаран по ремито со Феенорд во Лигата на шампионите. Натпреварот од 5. коло од главната фаза заврши со резултат 3:3. Манчестер Сити прими три гола, иако водеше со 3:0 во 75. минута од натпреварот. „При 3:0 одигравме добро, но потоа примивме многу голови бидејќи бевме неконстантни. Ги оставивме да го постигнат првиот гол, па вториот, па беше тешко“, започна Пеп Гвардиола. „Во последно време губиме многу, ранливи сме и секако ни требаше победа, а играта ни даде самодоверба. Не знам дали ова има врска со психологија. Првиот гол не требаше да се постигне,…
Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот објави дека Трент Александер-Арнолд најверојатно нема да одигра минутажа на натпреварот против Реал Мадрид во главната фаза од Лигата на шампионите. Дефанзивецот се опоравува од повредата и веќе тренира со тимот, но се чини дека нема да биде подготвен да почне и нема да ризикуваме. Смешно е што зборувате за нашите повреди бидејќи повеќето луѓе прашуваат само за повредите што ги има Реал Мадрид, но ние исто така имавме неколку неодамна. Трент е во тимот, но тој нема да биде достапен за почеток, можеби ќе ги добие неколку минути, но веројатно нема да влезе. Ако…
Поранешниот селектор на англиската репрезентација Герет Саутгејт се уште внимателно размислува за својата иднина и не брза да му се врати на фудбалот. Тој ја напушти функцијата по завршувањето на Европското првенство во Германија, каде тимот предводен од него вторпат по ред остана на второто место. Саутгејт рече дека ќе му биде тешко да најде работа што ќе му даде таков вид мотивација. „Следењето на нашите цели ме мотивираше, ме одржуваше на вистинскиот пат и ми го направи животот исполнет. Ќе биде исклучително тешко да се најде сличен предизвик и токму затоа не ги ограничувам моите опции за работа како…
Манчестер Јунајтед покажува интерес за 23-годишниот крилен напаѓач на Наполи, Хвича Кварацхелија, пренесува „Спорт Медиасет“. Според изворот, „црвените ѓаволи“ се подготвени да му понудат на грузискиот фудбалер петгодишен договор со плата од 8 милиони евра годишно, како и уште еден милион евра бонуси. Од друга страна, Наполи сака да го задржи Кварацхелија и му нуди нов договор со плата од 6 милиони евра по сезона. Се нагласува дека италијанскиот клуб може да размисли за трансфер на напаѓачот за приближно 100 милиони евра доколку ситуацијата не се реши до крајот на сезоната. Оваа сезона Кварацхелија учествуваше на 15 натпревари на сите турнири,…
За првпат досега кај нас се организираше настанот „Поттикнување на женското претприемништво во спортот“, кој имаше за цел да го стимулира претприемачкиот дух кај жените кои се вклучени и дејствуваат во спортската индустрија. Настанот вклучуваше говорници од различни сектори, кои ги споделија искуствата околу успешно партнерство помеѓу спортскиот и приватниот сектор, стратегии како да се надминат бариерите во започнување и оддржување на успешно претприемништво и какви можности и перспективни постојат во спортскиот сектор и бизнис. Во рамки на настанот, првата сесија беше инспиративна во која говорничките Нина Ангеловска, Елена Бубало Михајловска ги споделија своите претприемачки приказни, додека втората сесија беше…
