Гранд Казино Адмирал, вашата главна дестинација за врвна забава и игри, лоцирана во Хотел Лимак, во комплексот „Diamond of Skopje“, со задоволство ги најавува своите „After Work Jackpots“. Почнувајќи од 2 декември, секој понеделник и четврток, од 17:00 до 23:00 часот посетителите ќе имаат можност за опуштање по работниот ден, забавување и ексклузивни добивки. Организацијата на овие настани е уште една потврда на посветеноста на Гранд Казино Адмирал за обезбедување на незаборавно играчко искуство пропратено со многу забава и добивки. Познат по својата модерна елеганција и софистицирана атмосфера, Гранд Казино Адмирал нуди разновидна палета на опции за игри. Без разлика…
Author: riste
Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Руд ван Нистелрој ќе биде назначен за менаџер на Лестер Сити, објави „Телеграф“. Холанѓанецот ќе го замени Стив Купер, кој доби отказ пред неколку дена, а главна задача пред него ќе биде да му помогне на тимот да остане во Премиер лигата. Веќе е постигнат договор меѓу двете страни и прашање на време е кога ќе се објави веста. Греам Потер беше другата главна опција пред клубот. Ван Нистелрој штотуку го заврши својот престој во Манчестер Јунајтед. Тој се врати на „Олд Трафорд“ летото како помошник на сонародникот Ерик тен Хаг, но по отпуштањето на…
Женската ракометна репрезентација на Македонија денес го започнува својот настап на Европското првенство. Прв ривал на турнирот ќе ни биде селекцијата на Шведска, која ја добива фаворитската улога од селектор на нашата репрезентација Кристијан Грчевски кој ја означи како репрезентација која ќе се бори за медал на овој шампионат. „Нашата цел е веќе остварена со успешните квалификации, како еден од најмладите состави. Настапот на Европското првенство ќе биде клучна точка за нас, за стекнување драгоцено искуство за во иднина. Дефинитивно се чувствуваме нервозно пред стартот на првенството, но на позитивен начин, иако во исто време играме со Шведска, која е подготвена да се…
36-годишниот аргентински играч за врска на Бенфика од Лисабон, Анхел Ди Марија направи две асистенции во натпреварот од 5. коло од Лигата на шампионите со Монако (3:2) и го зазеде второто место на листата на најдобри асистенти во историјата на ова натпреварувањетурнирот. Така, Аргентинецот веќе има 41 асистенција во натпреварите од Лигата на шампионите, благодарение на тоа го надмина Лионел Меси, кој има 40 асистенции. Рекордер во Лигата на шампионите е португалски напаѓач Кристијано Роналдо со 42 асистенции. На 16 натпревари од сезоната 2024/2025 во сите натпреварувања, играчот од средниот ред постигна осум гола и даде пет асистенции.
Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа даде коментар по натпреварот кој неговиот тим го загуби со 2:0 на „Енфилд“ од Ливерпул. Според него, отсуството на повредените играчи не може да биде оправдување за поразот. „Мислам дека Ливерпул е еден од најсилните тимови во Лигата на шампионите во моментов. Игравме добро, добро се браневме, но во нападот ни беше тешко да создадеме каква било опасност. Имавме добри контра напади, но не ги завршивме добро. Ова е тешко. Во вториот дел имаа предност, а ние за жал го промашивме пеналот. По вториот гол, работите се искомплицираа многу. Добро се снајдовме во второто…
Изминатите два дена, на 26 и 27 ноември се одиграа 18 натпревари од 5.коло од групната фаза на Лигата на шампионите, на кои екипите постигнаа 67 голови. Според прес-службата на УЕФА, оваа бројка е рекордна во историјата на турнирот. Претходниот рекорд беше поставен во 1. коло од Лигата на шампионите во сезоната 2000/2001, кога на 16 натпревари беа постигнати 63 гола. Да напоменеме дека на 26 ноември во првите девет натпревари од 5.коло беа постигнати 40 голови, што е втора најголема бројка во историјата на турнирот во еден натпреварувачки ден. Во моментов на чело на табелата е Ливерпул кој има…
Реал Мадрид стана првиот актуелен победник во Лигата на шампионите кој загубил три натпревари од групната фаза по освојувањето на титулата, објави „Опта Спорт“ на својата страница на социјалните мрежи X. Да потсетиме, во натпреварот од 5. коло од групната фаза на Лигата на шампионите, Реал загуби од Ливерпул со резултат 0:2. Претходно мадридскиот клуб загуби од Милан и Лил. Реал Мадрид моментално се наоѓа на 24. место на табелата во Лигата на шампионите со шест бода. Во преостанатите три натпревари во групната фаза на турнирот, тимот од Мадрид ќе ги игра со Аталанта, РБ Салцбург и Брест.
Женската А репрезентација на Македонија денеска во Скопје официјално ги започнува подготовките за двата контролни натпревари со селекцијата на Црна Гора. Контролните натпревари помеѓу Македонија и Црна Гора ќе бидат одиграни на 30. ноември со почеток во 13. часот и 3. декември со почеток во 12. часот на тренинг центарот „Петар Милошевски”. Селекторот на женската А репрезентација на Македонија, Александар Андов ги сподели своите очекувања пред двата тест натпревари со Црна Гора. „Целта на овие два контролни натпревари со Црна Гора пред се е да го задржиме континуитетот, да се подобриме во одредени сегменти и да ги отстраниме слабите страни во нашата…
Ракометарите на Еурофарм Пелистер попладнево со лет од Скопје до Будимпешта патуваат до Веспрем каде треба да го одиграат следниот натпревар во Лигата на шампионите. Дуелот се игра утре, а противник им е вицешампионот на Унгарија што ќе биде сериозен тест за екипата на новиот тренер Раул Алонсо. По нерешениот резултат на домашен терен во Битола против Фредериција, за битолчани најважен е дуелот со Висла кој ќе се игра на 4 декември во Битола, но битолчани ниту во Унгарија не одат со кренато бело знаме. „Веспрем е меѓу најдобрите екипи во Европа со години, имаат долга историја и супер-екипа покриена со играчи од…
Екипата на Барселона не наиде на посебни потешкотии на домашен терен против Брест во Лигата на шампионите, победувајќи со 3:0. Освен по победата, натпреварот ќе остане запаметен и по постигнувањето на Роберт Левандовски. Полскиот напаѓач постигна два гола, постигнувајќи ги 100-от и 101-от гол во најелитното клупско натпреварување. На овој начин напаѓачот се приклучи на друштвото на Лионел Меси и Кристијано Роналдо кои до вчера беа единствените фудбалери во Клубот 100. Од почетокот на сезоната, Левандовски постигна 22 гола во сите натпреварувања и продолжува да биде еден од најконстантните стрелци во Европа и покрај неговата 36-годишна возраст.
