Author: riste

Ракометната федерација на Македонија (РФМ)доби парична казна по случувањата на трибините на вчерашниот дуел меѓу Холандија и Македонија. Казната е на име на недолично однесување на фановите против Холандија во мечот од второто коло на СП, а истата изнесува 10.000 франци. Покрај паричната казна, ИХФ му нареди на домаќинот да ја затвори трибината зад клупата кај тимовите. Доколку се повтори истиот инцидент Македонија ќе игра без публика. Ќе се зголеми и бројот на обезбедување, а сите навивачи ќе бидат детално проверувани при влез. Еве што се вели во одлуката на ИХФ: Македонската ракометна федерација доби парична казна поради недоличното однесување…

Read More

Денес е слободен ден за нашата репрезентација на СП во ракомет, Македонија ќе се подготвува за последниот натпревар од првата фаза кој ќе го играме утре против Гвинеја, меч кој со победа треба да не однесе во главната рунда на ова СП. Ракомет ќе има и денес, а својот настап во 3 коло ќе го имаат селекциите од групите Б и Ц во Хернинг и Пореч, додека репрезентациите од групите Ф и Г во Баерум и Загреб енес ќе играат натпревари од второто коло. Денес на СП во ракомет:Група Б – Хернинг 3.коло18.00 Алжир – Тунис20.30 Данска – ИталијаТабела:1.Данска –…

Read More

Селекторот на Македонија, Кирил Лазаров по крајот на натпреварот против Холандија и првиот пораз (37:32) на Светското првенство беше незадоволен од текот на натпреварот и се она што се случуваше на теренот. Тој нагласи дека е тешко да се одигра натпревар во кој речиси 20 минути имаш играч помалку, а од друга страна противникот има 12 пенали во своја корист. „Уште вчера кажав дека нè очекува тешка борба и знае да не понесе еуфорија. Знаев што нè очекува, иако се надевав на позитивен резултат. Требаше да ја искористиме таа позитивна атмосфера и самодовербата што ја имаа играчите. Но, не секогаш, пресметките се исти…

Read More

Македонија одигра квалитетен натпревар ѝ дозволи Холандија да дојде до лесна пробеда на средбата од 2.коло на СП во ракомет. Доколку имавме малку повеќе среќа, но и по објективно судење, немаше да биде изненадување доколку освоевме барем бод против фаворизираната селекција на Холандија. По средбата, кружниот напаѓач Милан Лазаревски не го криеше незадоволството од поразот од 37:32. „Единствено што може да се издвои за нивната игра е брзата транзиција и брзата контра, не се физички супериорни, тоа беше на наша страна. Но, нивната игра ја имаат доведено до перфекција, колку и да се спремаш, на терен, во реално време, беше многу…

Read More

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) најави дека ќе поднесе жалба за судењето на натпреварот меѓу Македонија и Холандија од страна на данската судиска двојка Мадс Хансен и Јеспер Мадсен. Информацијата ја сподели Генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски, кој на својот ФБ профил истакна дека федерацијата ќе реагира на судењето кое било некореткно. „Досега ретко сме се жалеле, можеби двапати досега, ама ова беше под секое спортско достоинство. РФМ ќе поднесе жалба, а без разлика на исходот, Македонија победи“, напиша Милошевски. На натпреварот Македонија – Холандија, противникот доби 12 пенали, имаше доста спорни моменти, а Македонија заврши и со двојно повеќе исклучувања и…

Read More

Репрезентацијата на Македонија загуби во 2. коло од групната фаза на Светското првенство 2025 од Холандија со 37:32 (18:15). Еден од нашите репрезентативци Марко Митев, го коментираше денешниот пораз, но и го искажа и незадоволството од делењето на судиската правда. ,,Холанѓаните беа екстра брзи, пробавме да влеземе во нивниот ритам. Ние се држевме до 20-та минута, но потоа фокусот ни падна. Во второто полувреме добро отворивме, имавме неколку шанси да се вратиме, но за жал не ни дадоа двајцата судии, па може да се каже дека Македонија загуби од Холандија со помош на Данска. Последните десет минути од првото полувреме…

Read More

Ракометната селекција на Македонија го загуби натпреварот со Холандија во второто коло од СП во ракомет. Нашата репрезентација во вараждин бешепоразена од Холандија со 37:32 иако во поголемиот дел од натпреварот бевме конкурентни. Многу технички грешки од наша страна и досудените пенали ја чинеа пораз нашата селекција, а нашиот голман Никола Митревски даде коментар за загубениот натпревар. „Не беше лесно да се бранат брзите Холанѓани, направивме грешки кои ривалот со брз центар и контри успеа да направи разлика и да ја чува до крај. Сигурно не требаше да биде пет разлика на крајот, можеби реално ќе беше да биде два.…

Read More

Денес е нов ден на СП во ракомет, а во него вниманието на нашата спортска јавност е свртено кон Вараждин и настапот на нашата ракометна репрезентација. Македонија денес го игра вториот натпревар на ова СП, а противник ни е селекцијатана Холандија. Македонија и Холандија досега имаат одиграно самоеден натпревар и тоа пред 2 години на СП 2023 во Краков кога Холандија не совлада со 24:34, а секако тој висок пораз е сеуште во сеќавањата на нашите репрезентативци. Сепак денешниот натпревар е сосема различен од тој пред две години, нашите момци се со многу поголемо искуство, а мечот со Унгарија и…

Read More

Македонските ракометари денешниот ден го искористија за одмор,но иза подготовка и анализа на следниот противник, Холандија. Мечот со Унгарија е веќе зад нашите ракометари и сега во мислите им се „лалињата“. „Заврши тој меч со Унгарија, ги извлековме добрите работи, лошите ги тргнавме на страна за да ги подобриме. Утре не очекува брза и спремна Холандија. Ги анализираме, имаме доволно време да гледаме видео, се подготвуваме за нив и ќе се спремиме и ние за да ги спречиме нивните најсилни елементи во играта“ вели Ненанд Костески. Се очекува оваа средба да бидес сосема поинаква од онаа со Унгарија, утрешниот противник…

Read More

Денес на СП во ракомет ќе бидат одиграни нови 8 натпревари, 4 се од првото коло од групите Г и Ф кои се играат во Загреб и Баерум, а останатите 4 се од второто коло во групите Б и Ц кои се играат во Хернинг и Пореч. СП денес започнува со Словенија која игра против Чиле и Исланд, додека во Загреб вечерва Исланд е фаворит на дуелот со Зеленортска Република. Од денес стартуваат и натпревари во Баерум (Норвешка) каде ќе се играат натпреварите од Групата Ф, а таму Шпанија игра со Чиле, а Шведска со Јапонија. 2 коло денес го…

Read More