Македонската ракометна репрезентација по одиграниот натпревар со Австрија денес има слободен ден кој ќе биде искористен за анализа на вчерашниот натпревар и подготовка за утрешниот против Катар. По 4 одиграни натпревари на ова СП, 3 во првата фаза и 1 во главната фаза еве како изгледа настапот на нашата репрезентација низ бројки. Македонија го има вториот најдобар стрелец во досегашниот дел од СП, капитенот Филип Кузмановски кој има постигнато 35 гола од 48 упатени удари или процент на реализација од 78%. Шест од овие голови ги постигна од 7 метри од 10 обиди, секако најмногу ќе го памети оној од…
Author: riste
Германскиот тим Борусија Дортмунд веднаш реагираше и утрово му даде отказ на својот досегашен тренер Нури Сахин. Одлуката на управата на клубот од „Сигнал Идуна Парк“ е донесена по поразот против Болоња, а од клубот најавија дека наскоро ќе биде објавено името на новиот менаџер кој ќе го предводи клубот. Серијата на лоши резултати на Борусија Дортмунд кулминираше со вчерашниот пораз од Болоња во ЛШ со 2:1, а претходно Борусија беше во серија од 3 порази во Бундеслигата од Баер Леверкузен, Холштајн Кил и Ајнтрахт Франкфурт. Борусија Дормтунд во Лигата на шампионите се наоѓа на 13.место со 12 освоени бодови,…
Со натпреварите кои ќе бидат одиграни денес во Осло и Загреб започнува главната фаза на СП за селекциите кои се во групите 3 и 4 од главната рунда. Во Осло денес играат Бразил против Чиле од 15.30 часот, Шведска и Португалија од 18.00 додека денешната програма ја затвараат домашната селекција на Норвешка и Шпанија. Во Загреб денешната програма ја отвараат Словенија и Аргентина, а домашната селекција на Хрватска би требало да има лесна задача против Заленортска Република. Секако најинтересниот натпревар се игра во вечерниот термин од 20.30 часот кога ќе играат Египет и Исланд, две репрезентации кои пренесоа по 4…
Марко Митев беше најрасположен во македонската репрезентација во ремито кое го одигравме со Австрија во Вараждин, Митеив постигна 6 гола од 8 обиди и покажа дека овој противник му лежи. Митев не настапи на натпреварот против Гвинеја поради проблем со рамото, па иако денеска не беше 100 проценти подготвен за игра, тој го даде максимумот. „Не бев максимално подготвен за игра, но дадов се што имав. И покрај повредата на рамото, ми лежеше да играм против Австрија, иако ние како тим се мачевме со нивната игра 7 на 6. На крајот имавме и среќа, но среќата ги прати храбрите. Бод…
Македонија одигра со уште еден нерешен резултат на Светското првенство. Дуелот со Австрија заврши со многу драма и „бомба“ на крајот на Филип Кузмановски за 29:29. Иван Џонов повторно ја искористи шансата која му ја даде селекторот Лазаров, а по средбата истакна дека беше тешко да се игра против добро организираната и квалитетна Австрија. „Тежок натпревар, Австрија е квалитетна селекцијата, како тактички така тркачки. Се надмудрувавме шеесет минути, ова беше перфектен натпревар. Беше тешко да се браниме против нивниот напад седум на шест, играа во текот на цело второ полувреме и речиси без грешка. На крајот беше ролеркостер, можевме да победиме, а…
Ракометната репрезентација на Македонија во драматичен натпревар освои бод против Австрија (29:29), а ремито дојде со гол во последната секунда од натпреварот. Откако Австрија постигна гол за предност, селекторот Лазаров побара тајм-аут на 3.8 секунди до крај. Следуваше договор на тајм-аутот, а работата ја заврши капитенот Филип Кузмановски кој испрати вистинска бомба од десетина метри за нерешено и освоен бод. По крајот на натпреварот, ракометарите си направија селфи за спомен , а моментот со фотографија го овековечи капитенот, Филип Кузмановски.
Македонскaта ракометна репрезентација одиграа нерешени 29:29 на стартот на главната фаза на Светското првенство против Австрија. Мечот заврши можеби со реален исход, ако зе земе во предвид дека и двете репрезентации имаа свои моменти на натпреварот. На прес-конференцијата по натпреварот анализа на натпреварот даде селекторот Кирил Лазаров. „Австрија беше фаворит пред натпреварот. Последниот пат нè победија, а во последните две години имаа подобри резултати од нас. Им недостигаа неколку важни играчи, како и нам. На крајот мора да сме задоволни за одиграното. Се обидовме да бидеме добри во нивната игра „седум на шест“, беа многу добри поради тоа одигравме реми. Ние…
Мартин Серфимов го заврши натпреварот со Австрија со два постигнати гола, а со тоа даде сво придонес во освоениот бод на Макеоднија против Австрија (29:29). По натпреварот, Серафимов истакна дека сите треба да се задоволни од она што Македонија го прикажа на средбата која имаше драматична завршница. „Треба да сме среќни затоа што успеавме да извлечеме бод од овој дуел со последниот гол на Кузмановски. Не треба да жалиме, само да одиме напред. Австрија играше седум на шест, цело време ја играат таа игра и затоа против нас ја изведоа доста квалитетно. Сега ни следи средбата со Катар, против нив…
Капитенот на нашата репрезентација, Филип Кузмановски со гол во последната секунда донесе бод за Макеоднија во дуелот против Австрија (29:-29) во првиот натпревар од втората фаза на Светското првенство (СП) во ракомет. По мечот, Кузмановски ги сподели впечатоците за она што се счучуваше на оваа средба. „На крајот можев да бидам и трагичар, промашив пенал за победа, но на крајот ме посака среќата. Имав доволно време да шутнам, презедов одговорност, имав самодоверба и успеав. Покажавме борба во текот на целиот меч, не сакам да потценам никого, но бевме поквалитетни од противникот. Мал проблем ни беше нивната игра седум на шест, а во одредени моменти…
Нашата најдобра судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски кои се дел од ова СП добија нова задача. Николов и Начевски се во данскиот Хернинг каде и денес ќе судат тажок натпевар. Тие ќе го судат дербито на денот, односно на првото коло од главната рунда меѓу домаќинот Данска и Германија. Македонската двојка ќе и суди на Данска, па домашната селекција и нивните навивачи ќе ќе имаат можност да се уверат во квалитетна арбитража, за разлика од тоа што беше демонстрирано од данските судии кои ја делеа правдата на средбата меѓу Македонија и Холандија. Натпреварот меѓу Данска и Германија се…
