Author: riste

Преснел Кимпембе за прв пат по речиси 2 години играше за ПСЖ. Дефанзивецот на Париз го замени Вилан Пачо во 81. минута од мечот со Ле Ман (2:0) во 1/8-финалето на Купот на Франција. Последен пат Кимпембе беше на теренот пред точно 709 дена – на 26 февруари 2023 година во мечот против Марсеј. Речиси 1,5 година Кимпембе се опоравуваше од скината Ахилова тетива, а во август 2024 година, по враќањето во составот на ПСЖ, повторно се повреди на тренинг.

Read More

Шефот на Техничкиот комитет на судии на шпанското првенство, Луис Медина Кантаљехо, одржа состанок со судиите по натпреварот од 22. коло на Ла Лига помеѓу каталонскиот Еспањол и мадридски Реал, кој заврши со пораз на Реал Мадрид со 0:1. Ова го објави шпанското издание „АС“. Според изворот, по средбата, голем број судии, поточно главниот судија на натпреварот, Алехандро Муњиз Руиз и Иглесијас Вилануева, кој работеше на ВАР, добија привремени суспензии поради груби грешки. Така, според Кантаљехо, прекршокот врз францускиот напаѓач на Реал Мадрид, Килијан Мбапе од дефанзивецот на Еспањол, Карлос Ромеро „заслужил повеќе од жолт картон“. Да потсетиме, Алехандро Муњиз Руиз му покажа само жолт картон на Ромеро по грубиот…

Read More

Канадскиот интернационалец Алфонсо Дејвис потпиша нов договор со Баерн со што стави крај на шпекулациите дека ќе премине во Реал Мадрид. Неговиот актуелен договор требаше да истече ова лето, но тој веќе е врзан за Баварците до 2030 година. Веста беше објавена на официјалната веб-страница на клубот. „Фонзи игра за Баерн од својата 18-та година и брзо се адаптираше во клубот. Го гледаме како една од фигурите на новата генерација на нашиот тим, кои се повеќе ја преземаат одговорноста. Тој израсна овде и ќе продолжи да се развива заедно со тимот”, изјави во официјалното соопштение членот на Одборот за спорт,…

Read More

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги обелодени деталите за првото издание на младинската Лига на шампионите во ракомет. По првичната идеја три клуба го откажаа своето учество во групната фаза (Алборг, Фредериција, Колштад) и на нивно место повикани се ГОГ Гудме, Војводина и Савехоф. Eурофарм Пелистер ќе биде дел од групата 4. Чиј органзиатор ќе биде Динамо Букурешт. Покрај нашиот состав во групата ќе бидат и домаќинот Динамо Букурешт, како и Киелце и Висла Плоцк. Во полуфиналето, Е. Пелистер ќе игра со Киелце, додека Висла Плоцк против Динамо Букурешт. Само победниците од групите ќе се пласираат на младинскиот завршен турнир во…

Read More

Младиот фудбалски репрезентативец на Македонија, Иван Николов во вториот дел од сезоната ќе го носи дресот на дански Вендсисел. Според информацијата од Данска, Николов кој е под договор со Сондерјиске до летото 2026 година, е позајмен на Вендсисел без право на откуп. „Во Иван Николов добиваме играч од средниот ред кој ќе не засили за пролетните натпревари. Станува збор за квалитетен играч кој може да покрие неколку позиции во централниот дел на теренот, а кого го баравме откако во зимскиот преоден рок се збогувавме со неколку играчи на овие позиции“, објавија од неговиот нов клуб. За Сондерјиске Иван Николов досега…

Read More

Раководството на Астон Вила официјално го објави потписот на централниот дефанзивец Аксел Дисаси од Челзи. Францускиот дефанзивец ќе игра на „Вила Парк“ како позајмен до крајот на сезоната. Трансферот помеѓу Астон Вила и Челзи беше финализиран во последните минути од зимскиот трансфер период. Сериозен интерес за Дисаси имаше и од Тотенхем, но самиот играч повеќе сакаше да потпише со екипата од Бирмингем. Договорот на играчот со Астон Вила не вклучува опција за негов откуп, што значи дека дефанзивецот сигурно ќе се врати на „Стемфорд Бриџ“ на крајот од сезоната.

Read More

Напаѓачот на Баерн Минхен, Матис Тел и официјално му се приклучи на англискиот клуб Тотенхем во последните часови од зимскиот преоден рок. 19-годишниот Французин оди на позајмица во лондонскиот клуб до крајот на сезоната. Договорот вклучува опција за откуп по истекот на периодот на позајмица. Во екипата на Тотенхем играчот ќе го носи дресот со бројот 11. Според познатиот спортски новинар Фабрицио Романо, Тотенхем на лето ќе може да го купи напаѓачот за сума од 60 милиони евра. Оваа сезона Тел одигра 14 натпревари во сите натпреварувања, на кои има само една асистенција. Првично, тој одби да им се приклучи…

Read More

27-годишниот дефанзивен играч за врска на Милан, Исмаел Бенасер, остатокот од сезоната ќе го помине на позајмица во Олимпик Марсеј, објави прес-службата на францускиот клуб. Договорот вклучува и право на купување на фудбалерот. Бенасер оваа сезона играше на осум натпревари на Милан во сите натпреварувања, давајќи една асистенција. Договорот на играчот со италијанскиот клуб е до крајот на јуни 2027 година. Проценетата вредност на фудбалерот, според интернет порталот Трансфермаркт, е 14 милиони евра. Претходно, алжирскиот репрезентативен играч за врска играше и за Емполи и беше дел од системот на лондонски Арсенал, каде одигра еден натпревар за главниот тим.

Read More

Ракометната репрезентација на Данска останува светски шампион, ракоетарите на оваа селекција ја потврдија својата доминација и во вечерашното финале против Хрватска, во кое дојдоа до убедлива победа од 26:32, и со тоа го освоија четвртото злато во низа. Хрватска пак, се чини дека се истроши во полуфиналето со Франција и вечерва немаше сили да ја повтори играта од таа средба и да се спотистави на Данска во текот на целиот натпревар. Упте од самиот старт на натпреварот Данска дојде до предност која ја имаше во текот на целото прво полувреме кое го зварши во своја полза со 12:16. Вториот дел…

Read More

Репрезентацијата на Франција ја победи Португалија и го освои бронзениот медал на СП во Данска, Норвешка и Хрватска. Франција славеше против Португалија со 35:34 во драматичен натпревар што беше решен во последните секунди, благодарение на гол од седум метри. Поголем дел од првото полувреме натпреварот беше израмнет, но Франција пред крајот на првиот дел поведе со плус три (15:12) за на одмор замина со предност од 19:17. Слично се играше и во второто полувреме, но Португалија успеа да дојде до пресврт и да поведе со 26:24, но не и да го задржи водството. Франција не се откажуваше  и во финишот…

Read More