Author: riste

Спортскиот директор на Барселона Деко изјави дека не жали за неговата одлука да ја отпушти легендата на тимот Чави Ернандез од тренерската позиција. „Заминувањето на Чави не беше лесно бидејќи ја освои лигата. Тој дојде во тежок момент за клубот, преземајќи сериозен предизвик, но минатата сезона беше тешка во секој поглед и затоа решивме дека најдобро е да направиме промена на клупата“, изјави Деко. „Не жалам за ништо бидејќи секогаш зборувам лице в лице. Секогаш ги кажувам работите во кои верувам и мислам во моментот. Чави секогаш ќе биде мој пријател и важна личност за мене“, додаде Деко.

Read More

Менаџерот на Селтик, Брендон Роџерс изрази задоволство од играта на неговиот тим во поразот на домашен терен од Баерн Минхен со 1:2 во Лигата на шампионите. „Во Лигата на шампионите секогаш можете да загубите натпревар, но важно е да не се предавате. И токму тоа го направивме. За многу од играчите ова е ниво на кое не играле. Нема за што да жалиме. Покажавме дека можеме да играме добар фудбал и да бидеме опасни. Горд сум на моите играчи. Уште не сме елиминирани. Со ист пристап ќе излеземе и на реваншот. Не се плашиме и ќе се обидеме да ги…

Read More

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го претрпе својот 12-ти пораз во сите натпреварувања оваа сезона, повторувајќи го неговото лично најлошо достигнување досега во една сезона. Да потсетиме, Манчестер Сити загуби на домашен терен во првиот натпревар од плеј-оф рундата од Лигата на шампионите 2025/2025 од Реал Мадрид (2:3). Според информациите кои беа објавени, Манчестер Сити претходно имал исто толку порази во сите натпреварувања под водство на Гвардиола само во сезоната 2019/2020. Покрај поразот во мечот со Реал, избраниците на Гвардиола загубија и во Лигата на шампионите од ПСЖ (2:4), Јувентус (0:2) и Спортинг (1:4). Манчестер Сити загуби од Арсенал (1:5), Астон…

Read More

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе ги надмина легендите како Раул Гонзалес и Андриј Шевченко по головите постигнати во нокаут натпреварите од Лигата на шампионите. Францускиот голгетер постигна гол против Манчестер Сити во првиот натпревар од пресметката со Манчестер Сити на „Етихад“. Мбапе погоди за 1:1 во вториот дел, а тоа беше негов дваесетти гол во елиминациски меч од Лигата на шампионите. Французинот до оваа бројка на постигнати голови дојде во триесет натпревари. На овој начин ги надмина Раул и Шевченко кои имаат по осумнаесет гола. Раул своите голови ги постигна на 46 натпревари, додека Украинецот на 32 натпревари. Пред…

Read More

Македонскиот фудбалски репрезентативен стопер Јован Манев има нов клуб откако си замина од редовите на турска Адана Демирспор. Манев за оваа екипа настапуваше во изминатите три години, а од денес е нов играч на Ријека. 24-годишниот фудбалер беше дел од Адана од 2022 година, во меѓувреме имаше една позајмица во Осијек. Сепак, тој се одлучи да замине од клубот и да бара нов предизвик во шампионатот на Хрватска кој му е познат. Манев се врати во Хрватска, каде ќе продолжи во Ријека. Договорот на двете страни е до 2027 година, а во новиот клуб ќе настапув во дресот со број 15. Манев има седум…

Read More

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Александар Јончевски, излезе со списокот на кошаркари на кои ќе смета во претстојниот трет евроквалификациски прозорец. Репрезентацијата ќе тренира неколку дена во Скопје, а потоа ќе замине за Талин каде на 21. февруари ќе го одигра претпоследниот натпревар за овој квалификациски циклус. Три дена подоцна, на 24. февруари (понеделник) ќе ја пречекаме соодветната репрезентација на Полска во Скопје. Натпреварот против Полска ќе се одигра во СРЦ Кале, со почеток во 18:30 часот. Список на повикани кошаркари: 1.    Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром2.    Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром3.    Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром4.    Андреј Маслинко…

Read More

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) продолжува со својата стратешка определба за подигнување на квалитетот и професионализмот во фудбалското судење. Во таа насока, оваа година, редовниот Зимски судиски семинар 2025 за судии и контролори од Единствената листа за Првата и Втората МФЛ, кој се одржа од 7. до 11. февруари во Струмица, имаше посебен акцент на едукацијата, физичката подготвеност и унифицираната примена на правилата на играта, согласно највисоките стандарди на ФИФА и УЕФА, презентирани од досегашните еминентни наши најдобри судии, а сега судиски инструктори, Александар Ставрев, Димитар Мечакровски, Дејан Јакимовски, Јосип Бартон, Горан Спиркоски, Марјан Кировски и Дејан Костадинов „Судиската организација…

Read More
NBA

Кошаркарите на ЛА Лејкерс ја победија Јута на домашен терен со 132:113, а натпреварот го одбележа дебито на Лука Дончиќ. Словенецот неодамна пристигна во Лос Анџелес од Далас Маверикс во спектакуларна размена, а синоќа првпат заигра заедно со еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Леброн Џејмс. Дончиќ беше 23 минути на паркетот и веднаш покажа дека ќе биде големо засилување за тимот од ЛА. Постигна 14 поени, имаше пет скока и четири асистенции. ЛА Лејкерс одлично го отворија натпреварот и веќе по првата четвртина имаа предност од 12 поени. До крајот на втората четвртина само ја зголемуваа предноста која…

Read More

Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Родри, кој се повреди за време на септемврискиот натпревар против Арсенал, се појави на Суперболот 2025 и сподели информации за неговото закрепнување. Да потсетиме, играчот има скинати предни вкрстени лигаменти. „Па, секогаш велам дека тоа е дел од животот. Спортистите се навикнати на вакви работи. Но, јас сум многу позитивна личност во смисла дека прифаќам се како што е. Секогаш му благодарам на Бога за се и во такви моменти се трудам да бидам позитивен. Моментално тренирам и ги зајакнувам другите делови од моето тело“, изјави Родри за „Сакј Спортс“. Да потсетиме, претходно беше…

Read More

Познати се двојките за следното коло од ФА Купот на Англија. Екипата на Плимут, кој го елиминираше Ливерпул во ова натпреварување, ќе се соочи со Манчестер Сити во натпревар од петтото коло на турнирот. Актуелниот носител на трофејот Манчестер Јунајтед за противник ќе го има Фулам. Еве ги сите двојки за петтото коло од ФА Купот:Престон – БарнлиАстон Вила – КардифКристал Палас – МилволМанчестер Јунајтед – ФуламЊукасл – БрајтонБурнмаут – ВулверхемптонМанчестер Сити – ПлимутЕксетер/Нотингем Форест – Ипсвич Натпреварите од 1/8 финалето на ФА Купот ќе се играат на 1 и 2 март.

Read More