Ги знаеме сите учесници и натпревари за историската сезона во Лигата на шампионите 2024/2025. Со промената на форматот од оваа година кој стапи на сила каде нема групи, но има генерален пласман и секоја екипа игра еднаш со 8 различни екипи, наместо 2 пати со 3 противници. Во оваа прилика суперкомпјутер на една британска компанија направи прогноза за развојот на првото издание на новиот формат на најсилниот европски клупски турнир. Уредот ја симулирал сезоната 1.000 пати за да предвиди кој е најверојатниот победник на турнирот. „Предвидувањата се резултат на модел кој го симулира секој натпревар од натпреварувањето и го предвидува…
Author: riste
Македонската фудбалска репрезентација со само еден освоен бод се враќа од гостувањето кај Фарски Острови. Во воведниот натпревар од четвртото издание во Лигата на Нации нашите репрезентативци одиграа само 1:1 против домашната селекција на Фарски Острови. Немаше константност во играта на Македонија, премногу освилации и грешки кои не дозволија да дојдеме до три бода од оваа средба. Македонија лошо го почна натпреварот. Фарски Острови практично по првиот напад стигна до водство со сомнителен пенал. Иљазовски беше во дуел со Ватхамар, што судијата Лукјанчукас го окарактиризира како удар од белата точка, кој прецизно го изведе Давидсен за водство од 1:0. Македонскте…
Комисијата на УЕФА за финансиска контрола на клубовите изрече казна од 2 милиони евра на италијанскиот клуб Рома поради кршење на принципите на финансискиот фер-плеј, соопшти прес-службата на УЕФА. Според информациите, санкцијата е донесена откако римскиот клуб ги надмина привремените лимити за финансиската 2023 година. Рома беше меѓу 10-те клубови кои се во регулационен режим во сезоната 2023/24. Интер, Милан, Марсеј, ПСЖ, Монако, Бешикташ, Трабзонспор и Антверпен ги исполнија сите привремени финансиски показатели за 2023 година. За прекршување на конечните показатели за сезоната 2023/24, УЕФА го казни турскиот Истанбул Башакшехир. Клубот ќе биде дисквалификуван од европските натпреварувања следната сезона доколку…
Англискиот шампион Манчестер Сити веќе започна разговори со својот голгетер Ерлинг Халанд за нов договор и изгледа дека двете страни не се далеку од постигнување договор. Агентот на Норвежанецот Рафаела Пимента и раководството на „Граѓаните“ веќе одржаа неколку состаноци, а се укажува на тоа дека напаѓачот може да го обнови и подобри актуелниот договор. Доколку договорот биде финализиран, Халанд ќе стане најплатениот играч на Манчестер Сити. Во моментов тоа е Кевин Де Бруин. Според информациите на Островот, под новите услови Норвежанецот ќе добива 24 милиони евра нето по сезона. Актуелниот договор на Халанд со англискиот шампион е до 2027 година.…
Раководството на Барселона упати посебно барање до Шпанската фудбалска федерација да го одложи натпреварот на тимот на 29 ноември против Лас Палмас. Токму на овој датум клубот од Камп Ноу полни 125 години. Според информациите во Шпанија, барањето на Барса ќе биде испочитувано и овој натпревар ќе биде поместен за неколку дена.
Италијанецот Масимилијано Алегри наскоро може да се врати на професијата и на чело на еден од неговите поранешни тимови Милан, пренесува „Тутоспорт“. „Росонерите“ имаа многу лош почеток на сезоната и освоија само два бода по првите три кола, па притисокот врз тренерот Пауло Фонсека се зголемува. Милан донесе некои големи засилувања ова лето и имаат големи амбиции, а со оглед на тоа што Милан се сретна со Лацио, Парма и Торино, медиумите почнаа да вршат поголем притисок врз Фонсека. Сепак, управата на „росонерите“ ја потврди довербата во тренерот, но доколку работите не се сменат, тогаш ќе размислуваат за замена, а…
Пред денешниот официјален тренинг во Торшавн, на прес-конференцијата зборуваа селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски и капитенот Енис Барди. Почетокот на четвртиот циклус на Лигата на нации е пред нас , а на гостувањето кај Варски Острови се осврна селекторот Милевски „Ни следи првиот натпревар, а тој секогаш е тежок. Фарски Острови е квалитетен тим, дисциплинирани се и затоа имаме максимална почит кон нив. Сепак, наша јасна цел е првото место во групата на Лигата на нации. Треба да бидеме на својот максимум за да не зависиме од играта на противникот. Во минатото издание на Лигата на нации, Фарски…
Македонскиот кик бокс натпреварувач Силвио Мировски се врати со освоен златен медал од Светското првенство во кик бокс за кадети и јуниори кое се одржа во Будимпешта, Унгарија. Мировски во финалето славеше против Иван Бородатји од Украина 2-1. Ова беше голем успех за македонскиот кик бокс, а тоа беше повод да го поканиме во нашето студио. „Ова беше она за што работевме во изминатите години, се подготвувавме за голем резултат и тој дојде токму на ова СП. Минатат година освоив сребрен медал на ЕП и тоа беше дополнителен мотив да работам уште повеќе и да дојдам до ова злато. Сега…
Раководството на Интер Мајами објави фотографии од новиот стадион на клубот кој треба да биде готов во 2026 година. Новиот објект, кој ќе биде дел од огромен комплекс, ќе се вика „Парк на слободата“ во Мајами и ќе чини 1 милијарда долари. Интер моментално своите домашни натпревари ги игра на стадионот Чејс, кој има капацитет од нешто повеќе од 21.000 гледачи. Новиот стадион нема да биде многу поголем и ќе може да прими до 26.000 гледачи. „После години на исчекување, исклучително е возбудливо да се сподели дека во 2026 година, Интер Мајами ќе се пресели во својот нов дом, „Паркот…
Манчестер Јунајтед може да му го отпушти главниот тренер Ерик тен Хаг, пренесува „Гардиан“. Моделот на игра на Ерик Тен Хег мора да почне да ја импресионира управата на тимот или тој ризикува да добие отказ бидејќи стилот на игра на Манчестер Јунајтед оваа сезона се смета за незадоволителен, вели изворот. Клубот разбира дека тимот е ослабен поради повреди и на Тен Хаг му треба време да ги интегрира новодојдените играчи, но има и сериозна загриженост за тоа како тој го гради тимот. Моделот на игра на менаџерот внимателно го проучува фудбалскиот оддел на Манчестер Јунајтед. Манчестер Јунајтед моментално се…
