Author: riste

Македонската фудбалска репрезентација од вчера попладне е во Торшавн, каде утре (сабота) ќе ги почне натпреварите од своето четврто учество во Лигата на нации. Ладно време, ветер и тренинг на терен со вештачка трева беа за добредојде на избраниците на селекторот Благоја Милевски на Фарски Острови. Целта на првиот тренинг беше да се почувствува местото, теренот и времето во Торшавн. Македонија нема да може да смета на неколку играчи кои поради повреда не отпатуваа со репрезентацијата, а денес официјалниот тренинг ќе биде од 15:00 часот по македонско време. За овој натпревар е делегиран литванскиот судија Манфредас Лукјанчукас, а ќе му помагаат…

Read More

Заврши чекањето за Сан Марино! Тимот на Сан Марино успеља да победи со 1:0 над Лихтенштајн во натпревар од групата 1 во Лигата на нациите, за да ја забележи својата прва победа од 28 април 2004 година и 140 одиграни натпревари. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Нико Сенсоли во 53. минута. Историја испиша најлошиот тим на ранг-листата на ФИФА (210-то место) кој конечно стави крај на најдолгата серија без победа во историјата на меѓународниот фудбал (140 натпревари кои датираат од април 2004 година). Во изминативе 20 години Сан Марино забележа неколку тешки порази како 0:13 против Германија, но…

Read More

Ракометарите на Алкалоид се освојувачи на Супер Купот на Македонија, откако вечерва во Гевгелија го совладаа шампионот Еурофарм Пелистер со 33:30. Мечот во салата „26 април“ мина во знакот на скопскиот тим, кој од стартот се наметна и имаше константна предност. Избраниците на Кире Лазаров на полувреме имаа предност од 5 гола (19:14), а успеаја да ја задржат и во вториот дел кога битолчани притиснаа, но не успеаја да направат целосен пресврт. Никола Костески со 8 гола беше ннајефикасен, дека кај поразените Кузмановски постигна 5 гола.

Read More

Од денес до 8 септември во Скопје се одржува меѓународниот пинг понг натпревар „World Table Tennis (WTT) Youth Star Contender Skopje 2024“. Натпреварите на овој турнир кој е од меѓународен карактер се играат во спортскиот центар Јане Сандански во Скопје. За самата организација и квалитетот на натпреварувачите во програмата на Спортско радио 90,3 разговаравме со Сотир Габелоски, кој е дел од организацијата на овој турнир. „По одржувањето на ЕП во Скопје за млади категории, добивме можност да бидеме организатори на овој турнир кој ги собира најдобрите светски пинг понг играчи во две категории, до 15 и до 19 години. Првите…

Read More

Македонскиот репрезентативец и интернационалец Кристијан Трапановски со своите настапи во новиот клуб Данди Јунајтед го заслужи местото во нашата најдобра фудбалска репрезентација. Селекторот Благоја Милевски го повика во селекцијата за првите два натпревари од новата сезона на Лигата на нации. Македонија во септемвриската репрезентативна пауза ќе одигра против Фарски Острови и Ерменија, во рамки од новата сезона во Лигата на нации, а своите очекувања ги кажа и Трпановски. „Задоволство ми е што сум дел од репрезентацијата на Македонија. Се надевам дека ќе добијам шанса да ги покажам моите квалитети. Се чувствувам како да сум долго време тука, иако првпат сум…

Read More

Килијан Мбапе можеби повеќе не е играч на Пари Сен Жермен, но тоа не значи дека нема да има контакт со својот поранешен тим. Причината е што за една недела, на 11 септември (среда), претставниците на францускиот шампион и Мбапе ќе се сретнат во правната комисија на Француската фудбалска лига за да ја решат ситуацијата со долгот на клубот кон играчот во висина до 55 милиони евра, пренесува авторитетното издание „Л’Екип“. Претходно во медиумите се појави информација дека парижаните не му ги исплатиле платите на Мбапе и разните бонуси од април 2024 година, а 25-годишниот фудбалер испратил официјален допис до…

Read More

32-годишниот одбранбен играч за врска на Манчестер Јунајтед, Каземиро би можел да му се приклучи на турскиот гигант Галатасарај, објави турскиот инсајдер Гала Хабер на социјалната мрежа Х. Турскиот клуб добил понуда за Каземиро преку менаџери и веќе ја разгледува можноста за негов трансфер. Манчестер Јунајтед од своја страна бара што поскоро да го продаде бразилскиот фудбалер. Главната причина за тоа е што клубот планира да го засили својот тим со играчот од средниот ред Адриен Рабиот, кој моментално е слободен играч. Каземиро потпиша за Манчестер Јунајтед во летото 2022 година и има одиграно 87 натпревари за клубот во сите…

Read More

Њукасл добро ја започна новата сезона во Премиер лигата. 7 бода од 3 натпревари дефинитивно е добар почеток за Њукасл, кој и покрај недостатокот од сериозни трансфери летово, повторно се снаоѓаат на не така лош начин и релативно мирно ја дочекуваат репрезентативната пауза. Според англиските медиуми, во Њукасл се решени да задржат една од своите големи ѕвезди. Станува збор за Ентони Гордон, кој е исклучително важен дел од тимот на Еди Хау, а од Њукасл се подготвени да му понудат на поранешниот играч на Евертон нов договор со значително подобри финансиски параметри. Наскоро се очекува да започнат разговорите меѓу двете…

Read More

Раководството на Ливерпул планира интензивни разговори со големата ѕвезда на тимот Мохамед Салах. Секако, станува збор за можно обновување на договорот на египетскиот репрезентативец со „црвените“. Актуелниот договор на играчот истекува на крајот на сезоната, што значи дека Салах веќе во јануари ќе може да преговара со сите заинтересирани клубови. Токму поради оваа причина Ливерпул има намера да започне разговори со напаѓачите пред крајот на годината. Салах ги загрижи навивачите на „црвените“ по уште еден силен настап за Ливерпул против Манчестер Јунајтед, изјавувајќи дека ова е негова „последна година“ за клубот. Сепак, според многумина, зборовите на Салах биле погрешно протолкувани.…

Read More

Фудбалската репрезентација на Аргентина ќе биде без Лионел Меси и Анхел Ди Марија во исто време на официјален натпревар од 2013 година. Ова дојде откако беше објавен составот за натпреварите против Чиле дома во четврток и на гостувањето кај Колумбија следниот вторник во квалификациите за Светското првенство во 2026 година. Отсуството на двојката од тимот на Лионел Скалони не е изненадување бидејќи Меси не играше поради повреда во финалето на Копа Америка во кое Аргентина ја победи Колумбија со 1-0 на 14 јули. Тој се здоби со повреда на десниот скочен зглоб и дури минатата недела почна да тренира. Аргентина…

Read More