Author: riste

Капитенот Вирџил ван Дијк ќе игра за репрезентацијата на Холандија најмалку до Светското првенство во 2026 година, изјави селекторот Роналд Куман на прес-конференција пред натпреварот од Лигата на нации против Босна и Херцеговина. Холандија се пласираше во полуфиналето на Евро 2024, каде што беше елиминирана од Англија. „Беше важно да го видам и да разговараме. Сакав да знам дали има намера да игра за националниот тим со полн интензитет во следните две години и тој позитивно одговори на моето прашање. Го сакам и во тимот. Ако некогаш имаш било какви сомнежи за Вирџил, тие сега треба да бидат во историјата“,…

Read More

Напаѓачот на Валенсија, Рафа Мир е осомничен за сексуална злоупотреба, објавија во вторникот шпанските медиуми. Од Кадена СЕР информираат дека фудбалерот позајмен во Валенсија од Севиља, бил приведен од шпанските власти во понеделникот вечерта. Рафа Мир не се појавил на денешниот тренинг на Валенсија. 27-годишниот напаѓач е осомничен за сексуален напад на две жени во својот дом. Уште едно лице за кое се верува дека е вмешано во злосторството, исто така е приведено во полиција. Наводните жртви го пријавиле делото и побарале лекарска помош. Рафа Мир наскоро треба да сведочи пред властите.

Read More

До крајот на септември, Милано најверојатно ќе ја откаже можноста да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во 2027 година. Ова се должи на фактот што на легендарниот стадион „Сан Сиро“, на кој ќе се одржи свеченото отворање на Зимските олимписки игри во февруари 2026 година, му треба сериозна реконструкција. Арената му припаѓа на градот, чие градско собрание веќе засилено бара пари за подобрување на инфраструктурата. Во 2026 година „Сан Сиро“ ќе наполни 100 години. По Зимските олимписки игри, може сериозно да се обнови или целосно да се урне. Милан и Интер, кои играат на општинскиот стадион под…

Read More

Централниот дефанзивец на Јувентус, Тиаго Џало, актуелната сезона ќе ја помине на позајмица во Порто. Фудбалерот и се приклучи на „старата дама“ во последниот зимски преоден рок и потпиша договор до крајот на јуни во 2026 година. 24-годишниот дефанзивец во претходната сезона се соочи со потешка повреда и учествуваше на само еден натпревар

Read More

Хвича Кварацхелија ќе го продолжи договорот со Наполи. Грузискиот крилен напаѓач ја прифати понудата на наполитанскиот клуб да склучи договор до 2029 година. Тоа го пренесе денеска–„Sportmediaset“ повикувајќи се на доверливи извори од клубот.   Според условите на новиот договор, играчот ќе може да заработува до 5 милиони евра годишно вклучувајќи ги и бонусите.

Read More

Фудбалскиот состав на Арсенал ќе остане без летното засилување Микел Мерино околу два месеца. Шпанскиот интернационалец се повреди на првиот тренинг со „топчиите“. Последните лекарски прегледи потврдија дека Мерино нема да игра до средината на октомври. Тоа значи дека менаџерот, Микел Артета, ќе има одредени проблеми за претстојното лондонско дерби со Тотенхем закажано на 15 септември.

Read More

Генералниот директор на Манчестер Јунајтед, Омар Берада,  изјави дека клубот целосно го поддржува менаџерот, Ерик тен Хаг. „Црвените ѓаволи“ на стартот на сезоната во Премиер-лигата имаат една победа и два пораза по три одиграни кола.   „Веруваме дека тој е вистинскиот за нас и целосно го поддржуваме“ – потенцираше  кратко Берада.

Read More

Возачот на Ферари во Формула 1, Шарл Леклер, по победата на трката во Монца, вели дека тимот треба да продолжи да работи на подобрување на болидот доколку сака да забележи повеќе бодови до крајот на сезоната. „Треба да бидеме многу внимателни. По Монако имавме околу четири трки кои се покажаа како најлоши во сезоната“ – вели Лерклер. „Имавме големо ажурирање на болидот, што дефинитивно ни помогна да се доближиме до Мекларен“ – вели возачот во Формула 1.

Read More

Чеди Осман е блиску до преселба во Реал Мадрид . Според – „Eurohoops“ двете страните напредувале во преговорите. Турскиот кошаркар (29 години, 201 см) во претходната сезона имаше 72 натпревари за Сан Антонио со просек од 6,8 поени и 2,5 скока. Чеди е слободен агент по истекот на неговиот 4-годишен договор .

Read More

Бразилецот, Вилијан, потпиша договор со Олимпијакос, објави прес-службата на тимот на својата страница на социјалната мрежа Х. Тој во сезоната 2023/2024, имаше 37 настапи за Фулам во кои постигна пет голови и направи две асистенции. Вилијан во поголемиот дел од кариерата играше за Челзи. Со лондонскиот клуб освои две титули во Премиер лигата, Лига Куп, ФА Куп и Лига Европа.

Read More