Напаѓачот на Барселона, Феран Торес, се согласил да се приклучи на Пари Сен Жермен, објави каталонскиот весник „Спорт“. Според информациите, шпанскиот репрезентативец е се поблиску до заминување од „Камп Ноу“. Од своја страна, Барселона активно бара замена за Роберт Левандовски и ги фокусираше своите напори на привлекување на Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид. Во исто време, Феран Торес му сигнализираше на францускиот шампион дека е отворен за трансфер во Париз. Овој потег од страна на играчот им дава зелено светло на раководството на ПСЖ да започне преговори со Барселона за финализирање на договорот. Феран Торес беше стрелец на победничкиот гол…
Author: riste
Македонскиот фудбалски интернационалец Георг Стојановски и официјално е нов фудбалер на катарскиот клуб Лусаил. Клубот од Доха официјално го промовираше македонскиот напаѓач како свое најново засилување во летниот преоден рок. Младиот македонски голгетер потпиша тригодишен договор со тимот на Лусаил со опција за продолжување на уште две. Стојановски во Катар пристигнува по успешните настапи во Бугарија за екипата на Спарта Варна. Ова е голем трансфер и огромен чекор напред во неговата професионална кариера. 22-годишниот напаѓач се приклучи на Спартак во септември 2025 година. Тој одигра 27 натпревари, во кои постигна десет гола и имаше пет асистенции. Оваа сезона, Стојановски има два гола и една асистенција на два натпревари…
Египетскиот интернационалец Мохамед Салах од денес влегува во историјата на европскиот фудбал како играч кој ќе има највисока годишна плата во некој клуб од Европа. Со трансферот кој го направи во турскиот тим Трабзонспор, Мохамед Салах го надмина Ерлинг Халанд кој има 16,6 милиони евра годишна плата во Манчестер Сити. Салах во Трабзон ќе добива 17 милиони евра годишна плата плус дополнителни бонуси. Салах веќе позираше во дресот на Транзонспор и ги поздрави навивачите на оваа екипа.
Најуспешниот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе, денеска за првпат го претстави својот нов прототип болид со кој ќе има можност да се натпреварува во претстојната натпреварувачка сезона. Игор Стефановски на самото претставување на своето ново возило даде повеќе информации за истото. „Овој ден е едно ново поглавје во мојата кариера, дефинитивно нешто што го очекував долги години, се работи за прототип Норма, вакви има само 12 произведени, а јас ја имам честа да бидам првиот на Балканот кој ќе се натпреварува со ваков тип на автомобил. Инаку се работи за прототип налик на Формула 1 и е многу моќно…
Англиските клубови Арсенал и Њукасл Јунајтед се согласија за трансферот на бразилскиот играч од средниот ред Бруно Гимареш во лондонскиот клуб. Новинарот Фабрицио Романо го објави ова на социјалните мрежи. „Бруно Гимареш му се приклучува на Арсенал! Договорот со Њукасл беше постигнат по долги преговори; личните услови беа договорени со Бруно уште во јули. Трансферната цена е 75 милиони фунти (87,75 милиони евра). Бруно Гимараеш ќе биде нов играч од средниот ред за Микел Артета“, напиша Романо. Во сезоната 2025/2026 во англиската Премиер лига, 28-годишниот Бруно Гимареш одигра 29 натпревари, постигна девет гола и имаше пет асистенции. Тој исто така одигра седум натпревари во…
Тренерот на Црвена Звезда, Дејан Станковиќ, го коментираше поразот во натпреварот од третото квалификациско коло од сезоната 2026/2027 на Лигата на шампионите од израелскиот Хапоел Бер Шева (0:1). „Моравме да одговориме на нивната борбена и агресивна игра. Ова беше особено забележливо во првото полувреме, кога не успеавме да ги совладаме во последната третина од теренот, губејќи премногу скокови и дуели еден на еден. Одговорноста е кај мене, бидејќи јас бев тој што го подготвуваше тимот за натпреварот и ги носеше одлуките. Тоа беше моја идеја, но едноставно не можевме да ја спроведеме како што треба. Бевме премногу нервозни – можеби затоа што…
Македонските ракометни кадети ја забележаа првата победа на Европското првенство што се одржува во Белград, Србија. Младите македонски ракометари играат во групата 1 од разигрувањето за пласман и славеа убедливо против Италија со 33:23 (17:13). Уште од стартот избраниците на селекторот Горан Кузманоски почнаа да ја градат предноста која од минута во минута ја зголемуваа зана крајот на првиот дел на одмор заминат со четири гола водство од 17:13. Во продолжението нашите кадети играа многу сигурно. Предноста почна да расте и да се зголемува. По серијата од 5:0 направија водство од 29:18 која до крајот на мечот ја одржуваа за да стигнат…
Младата македонска џудистка, Ива Богдановска го освои златниот медал во категорија до 63 килограми на балканското првенство за сениори кое викендов се оддржува во Тирана, Албанија. Во четвртфиналето нашата џудистка беше подобра од албанската џудистка Десара Ндочи, во полуфиналето ја совлада босанската репрезентативка Самарџиќ, а во битката за златото Ива успеа да ја совлада домашната натпреварувачка Албанката Касандра Ковачи.
Шпанскиот тренер Санти Денија (52) е назначен за нов селектор на Чешка, објави Чешката фудбалска федерација. Тој потпиша двегодишен договор, со што стана првиот странец што ќе ја води репрезентацијата. Денија замени Мирослав Кубек, кој ја напушти позицијата по неуспехот на Светското првенство во САД, Канада и Мексико и елиминирањето во групната фаза. Денија поголемиот дел од својата тренерска кариера го помина работејќи во помладите категории на Шпанија, каде што соработуваше со актуелниот тренер на европскиот и светски шампион, Луис де ла Фуенте. Тој ќе го има своето деби на клупата на Чешка на 26 септември во Лигата на нации…
Судот за спортска арбитража пресуди дека крилниот напаѓач на Челзи, Михајло Мудрик (25), може да ја продолжи кариерата две години откако беше суспендиран поради допинг. Тој беше позитивен на мелдониум и отсекогаш тврдеше дека не знае што зема. Тој беше пречекан на „Стемфорд Бриџ“ од новиот менаџер, Чаби Алонсо, кој смета на него и тоа јавно го стави до знаење. Значи, Украинецот има договор до јуни 2031 година, а не треба да заборавиме дека пред три години Шахтјор му плати 70 милиони евра, а со бонуси таа сума може да достигне и до 100 милиони.
