Ракометната федерација на Македонија ја информира јавноста дека Игор Марковиќ е именуван за нов селектор на женската сениорска репрезентација на Македонија.Марковиќ е роден на 16 декември 1981 година во Цетиње, Црна Гора. Како играч настапуваше на позицијата лево крило и зад себе има богата и успешна кариера, бранејќи ги боите на РК Ловќен, Будуќност Подгорица, Ал-Курине (Кувајт) и унгарскиот Комлои Бањаш.За сениорската репрезентација на Црна Гора настапуваше од 2007 до 2018 година, учествувајќи на Светското првенство во 2013 година и Европското првенство во 2014 година. Долги години беше рекордер по бројот на официјални настапи за националниот тим и се вбројува…
Author: riste
Прес-службата на Француската фудбалска федерација објави дека Зинедин Зидан е назначен за нов селектор на репрезентацијата. Неговиот договор е до 2030 година. Француската репрезентација го заврши учеството на Светското првенство во 2026 година под водство на Дидие Дешамп, кој претходно го најави своето заминување по турнирот. Во натпреварот за третото место на Светското првенство во 2026 година, француската репрезентација загуби со 4-6 од Англија. Зинедин Зидан е надвор од тренерската позиција од 2021 година. Претходно тој двапати го водеше Реал Мадрид: во 2016, 2018 и од 2019 до 2021 година. За време на неговиот мандат, мадридскиот клуб освои 11 трофеи, вклучувајќи три…
Машката кадетска репрезентација на Македонија денеска отпатува за Белград, каде од утре ќе го започне настапот на Европското првенство. Избраниците на селекторот Горан Кузманоски ќе играат во исклучително силна група, во која за ривали ќе ги имаат селекциите на Словенија, Франција и Шведска. Во оваа конкуренција отвораме со Словенија, па играме со Франција и за крај со Швеѓаните. Распоред на натпреварите на Македонија:29 јулиСловенија – Македонија30 јулиФранција – Македонија 1 августМакедонија – Шведска Сите три натпревари на кадетите се закажани за во 12:00 часот.
Крилниот напаѓач на ПСЖ, Бредли Баркола, постигнал принципиелен договор со Ливерпул за условите на личен договор, според инсајдер Николо Шира. Според изворот, двете страни се договориле за договор до летото 2032 година, што му обезбедува на 23-годишниот Французин највисока плата. Ливерпул сега треба да преговара за трансферната сума со ПСЖ. Парискиот клуб наводно го проценува Баркола на 170 милиони евра, но од „Енфилд“ се надеваат дека ќе ја намалат цената и подготвуваат понуда поголема од 100 милиони евра. Се забележува дека самиот фудбалер е отворен за трансфер и го смета Ливерпул за приоритетна опција за продолжување на неговата кариера доколку клубовите успеат…
Вардар вечерва во Летонија ќе се обиде да направи изненадување против екипата на Рига на реванш натпреварот од 2.коло на Конференциската лига на УЕФА. Тренерот Кристијан Фабијани пред средбата во главниот град на Летонија рече: „Ни следи нов европски натпревар за оваа сезона. Тактички мора уште повеќе да се подобриме од претходните мечеви, да ги намалиме грешките, а притисокот ќе биде повеќе врз домаќинот Рига. Мора да играме трпеливо, тактички да бидеме перфектни и со намалени грешки во сите линии. Сите играчи кои допатуваа со нас ќе конкурираат за игра, ги немаме во тимот само Хоакин Торес и Бобан Николов“, изјави…
Уште едно големо признание за македонскиот спорт, дојде денеска, откако претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска, беше избрана за член на Управниот Одбор на Светската федерација на училишен спорт (ISF), највисокото управувачко тело на оваа организација. На првиот состанок на новиот Извршен одбор на ISF, кој се одржа во Белград, беше формирана управувачката структура за новиот четиригодишен мандат, од 2026 до 2030 година. Токму на овој состанок беше донесена одлуката Мицковска, заедно со Олабиси Џозеф од Нигерија, да бидат претставници на Извршниот одбор во Управниот Одбор на ISF, највисокото управувачко тело. Овој избор има огромно значење…
Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов се враќа во полската Екстракласа. Крилниот напаѓач веќе се договорил за условите со Погон Шчечин, објавија полските медиуми. Викендов се појави веста дека Дарко Чурлинов е блиску до враќање во Полска, откако имаше одличен период додека беше дел од екипата на Јагелонија Бјалисток во сезоната 2024/25. Тој сега преговараше со Погон и со Видзев Лоѓ, но се чини дека вчера работите отидоа во насока на негов трансфер во Погон. „Се чинеше дека договорот со Видзев е веќе финализиран. Во неделата, пред натпреварот на Видзев против Мотор тој требаше да биде најавен како еден од новите…
Ракометниот шампион Вардар денеска и официјално ќе ги почне подготовките за новата сезона. На подготовките треба да бидат присутни сите нови играчи кои во иднина ќе настапуваат за Вардар. Првиот официјален тренинг ќе се одржи во салата „РАСАДНИК“ со почеток од 18.30 часот. Тоа ќе биде местото каде во иднина клубот каде ќе тренира и ќе ги игра своите натпревари од домашното првенство.
Големиот победник на овогодинешниот Тур де Франс е Тадеј Погачар. Словенецот од тимот на Обединетите Арапски Емирати ја освои својата петта титула во трката и со овој успех им се придружи на великаните во историјата на велосипедизмот – Жак Анкетил, Еди Меркс, Бернар Ино и Мигел Индуреин, кои исто така имаат по пет победи. Со ова достигнување тој го израмни рекордот откако седумте титули на Ленс Армстронг беа поништени поради допинг. Погачар заврши со убедливо водство од 6:26 минути пред второпласираниот Ремко Евенепул и 9:42 минути пред неговиот мексикански колега Исак дел Торо. Инаку, во последната 21-ва етапа триумфираше холандскиот…
Јувентус сериозно размислува за потписот на поранешниот дефанзивец на Манчестер Сити, Џон Стоунс. 32-годишниот дефанзивец е слободен агент, но беше дел од тимот на Англија на Светското првенство. Според новинарот Џанлука Ди Марцио, раководството на Јувентус веќе контактирало со претставниците на Стоунс за да започнат преговори за трансфер. Претходно беше објавено дека Интер исто така покажува интерес за дефанзивецот.
