Утре стартува 35-тиот Македонскиот фудбалски шампионат кој ни носи намален број на екипи во ПМФЛ, односно 10 екипи кои ќе се борат за шампионската титула и излез во Европа. Во оваа 35-та сезона на ПМФЛ, екипата на Вардар од Скопје влегува како бранител на титулата, а најсериозен конкурент во битката за титулата секако ќе му биде Шкендија од Тетово. Вардар е рекордер по бројот на трофеи, вкупно 12, додека Шкендија зад своето име има пет трофеја и е на второто место на листата. За Европа се очекува да се борат неколку екипи, меѓу кои секако освојувачот на Купот на Македонија…
Author: riste
Од ФК Вардар утринава објавија фотографии од соблекувалната на гостинската екипа Рига од Летонија по завршувањето на првиот натпревар од 2.коло од квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. Рига го победи Вардар на теренот на нашиот најголем стадион, но според фотографиите и видео материјалот претерале со славењето па уништите дел од инвентарот во соблекувалната. Според фотографиите кои се објавени се гледа дека оштетување има на масите за масажа и неколку шкафчиња. Останува да видиме дали Вардар како организатор на натпреварот ќе бара од гостинската екипа да ја надоместат штетата која ја направиле нивните играчи.
Историски момент за македонскиот спорт. Претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска, направи голем и значаен чекор за афирмација на нашата земја на меѓународната спортска сцена. Со гордост ве известуваме дека Македонија за првпат доби свој претставник во Извршниот одбор (највисокиот орган на управување) на Светската федерација на училишен спорт (ISF), што претставува големо признание за досегашната работа, но и потврда за напредокот и развојот на училишниот спорт во нашата држава. На Генералното изборно собрание, кое се одржува во Белград, а на кое присуствуваат претставници од земјите членки од целиот свет, Елена Мицковска ја претстави својата програма,…
На еден месец до почетокот на Медитерански игри во Таранто 2026, подготовките на македонската делегација се во полн ек. Од 21 август до 3 септември, македонските спортисти ќе бидат дел од едно од најзначајните мултиспортски натпреварувања во регионот, каде ќе ги одмерат силите со најдобрите спортисти од медитеранските земји. Македонија годинава ќе настапи со досега најбројната делегација на Медитеранските игри, составена од околу 130 учесници. Нашите претставници ќе се натпреваруваат во 19 спортови, што претставува значаен исчекор и уште една потврда за развојот на македонскиот спорт и континуираното присуство на меѓународната спортска сцена. Особено значајно е што македонската делегација ќе…
Македонскиот одбојкарски репрезентативец, Александар Љафтов во новата сезона ќе го носи дресот на македонскиот шампион Штип УГД. Клубот вчера го најави неговото доаѓање, а денеска и официјално го потврди трансферот на еден од најдобрите македонски одбојкари. Љафтов е еден од носителите на македонската одбојкарска репрезентација повеќе од 15 години. Минатата сезона ја помина во дресот на Бурган од Кувајт, а потоа ја заврши во Унгарија во екипата на МАВ Елоре. Штипјани во Љафтов добиваат сериозно засилување во очекување на новата сезона во која клубот ќе го има дебито во најсилното натпреварување, Лигата на шампионите на ЦЕВ.
Македонскиот фудбалски шампион Вардар ќе подели премија од 100.000 евра, доколку тимот успее да ја мине екипата на Рига во 2. коло од Конференциската лига на УЕФА. Ова е дополнителна мотивација за играчите и стручниот штаб, во очекување на двомечот со летонскиот шампион. Македонскиот првак утре на домашен терен го пречекува тимот на Рига во првиот меч од оваа фаза, а реваншот за една недела ќе се одигра во Летонија.
Еден од најтрофејните и највлијателни европски кошаркарски стручњаци, Светислав Пешиќ, доаѓа во Скопје на покана на Кошаркарската федерација на Македонија во рамките на годинашната задолжителна тренерска клиника која ќе се одржи на 24 и 25 август во Скопје. Пешиќ ќе биде главен предавач, како тренер чија кариера повеќе од четири децении претставува синоним за врвни резултати, лидерство и кошаркарско знаење. Член на Куќата на славните на ФИБА, европски и светски шампион со репрезентации, освојувач на титулата во Евролигата и еден од најпочитуваните тренерски авторитети во светската кошарка, Пешиќ своето богато искуство ќе го пренесе на македонските тренери преку дводневна стручна…
Рома не се откажува од потписот на холандскиот репрезентативец Крисенсио Самервил. Според информациите од инсајдерот, Фабрицио Романо, „волчицата“ е подготвена да испрати и трета понуда за Самервил, овој пат вредна 47 милиони евра. Крилниот напаѓач на Вест Хем и холандската репрезентација претходно доби понуда од Рома вредна 46 милиони евра, но Вест Хем ја одбил. Минатата сезона, Самервил постигна шест гола и имаше две асистенции во 31 натпревар од Премиер лигата.
Лејкерси би можеле да му понудат на слободниот агент Џонатан Куминга двегодишен договор вреден 20 милиони долари, но тој износ е многу помал од очекувањата на играчот. „Слушнав дека бара договор со годишна плата поблиску до 20 милиони долари. Не мора нужно точно 20 милиони долари, но блиску до тоа, повисока од 15 милиони долари“, забележа инсајдерот Бука. Претходно беше објавено дека преговорите меѓу Лос Анџелес и Куминга се во застој. Меѓу другите кандидати за потписот на седмиот избор на драфтот во 2021 година е и Кливленд.
Младиот македонски кајакар Кристијан Смилев имаше одличен настап на Европскиот јуниорски куп бп Чешке Буѓевице кој се одржа вчера. Во рамките на 14. рунда од натпреварувањето, нашиот најдобар јуниор убедливо го освои првото место, оставајќи го зад себе второпласираниот кајакар со заостанување од дури 5,64 секунди. Смилев сега продолжува на нови две трки од 15. и 16. Рунда на Европскиот јуниорски куп во Руднице над Лабем, кои треба да бидат најважниот дел и од подгтовките за настапот на претстојното Европско првенство во Франција, кое ќе се одржи од 5 до 9 август.
