Денеска во Нион се одржи ждрепката за третата квалификациска рунда во Конференциската лига, по која екипите на Вардар и Шкендија ги дознаа можните ривали во следната рунда. Ако успешно ја мине втората фаза, шампионот Вардар за противник во третото коло ќе го има победникот Атерт Бисен (Луксембург) или ЕТО Ѓер (Унгарија). Вардар ќе биде домаќин на првиот натпревар. Шкендија за можен ривал во третото коло го доби подобриот од дуелот меѓу Малишева (Кос) и Хибернијан (Шко). Ако тетовци го минат словенечки Браво, во првиот меч од следното коло ќе бидат гости, а реваншот ќе го одиграат на домашен терен. Натпреварите…
Author: riste
Нов светски шампион е и нов број еден. Шпанија ја презеде лидерската позиција, симнувајќи ја Аргентина од врвот. „Црвената фурија“ сега е првопласирана со 1.995 бодови, додека актуелниот вицешампион Аргентина падна на второто место со 1.970 бодови. Франција ја задржа третата позиција, пред Англија, која останува четврта на светот. Промени има и во продолжението на поредокот. Бразил се искачи на петтото место и го престигна Мароко, кој сега е шести. Португалија назадуваше за две позиции и се наоѓа на седмото место. Во Топ 10 уште се Белгија, Холандија и Мексико, додека едно од најголемите изненадувања е падот на Германија, која…
Шпанската репрезентација ја продолжи својата серија без пораз во официјалните натпревари и стигна до бројката од 38 натпревари со што постави светски рекорд со победата над Аргентина (1:0) во финалето на Светското првенство во 2026 година. Последниот пораз на Шпанија се случи во март 2023 година. Во второто коло од групата А во квалификациите за Европското првенство 2024, екипата на Луис де Ла Фуенте загуби со 0:2 од Шкотска. Со тоа, Шпанците го соборија рекордот за најмногу последователни официјални натпревари без пораз, што претходно го држеше италијанската репрезентација. Помеѓу септември 2018 и октомври 2021 година, Италијанците одиграа 37 натпревари без…
Кошаркарските прволигаши ТФТ, Маџари и Чаир не добија лиценци за настап во новата кошаркарска сезона. Како што објави Кошаркарската федерација, во рамките на процесот на лиценцирање за натпреварувачката сезона 2026/2027, за првпат е воведен систем за лиценцирање кој, покрај организациските и техничките критериуми, предвидува и задолжително исполнување на критериумите за финансиска дисциплина. И покрај обезбеденото време, укажувањата и можностите што им беа ставени на располагање, трите клуба не ги исполнија предвидените финансиски услови во утврдениот рок. Поради тоа, а имајќи ја предвид обврската за еднаква примена на правилата кон сите учесници во натпреварувањето, Кошаркарската федерација на Македонија не е во…
Вкупно 6.810.966 луѓе присуствуваа на натпреварите од Светското првенство во фудбал во 2026 година. Шпанската репрезентација го освои турнирот, победувајќи ја Аргентина со 1:0 по продолженија. Финалниот натпревар на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси го следеа 80.663 навивачи. Првенството во САД, Канада и Мексико, кое се состоеше од 104 натпревари, постави нов рекорд за вкупна посетеност. Претходниот рекорд беше поставен на Светското првенство во 1994 година, исто така одржано во САД. Тогаш, на турнирот присуствуваа 3.587.538 навивачи. Следното првенство ќе се одржи во 2030 година во Шпанија, Португалија и Мароко.
Македонската младинска ракометна репрезентација го заврши настапот на Европското првенство со пораз од Србија со 34:30, во натпреварот за конечен пласман. Со овој резултат нашата селекција го освои 20. место во конкуренција на 32 репрезентации. Клучен период од натпреварот беше слабиот настап во првото полувреме, во кое Србија дојде до висока предност. Македонските ракометари во неколку наврати имаа негатива од девет гола (10-19 и 11-20), а на паузата заминаа со резултат 12-20. Во второто полувреме сосема поинакво издание на Македонија во кое нашите младинци играа многу поквалитетно во двата правци, постепено ја топеа негативата и со серија одлични акции успеаја да намалат на…
Македонскиот одбојкарски шампион Штип УГД ќе игра против холандскиот претставник Орион Старс во премиерниот настап во првата рунда од квалификациите во Лигата на шампионите на ЦЕВ. Првиот натпревар нашиот првак го игра на гостински терен во периодот од 20 до 22 октомври, додека реваншот е една седмица подоцна во Македонија (27-29.10.) Доколку ја мине првата пречка Штип во втората рунда ќе се соочи со АЦХ Волеј Љубљана. Првиот меч шампионот ќе го игра на домашен терен (3-5.11) додека вториот дуел е во терминот од 10-12 ноември.
По сè поголемипт број на критики и за спорни одлуки на Светското првенство 2026, ФИФА направи голема промена во протоколот за функционирање на ВАР. За претстојниот полуфинален натпревар меѓу Англија и Аргентина, кој ќе се одигра вeчерва во Атланта, официјалните лица задолжени за ВАР ќе работат директно на стадионот, наместо од централен центар. Новата мерка има цел да ја подобри комуникацијата и да ги минимизира техничките проблеми што досега го следеа користењето на технологијата на турнирот. ВАР беше во центарот на бројни контроверзии, поништени пенали, непостоечки прекршоци и низа други спорни ситуации предизвикаа големо незадоволство кај репрезентациите и навивачите. Досега,…
По елиминацијата на Вардар во квалификациите за Лигата на шампионите, „Црвено-црните“ настапот во Европа го продолжуваат во Конференциската лига и во рамки на 2. коло ќе игра против Рига од Летонија, а веќе се познати и термините на натпреварите. Првиот натпревар ќе се игра во Скопје, а официјалниот термин на одигрување на мечот е 22 јули. Дуелот ќе се игра на Арената „Тодор Проески“ со почеток од 20:00 часот. Гостувањето во Рига, пак, е закажано на 28 јули, а саатницата ќе ја одреди дополнително домаќинот.
Челзи стапил во контакт со Реал Мадрид за евентуален трансфер на играчот од средниот ред Едуардо Камавинга , пренесува Ел Национал. Според извор, тренерот на Челзи, Чаби Алонсо, е заинтересиран да го потпише 23-годишникот. „Трансфермаркт“ го проценува играчот на 50 милиони евра; шпанскиот клуб е подготвен да разгледа понуда од 80 милиони евра. Конечната одлука за трансферот ќе зависи од самиот играч од средниот ред. Во сезоната 2025/2026, Камавинга одигра 43 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи два гола и задавајќи една асистенција. Неговиот договор со мадридскиот клуб е до 30 јуни 2029 година.
