Author: riste

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа ќе направи скок на ВТА листата по најголемиот успех во кариерата со пласманот во првото коло од Гренд Слемот Вимблдон. Тоа на Ѓорческа ќе и овозможи од моменталното 222 место да се искачи на 208 позиција на светската ранг листа. Со ова Ѓорческа би се доближила релативно до својата најдобра позиција во кариерата, кога беше пласирана на 170 место на ВТА листата во 2017. година. Само за потсетување, по одлично одиграните квалификации на Вимблдон, Ѓорческа во првото коло налета на фаворитот Анисимова во меч во кој имаше свои моменти но не можеше преку огромниот фаворит.

Read More

За прв пат во историјата на Светското првенство, четирите репрезентации рангирани на првите четири позиции од страна на Меѓународната федерација на фудбалски асоцијации ( ФИФА ) се пласираа во полуфиналето. Најновотп официјално рангирања е од 11 јуни на самиот старт на ова СП. Во првото од полуфиналните средби, Франција, која е на чело на табелата, ќе игра против Шпанија, која е на третото место. Во второто полуфинале, Аргентина, која е на второто место, ќе игра против Англија, која е на четвртото место на ФИФА ранглистата.

Read More

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродором денеска го потврди обновувањето на соработката со Дамјан и Војдан Стојановски. Како што велат од редовите на „штрковите“, ова беше еден од главните приоритети на управата во пресрет на новата сезона. За капитенот Дамјан ова ќе биде 14. сезона во сино-белиот дрес, во која ќе атакува на својата 12-та шампионска титула – сите освоени со МЗТ Скопје. Пред Војдан, пак, е шестата сезона во нашиот клуб, откако првпат се приклучи во тимот на почетокот на 2022 година. „Продолжувањето на соработката со браќата Стојановски е уште една потврда на нашата клупска определба тимот да биде…

Read More

Бешикташ е во преговори за потпис на напаѓачот на Наполи, Ромелу Лукаку. Истанбулскиот клуб е подготвен да понуди 5 милиони евра за 33-годишниот белгиски репрезентативец, додека клубот од Неапол бара 10 милиони, објавува „Сабах“. Договорот на Лукаку со Наполи е со важност до јуни 2027 година. На 5 натпревари од Светското првенство во 2026 година, напаѓачот постигна 3 гола и направи 1 асистенција.

Read More

Американскиот репрезентативец Кристијан Пулишиќ доживеа микрофрактура на натпреварот од Светското првенство против Белгија, потврди репрезентацијата на САД. Пулишиќ мораше да го пропушти натпреварот на САД од осминафиналето против Белгија и имаше добра причина за тоа. Репрезентацијата на САД потврди дека офанзивниот играч претрпел микрофрактура на десната нога. Не е точно познато колку долго Кристијан Пулишиќ ќе биде надвор од терените, но очекувањата се дека нема да биде толку лошо. Американецот моментално игра за Милан, чија сезона започнува на 23 август со мечот против Торино.

Read More

Третото четвртфинале на Светското првенство меѓу Англија и Норвешка, кое е закажано за в сабота на стадионот „Хард Рок“ во Мајами, е доведено во прашање поради исклучително неповолни временски услови. Американската национална метеоролошка служба издаде предупредување за подрачјето на Јужна Флорида, каде што се очекуваат екстремно високи температури, додека метеоролозите предупредуваат на можност за силни грмотевици. Според извештаите, температурата би можела да достигне и до 43 степени што претставува сериозен ризик за играчите, навивачите и сите присутни на стадионот. Ситуацијата е дополнително комплицирана од големиот облак од сахарска прашина што стигна до Флорида преку Атлантскиот Океан, носејќи многу сув и…

Read More

Француската репрезентација се пласираше во полуфиналето на Светското првенство по осмипат во историјата. Француската репрезентација претходно стигна до полуфиналето на Светското првенство во 1958, 1982, 1986, 1998, 2006, 2018 и 2022 година. Тие се израмнија со Бразил по најмногу учества во полуфиналните дуели, откако стигнаа до оваа фаза осумпати. Само Германија учествувала во оваа фаза од турнирот почесто од Франција и Бразил, дури 12 пати.

Read More

Англискиот играч од средниот ред Џуд Белингам постигна два гола за само 97 секунди за време на осминафиналниот натпревар од Светското првенство во 2026 година против Мексико. Ова е еден од најбрзите два гола од еден играч на СП, а неговиот соиграч и капитен Хари Кејн постави единствен историски рекорд. Напаѓачот стана првиот фудбалер откако Опта почна да ја следи статистиката во 1966 година што постигнал гол, дал асистенција и направил пенал во еден натпревар. Кејн на „Естадио Ацтека“ во 38-та минута центрираше за Џуд Белингам, кој го постигна вториот гол на натпреварот. Во 60-та минута, капитенот на Англија постигна гол, реализирајќи пенал досуден…

Read More

Англија стана првата репрезентација во историјата што го победи Мексико на стадионот „Ацтека“ во Мексико Сити на Светското првенство. Англичаните ги победија Мексиканците (3:2) во 1/8 финалето на Светското првенство оваа година. До синоќа, Мексиканците не загубија таму 10 натпревари. Мексико не загубил официјален натпревар на овој стадион од 2013 година, кога загуби од Хондурас во квалификациите за Светското првенство во 2014 година. Понатаму, тимот прими три гола на стадионот за прв пат од август 1999 година, кога го победи Бразил со 4:3. Стадионот „Ацтека“ е специфичен по тоа што се наоѓа на 2.200 метри надморска височина.

Read More

Фудбалот создава пријателства кои траат цел живот, а тоа уште еднаш го потврдија во Македонска Каменица, каде што поранешни фудбалери на ФК Саса повторно се собраа за да се потсетат на времето кога го носеа дресот на клубот. На покана на долгогодишниот капитен на Саса, Марјан Стојчевски, во Македонска Каменица допатуваа и поранешните фудбалери од Скопје – Драги Стојановски, кој цели 11 години настапуваше за Саса, како и Бранко Петровски и Љупчо Цветковски – Здаре. Нивното доаѓање беше повод повторно да се оживеат спомените од периодот пред околу четири децении, кога беа дел од клубот и дадоа значаен придонес во…

Read More