По трите дена извонредни настапи и три победи во квалификациите на Вимблдон, македонската тенисерка Лина Ѓорческа имаше неколку денови за подготовка за својот прв Гренд слем меч. Ѓорческа во првото коло ќе игра против Аманда Анисимова од САД, која лани беше финалистка на Вимблдон и на годинашниов турнир е рангирана како шеста носителка. – Во пресрет на утрешниот меч Ѓорческа изјави: Квалификациите минаа одлично. Од секогаш знаев и верував дека сум блиску, а треба и да се склопат коцките, за да биде совршено. Секој меч беше тежок, сите што учествуваат се меѓу 200-те најдобри на светот во еден од најмасовните…
Author: riste
Боксерскиот промотер Еди Херн го откри следниот, а можеби и последен, противник на украиснкиот тешкаш, Александар Усик. Со оглед на тоа што Украинецот сега има 39 години, тој се ближи кон крајот на својата кариера, и иако јасно стави до знаење дека сè уште нема да се пензионира, неговата следна пресметка ќе биде еден од неговите последни настапи на главната боксерска сцена. Усик има непоразен професионален рекорд од 25 победи и до неодамна ги држеше појасите на WBA „супер“, WBC и IBF, но на 26 јуни објави дека ќе се откаже од своите појаси. Иако не е јасно дали неговата…
Антонио Силва брзо се приближува кон Милан. Договорот со Бенфика ќе стапи на сила денес, кога Жорге Мендеш, неговиот агент, ќе се сретне со раководството на португалскиот клуб во Лисабон и ќе ја повтори желбата на неговиот клиент да си замине. Јувентус исто така се обиде да го потпише неколку пати во минатото, но се чини дека ова е вистинско време да го „грабне“ од португалскиот клуб. Договорот на дефанзивецот роден во 2003 година истекува во 2027 година и беше многу разочаран откако не беше повикан за Светското првенство. Затоа одлучи дека за да се подобри и да добие поголема…
Јужноафриканскиот селектор Уго Брос стана највозрасниот селектор во историјата на Светското првенство кој водел некоја репрезентација во нокаут-фазата. Брос стана најстариот главен тренер со 74 години и 79 дена. Репрезентацијата на Јужна Африка, под негово водство, вчера беше елиминирана од Канада по поразот од 1:0. Брос го надмина рекордот на Оскар Табарез, кој го предводеше Уругвај до четвртфиналето на Светското првенство во 2018 година на возраст од 71 година и 125 дена.
Пред почетокот на Државното првенство на Плазма Спортските игри за млади кое е закажано за 30.06.2026 година (вторник) со почеток во 09:00 часот во Општина Кисела Вода би сакале да споделиме еден важен податок. И по речиси две децении од неговото заминување, продолжуваме да откриваме приказни кои сведочат за големината на Тоше Проески како уметник и човек. Една од нив е и неговото учество во создавањето на официјалната химна на Плазма Спортските игри за млади, најголемата аматерска спортска манифестација во Европа која ја првпат оваа година се одржува во Македонија. Станува збор за песната „ Snaga Života“, која Тоше ја…
Кристијано Роналдо повторно беше стартер за Португалија на мечот со Колумбија со што го запиша 25-от натпревар на Мундијалите. Тој се изедначи со германската ѕвезда, Лотар Матеус, на второто место на ранг-листата на сите времиња. Пред нив е само Лионел Меси кој има 28 мечеви но, допрва го чека минимум уште еден на тековниот шампионат.
Цените на влезниците за Светското првенство на платформите за препродажба драстично се зголемија за натпреварот Португалија-Хрватска кој ќе биде одигран во Торонто. Просечната цена за најевтината влезница надминува 3.000 долари. Мечот ќе биде одигран на 2 јули. На теренот ќе настапат легендите, Роналдо и Модриќ, кои го играат последниот Мундијал. Просечната цена за најевтиниот билет на секундарните страници за препродажба е 3.225 долари, што е највисока вредност за осминафиналните мечеви.
Поранешниот фудбалер на Португалија, Рикардо Кварезма, упати критики за настапот на „европските бразилци“ на мечот против Колумбија кој заврши 0:0. „Недостасува радост, среќа, креативност, ја нема храброста што отсекогаш сме ја имале. Личеше дека беа уморни и демотивирани“ – рече Кварезма. Португалија на стартот на елиминациите ќе излезе на мегдан со Хрватска. Мечот ќе биде одигран в петок во 01.00 часот.
Напаѓачот, Коди Гакпо, ќе остане со репрезентацијата на Холандија на Светското првенство во САД, Мексико и Канада иако неговата партнерка во петтиот месец од бременоста го загуби детето што го очекуваа. Кралската холандска фудбалска асоцијација објави соопштение дека фудбалерот ќе остане да игра против Мароко во елиминациите. Гакпо и неговата партнерка, моделот – Ноа ван дер Беј, кои го очекуваа второто дете, ја потврдија веста.
Селекторот на Јордан, Џамал Селами, по поразот од Аргентина со 3-1 и елиминацијата од Мундијалот, вели дека е задоволен од прикажаното на сите мечеви во групата. „Значајно е што можеме да се вратиме дома со искуството што го стекнавме. Тоа многу ќе ни помогне“ – рече Селами. „Одигравме три меча и постигнавме голови на сите. Сепак, малите грешки беа многу скапи. Го напуштаме првенството горди на постигнатото“, рече селекторот на Јордан.
