Македонскиот тенисер Калин Ивановски беше поразен во финалето на ИТФ М25 турнирот во Загреб, а со тоа не успеа да ја овои титулата на овој турнир. Ивановски во финалето беше поразен од Узбекистанецот Кумојун Султанов со 2:0 во сетови (6:4, 6:4). Во мечот кој траеше 1 час и 48 минути, Ивановски пружи силен отпор, но Султанов, кој беше седми носител на турнирот, во двата сета успеа да направи по еден клучен брејк и да ја сочува предноста до самиот крај. И покрај поразот во финалето, Калин Ивановски може да биде задоволен од настапот во Загреб, каде што со неколку убедливи…
Author: riste
Напаѓачот на Англија и Баерн Минхен, Хари Кејн, го сруши личниот рекорд на напаѓачот на Португалија и Ал-Наср, Кристијано Роналдо, за најмногу постигнати голови за клубот и репрезентацијата во една сезона. Голот против Панама (0-2) на Светското првенство во 2026 година беше 70-ти за капитенот на Англија во сезоната 2025/2026. Роналдо постигна 69 гола за Реал Мадрид и за репрезентацијата на Португалија во сезоната 2011/2012. Во 21 век, рекордот за голови во една сезона му припаѓа на поранешниот напаѓач на Барселона и сегашен капитен на аргентинската репрезентација, Лионел Меси, кој постигна 82 гола во сезоната 2011/2012.
Лионел Меси стана првиот играч во историјата кој постигнал гол на седум последователни натпревари на Светското првенство. Аргентинскиот гениј го направи тоа постигнувајќи маестрален гол од слободен удар во 80-тата минута од победата на Аргентина над Јордан во Далас во саботата навечер. Аргентина веќе имаше обезбедено првото место во својата група, а Меси беше оставен на клупата за почетокот на нивниот последен натпревар од групата против веќе елиминираниот Јордан. Тој влезе во игра во 60-тата минута со бурни овации од трибините. Меси беше фаулиран надвор од шеснаесетникот, а самиот играч ја презеде одговорноста за постигнувањето гол и го зголеми водството…
Во Офицерскиот дом во Битола беше одржана завршната конференција на проектот Спорт без бариери – современи методологии, практики и можности за инклузивен спорт! Проектот „Никој зад“ ја има целта да го зголеми учеството на децата и младите со попреченост во спортот, да не остави никој зад себе и паралелно да промовира активен начин на живот, поддршка на одржлива спортска политика, како и обезбедување секторска соработка за подигање на свеста за придонесот што спортот може да го даде. Овој проект е финансиран од Еразмус + програмата на ЕУ, а е во партнерство со организации кои работат со млади со попреченост од…
Меѓународниот олимписки комитет донесе одлука со која за првпат во историјата, секој олимпијец ќе има право на грант од 10.000 американски долари преку новата програма „Fit for the Future Olympian Grant“, која започнува и ќе важи со почетокот на Зимските Олимписки игри Милано Кортина 2026. Целта на иницијативата е да обезбеди дополнителна поддршка за спортистите во текот на нивната кариера, но и во периодот по завршувањето на натпреварувањето на највисоко ниво. Македонскиот олимписки комитет ја поздравува оваа значајна иницијатива, која претставува уште една потврда за посветеноста на олимпиското движење кон благосостојбата и иднината на спортистите. Ваквата поддршка ќе им овозможи…
Македонскиот ракометен шампион Вардар се најде во последниот, четврти шешир, пред ждрепката за групната фаза во Лигата на шампионите. Според правилата, два клуба од иста држава нема да може да играат во иста група, а со оглед на тоа што сега има ситуација кај мажите каде има три тимови од иста држава, повеќе од два не може да се најдат во иста половина од ждрепката, односно најмногу два од иста држава во дел А, Б и Ц групите, и најмногу два во групите Д, Е и Ф. Вардар е во ист шешир со данскиот тим Архус, словенечкиот Целје, српскиот Партизан,…
ФИФА сака да ги промени правилата за изведување на пенали за плеј-офот на Светското првенство во 2026 година. Досега, пред изведување на пенали, се фрлаат две парички: едната одредува кој прв шутира а другата одредува кој ќе ја избере страната или голот. ФИФА сака да ги промени правилата така што ќе се одржува само едно фрлање. Победникот ќе го има првиот избор (прв шут или страна) додека губитникот ќе ја има преостанатата опција.
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Јакимовски ја донесе одлуката околку својата иднина. Еден од најдобрите македонски кошаркари во моментов се одлучи кариерата да ја продолжи во Италија и тоа во екипата на Наполи. Самиот клуб веќе го потврди договорот со 25-годишниот македонски кошаркар. Јакимовски доаѓа во Наполи од друг италијански тим – Тренто каде ја помина минатата сезона која беше негова прва во сениорска кошарка во Европа. Пред официјалното потврдување на Јакимовски од страна на Наполи беа донесени Марко Спису и Зек Спејас. Андреј Јакимовски повторно ќе може да игра во Еврокупот, овојпат со екипата на Наполи, а тоа е натпреварување…
Селекторот на фудбалерите на Швајцарија, Мурат Јакин, зборуваше ласкаво за Канада која се бореше до самиот крај за да освои барем еден бод. Европјаните победија со 2:1. „Бев импресиониран од френетичниот напор што го вложиja. Тоа е навистина брилијантен тим – нивните играчи се исклучително брзи, агресивни и опасни на секој контра-напад“ – рече Јакин. Швајцарија по триумфот против Канада која е еден од ко-домаќините на Мундијалот го обезбеди првото место во групата „Б“.
Матеус Куња беше еден од најдобрите на теренот во победата против Шкотска во третото коло по групи на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. „Мислам дека е сон што се остварува – да се биде на Светското првенство, да се биде толку убедлив. Првиот натпревар беше тежок, во вториот бевме подобри, денеска мислам дека бевме дури и подобри од вториот меч“, рече Куња. „Кариоките“ на крајот со две победи (Шкотска и и едно реми ја запоседнаа првата позција во групата „Ц“.
