Селекторот на репрезентацијата на Еквадор, Себастијан Бекачесе, пред мечот со Германија, изјави, дека ќе поднесе оставка доколку неговата земја не влезе во елиминациите. „Имаме можност да продолжиме напред и ако работите не се одвиваат како што треба, ќе морам да го напуштам местото што го сакам. Знам дека сè зависи од резултатите“- рече Бекачесе. Јужноамериканците се трети со само еден бод. Се очекува десетици илјади еквадорски навивачи да присуствуваат на натпреварот со Германија во близина на Њујорк.
Author: riste
Голманот на мексиканската репрезентација, Гиљермо Очоа, најави дека ќе се повлече од професионалниот фудбал. Голманот учествува на шестиот Светски шампионат. Тој не играл на Светските првенства во 2006 и 2010 година, но бил именуван во составот на Мексико. Гиљермо Очоа има 40 години. „Мојот прв натпревар беше на Ацтека. Мојот последен натпревар беше на Ацтека. Тоа беше прекрасно последно поглавје од мојата кариера. Ви благодарам на сите“, рече Очоа, во изјава за познатиот новинар и инсајдер Фабрицио Романо на социјалната мрежа X.
Мексиканската репрезентација ја победи Чешка со 3:0 и се пласираше во плејофот за Светското првенство во 2026 година, поставувајќи два национални рекорди на Светското првенство. Според официјалната веб-страница на ФИФА, овој турнир е првпат Мексико да ги добие сите три натпревари од групната фаза на Светското првенство, како и првпат да не прими гол на секој натпревар од групната фаза од 1970 година. Мексиканците освоија девет бода од девет можни и ја освоија Групата А, победувајќи во три натпревари (против Чешка – 3:0, Јужна Кореја – 1:0 и Јужна Африка – 2:0) без да примат ниту еден гол.
Дојде највозбудливиот дел од првата сезона на Плазма Спортските игри за млади – Државното првенство. Големиот спортски спектакл ќе се одржи во Општина Кисела Вода на 30.06.2026 година (вторник) со почеток во 09:00 часот. На едно место ќе ги видиме најдобрите „симовци“ од цела Македонија. Млади, мотивирани и подготвени да го дадат својот максимум. Околу 600 дечиња ќе се борат за пласман во големото финале кое од 17 до 22 август ќе се одржи во Сплит, каде ќе ги чекаат нивните врсници од Хрватска, Србија, Словенија и Босна и Херцеговина. Нè очекува вистински спектакл, особено затоа што СИМ слави 30…
Селекторот на машката ракометна репрезентација М-18 , Горан Кузманоски го објави списокот на играчи повикани за настап на ЕХФ ЕУРО 2026 кое ќе се одигра во Србија. На списокот на селекторот Кузманоски се најдоа два голмани, четири крилни играчи, девет бека и три пивотмени. Собирот ќе се одржи на 06.07.2026 (Понеделник ) со почеток во 17:00 часот во Спортската сала Јане Сандански ( мала сала). На ова ЕП кое ќе се одржи во Србија, Македонија е во група заедно со Словенија, Шведска и Франција, а ќе се одржи од 29 јули до 9 август во Белград.
Искусниот ракометен голман Градимир Чаневски по четири сезони одново ќе го брани голот на Бутел Скопје, каде што мина една година.Бутел Скопје и во новата сезона ќе продолжи со македонскиот концепт и со ангажман на домашни ракометари, а Чаневски е првото засилување за составот на новиот предводник на РК Бутел, Стојанче Стоилов.Чаневски е искусен голман, кој треба да донесе сигурност меѓу стативите, а потекнува од школата на Металург каде остана до 2010 година. Играше и во Вардар до 2014 година, па во Вардар Јуниор две сезони, потоа се пресели во Битола, каде беше дел од Еурофарм Пелистер пет сезони.Следуваше една…
Алжирскиот напаѓач Ријад Марез, на возраст од 35 години и 4 месеци, стана вториот највозрасен африкански фудбалер кој асистирал на Светското првенство. Рекордот сè уште му припаѓа на камерунскиот напаѓач Роџер Мила , кој асистираше на натпреварот против Англија на 1 јули 1990 година, на возраст од 38 години и 1 месец. Марез имаше асистенција во натпреварот од второто коло од групната фаза на Светското првенство во 2026 година против Јордан. Натпреварот се одигра синоќа и заврши со победа на Алжир од 2:1. По два натпревари, Алжир е трет во групата Ј со три бода. Следниот натпревар на тимот ќе биде против Австрија на…
Францускиот напаѓач Килијан Мбапе одговори на историскиот рекорд на аргентинскиот напаѓач Лионел Меси во историјата на Светските првенства. Во второто коло од Светското првенство 2026 година, Меси постигна два гола, неговиот 18-ти гол на завршниот турнир, надминувајќи го бројот од 16 на поранешниот германски напаѓач Мирослав Клосе. Мбапе, исто така, има 16 гола откако постигна два гола против Ирак. „Лео секогаш постигнува голови. Секогаш постигнувал голови и секогаш ќе постигнува. Да гледав што прави Меси, ќе требаше да работам уште понапорно! Воопшто не се задржувам на тоа. Мислам само на тоа да му помогнам на мојот тим“, изјави Мбапе.
Бразилскиот крилен напаѓач Рафиња доби охрабрувачки вести во врска со повредата на Светското првенство. Според информациите кои беа објавени, ако закрепнувањето на играчот оди според планот, тој ќе пропушти само два натпревари – последниот натпревар од групата против Шкотска и првиот натпревар од нокаут фазата. Во таков сценарио, се очекува Рафиња да се врати на теренот за осминафиналето на турнирот. Фудбалерот на Барселона заработи повреда на десната бутина во првото полувреме од натпреварот против Хаити, кој беше добиен со 3:0. По инцидентот, играчот и неговата сопруга Наталија Белоли стравуваа дека тој би можел предвреме да го заврши учеството на првенството.…
20-те тима што учествуваат во следната сезона во Серија А веќе напорно работат на планирањето за новата сезона. Распоредот на тренинг камповите и подготовките е финализиран за речиси сите нив, кои, како и секогаш, ќе бидат придружени со неколку пријателски натпревари. Започнувањет на активностите за новата сезона за повеќето тимови е закажано околу 10 јули. Актуелниот шампион Интер првиот собир ќе го има на 15 јули в Милано, а од 16 до 26 јули ќе биде на подготовки во Германија, за на 28 јули замине на турнеја во Хонг Конг. Милан предводен од новиот тренер Рубен Аморим подготовките ги стартува…
