Дефанзивецот на Јувентус, Андреа Камбијасо, сè уште се надева дека ќе се пресели во Барселона иако каталонскиот клуб не го гледа за приоритетна цел. Италијанецот, кој може да игра на двете страни од одбраната е една од опциите за засилување на левата позиција. 26-годишникот има договор со „старата дама“ до 2029 година и трансферна вредност од околу 40 милиони евра.
Author: riste
Шампионот Арсенал е најновиот престижен клуб кој покажа интерес за Игор Тијаго, објавува „Тајмс“. Напаѓачот имаше многу добра сезона за Брентфорд, во која постигна 22 гола. Веќе имаше информации дека бил мета и на Челзи, Манчестер Јунајтед и Милан. Тијаго моментално е на Светското првенство со бразилската репрезентација. Таму дури и започна како стартер во првиот натпревар на тимот против Мароко (1:1), но беше остро критикуван за неговите настапи. „Тајмс“ додава дека Брентфорд го цени на околу 80 милиони евра, а неодамна потпиша договор до 2031 година, што би му го отежнало трансферот.
Меси ги надмина бразилецот Роналдо и германскиот фудбале Клосе по бројот на натпревари на СП на кои постигнал гол. Напаѓачот на аргентинската репрезентација постигна хет-трик во натпреварот против Алжир (3:0) во првото коло од Светското првенство во 2026 година . Вкупно, 38-годишниот напаѓач има 16 гола на Светското првенство, израмнувајќи го рекордот на Клосе. Аргентинецот досега постигнал гол на 12 натпревари од Светското првенство. Бразилецот Роналдо и Германецот Мирослав Клосе имаат по 11 натпревари од Светското првенство со голови, додека Јирген Клинсман постигнал гол на 10 натпревари за Германија. Меси кој го започна натпреварот од групната фаза на Светското првенство…
Македонските претставници во Конференциската лига на УЕФА, Шкендија и Силекс веќе ги добија ривалите во третото по ранг натпреварување во европскиот клупски фудбал. Шкендија на ждрепката во Нион беше носител, а за противник го доби тимот на Европа од Гибралтар. Првиот меч ќе се игра на гости, вториот е во Скопје. Силекс, пак, беше меѓу неносителите, а на извлекувањето за противник го доби Динамо Минск од Белорусија. Првиот натпревар го игра на гости, вториот на домашен терен. Првите натпревари од 1. квалификациско коло во Конефернциската лига се играат на 9 јули, додека реваншите се закажани на 16 јули.
Португалскиот тренер Рубен Аморим ќе ја води екипата на Милан. Оваа информација беше објавена на веб страницата на Милан, а во веста се вели: „Го следиме Рубен со години, а неговата работа во Спортинг остави огромен впечаток врз нас и го одразува стилот на игра што го бараме. Тој е еден од најискусните и најиновативните тренери од новата генерација во Европа – млад, амбициозен, со модерен стил на фудбал дефиниран со доминантна посед на топката, модерен систем на пресинг и јасен тактички пристап“, пишува на официјалната веб-страница на клубот. Аморим претходно го водеше Манчестер Јунајтед, од каде си замина на…
Македонскиот фудбалски шампион Вардар го доби финскиот КуПС за противник во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Денешната ждрепка сакаше, „црвено-црните“ првиот натпревар да го играат на домашен терен во Скопје на 7 или 8 јули, додека реваншот во Финска е закажан за 14 или 15 јули. Вардар по неколку години се враќа на најголемата европска сцена. Најтрофејниот македонски клуб последен пат настапуваше во квалификациите за Лигата на шампионите во 2017 година. КуПС е еден од најдобрите фински клубови во последните години и редовен учесник во европските натпреварувања. Тимот од Куопио е актуелен шампион на Финска и има значително…
Машката младинска ракометна репрезентација на Македонија денеска со собирот во Хотел Русија ги стартуваше подготовките за претстојното Европско првенство. Во рамки на подготвителниот период, репрезентацијата тренажниот процес ќе го реализира во спортскиот центар СЦ „Јане Сандански“, а пред настапот на Европското првенство ќе одигра и три контролни натпревари: 26.06.2026Македонија – Саудиска Арабија02.07.2026Македонија – Грција05.07.2026Македонија – Италија На ЕП кое ќе се одржи во Романија, Макеоднија е во група со Данска, Норвешка и Хрватска, а натпреварите од ова ЕП ќе се играат во Турда и Клуж од 9 до 19 јули.
Дик Адвокат и официјално е најстариот селектор кој водел некоја репрезентација на Светско првенство со 78 години и 260 дена. Ова сега е реалност по натпреварот помеѓу Германија и Курасао. Адвокат беше повторно назначен за селектор на Курасао кратко пред почетокот на Светското првенство. 78-годишниот Холанѓанец ја донесе карипската земја на СП, но поднесе оставка кратко потоа кога неговата ќерка беше сериозно болна. Тој, исто така, ја водеше Холандија на Светското првенство во 1994 година во Соединетите Американски Држави. Претходниот рекорд му припаѓаше на Ото Рехагел, кој имаше 71 година, 10 месеци и 13 дена во 2010 година кога ја…
Барселона сака да го продаде играчот од средниот ред Марк Касадо пред 30 јуни со цел да го избалансира буџетот и да се усогласи со финансискиот фер-плеј. Претходно беше објавено дека 22-годишниот Шпанец ќе има уште помалку време за играње следната сезона. Спротивно на гласините, Монако не е во напредни преговори ниту со каталонскиот клуб, ниту со самиот Касадо, објави „Диарио Спорт“, повикувајќи се на инсајдер Фабрицио Романо. Атлетико Мадрид, исто така, се чини дека се откажа од трката за играчот – мадридскиот клуб не бара играч за оваа позиција. Според тоа, најреална опција е трансфер во Ал-Хилал, со кого…
Новинарот и инсајдер Фабрицио Романо објави порака на својата страница на социјалните мрежи X, откривајќи кога дефанзивецот на Челзи и Шпанија, Марк Кукурела, ќе се приклучи на Реал Мадрид. „Марк Кукурела ќе стане играч на Реал Мадрид во текот на денешниот ден, понеделник“, напиша Романо на социјалната мрежа X. Претходно беше објавено дека шпанскиот клуб ќе му плати на Челзи 55 милиони евра за играчот, а дополнителни 5 милиони евра се вклучени во договорот во форма на бонуси. Се вели дека играчот веќе го потпишал договорот додека бил во САД. Кукурела играше за Еспањол и Барселона. На сениорско ниво, дефанзивецот претходно играше и за Еибар, Хетафе…
