Македонскиот фудбалски шампион Вардар денеска отпатува од Македонија кон Италија каде треба да ги реализира главните подготовки за новата сезона. „Црвено-црните“ ќе бидат стационаирани во Норчиа, каде треба да се темпира формата за стартот на настапите во Лигата на шампионите. Вардарци го комплетираа ростерот за новата сезона под водство и на новиот стратег, Аргентинецот Кристиан Фабиани.
Author: riste
Македонскиот карате репрезентативец Вукашин Јовановиќ (-67 кг) оствари историски успех, освојувајќи го златниот медал на Светското универзитетско првенство во боречки спортови што се одржува во Бразилија. Во финалниот меч, Јовановиќ се соочи со белгискиот натпреварувач Амин Абделмалки и по израмнета и тактички зрела борба славеше со резултат 2-2 (3-2 по судиско изјаснување), освојувајќи ја титулата Светски универзитетски шампион. Патот до златото го трасираше со серија убедливи настапи. Во групната фаза ги победи Мартин Асерето од Чиле со 7-0 и Сирапат Чимвонг од Тајланд со 3-0, додека против Иранецот Хосеин Вафа ремизираше 5-5. Како второпласиран во групата се пласираше во елиминациската…
Од 12 до 14 јуни на едно место ќе ве бидат собрани најдобрите каратисти од планетава тоа место ќе биде Рабат, Мароко, каде ќе се одржи четвртата и последна Премиер лига за сезоната 2025/2026, најпрестижното натпреварување во светското карате, на кое настапуваат само најдобрите 32 каратисти во светот во своите категории. По турнирите во Истанбул, Рим и Лешан, светскиот карате крем ќе се собере во Рабат на големото финале на сезоната, каде што покрај медалите и вредните ранкинг поени, од кои зависат пласманите за Светското првенство и Европските игри, ќе се решава и прашањето кој ќе ја понесе престижната титула…
Машката регионална лига што од сезонава ќе се игра по системот на регуларни кола треба да започне на 23 август и да заврши во почеток на февруари со така наречениот Ф4 турнир. Десетте екипи од Србија, Црна Гора и Македонија се поделени во две групи и ќе одиграат по 8 кола. Во првата се: Вардар, Охрид, Војводина, Динамо Панчево и Будва. Во втората ќе играат: Еурофарм Пелистер, Алкалоид, Партизан, Ловќен, и Дубочица. Првите две екипи од секоја група ќе одат на завршниот фајнал-фор. Дел од натпреварите од домашните првенства во секоја земја ќе се бодуваат за регионалната лига додека не…
Во организација на Кошаркарската федерација на Македонија, со поддршка на ФИБА Европа и Фондацијата ФИБА, на Конвенцијата учествуваа претставници од речиси 40 европски земји, што претставува уште една потврда за значењето на овој едукативен настан за развојот на кошарката кај најмладите. Потпретседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Младен Ѓуроски, упати благодарност до сите клубови кои беа дел од фестивалот и истакна дека без нивната поддршка и учество, настанот немаше да ја има истата вредност и значење. Главната цел на Конвенцијата беше на околу 90 тренери и организатори од европските национални федерации да им понуди современи алатки и методи за успешно…
Светскиот шампион во Мото ГП, Марк Маркез, ја оствари првата сезонска победа откако ја освои Големата награда на Унгарија. Шпанецот дојде до 100-та победа во сите класи и тоа точно по 16 години и 1 ден од неговиот прв успех. Второто место денеска го освои Педро Акоста од КТМ додека трет заврши Франческо Бањаја од Дукати. Во генералниот пласман по првите осум рунди води Беџеки пред Мартин. Третото место го зазема Ди Џанантонио. Наредниот собир ќе биде по две недели на патеката во Брно за ГН на Чешка.
Дејан Недев, 7. Дан, одржа еднодневен карате семинар во Софија. Истиот беше организиран исклучиво за членовите на бугарската репрезентација, кои од 3 до 5 јули ќе настапат на ЕТКФ Европскиот шампионат што ќе се одржи во Софија. Обуката беше наменета за натпреварувачи, тренери и судии, при што беа објаснети основните принципи и натпреварувачките дисциплини на традиционалното карате. Сите присутни изразија големо задоволство од предавањата и стручниот пристап на Дејан Недев. Организатор на семинарот беше Тони Петров од БФТК. Во иднина, оваа успешна соработка ќе продолжи со цел понатамошно унапредување на нивото на знаење и развојот на традиционалното карате.
Фудбалерите на САД доцна синоќа загубија од Германија со 2:1 во пријателски меч а нивниот селектор, Маурисио Покетино, вели дека е импресиониран од прикажаното. „Задоволен сум од настапот на сите. Се соочивме со еден од најголемите тимови во светот. Мораме да бидеме задоволни. Се обидовме да бидеме рамноправни но, немавме среќа“ – рече Аргентинецот. САД на Мундијалот ќе биде во групата „Д“ а првиот меч ќе го одигра против Парагвај на 12 јуни во Лос Анџелес.
Носителот на светското сребро на 100 метри, Марвин Брејси-Вилијамс, доби 12-годишна забрана поради непочитувањето на правилата, објави Анти-допинг агенцијата на Соединетите Американски Држави. 32-годишниот Американец во три наврата не ги известил луѓето од УСАДА за неговата локација иако протоколот бара од спортистите да ги информираат анти-допинг властите најмалку за еден час во текот на денот за да бидат достапни за ненајавено тестирање. На Брејси-Вилијамс ќе му бидат одземени сите трофеи, бодови и награди што ги освоил во периодот од 1 јули во 2025 па се до денеска.
Езерскиот град в понеделник ќе биде домаќин на Плазма Спортските игри за млади кои за првпат се одржуваат во Македонија.На свеченото отворање, младите „симовци“ ќе ги поздрави претседателката на Плазма Спортските игри за млади во Македонија, Елена Мицковска, градоначалникот на Охрид,Дејан Пецаковски и директорката на мрежа експозитури на Шпаркасе Банка во Охрид, Билјана Вранишкоска. Таму ќе бидат присутни и Драган Бочески, поранешен фудбалер на Охрид, Вардар, Пелистер…и сегашен тренер во младинските категории ГФК Охрид Лихнидос. Боксерот Наум Стојаноски како и капитенот на ГРК Охрид, Иван Тасески, кој оваа сезона го освои ЕХФ Европскиот Куп. „Симовци“ ќе се натпреваруваат во Coca…
