Author: riste

За време на престојото во Турција на пријателскиот натпревар меѓу Турција и Македонија, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија оствари средба со првиот човек на турскиот фудбал, Ибрахим, Етем Хаџиосманоглу. “Одлична средба со мојот пријател, претседателот на Турската фудбалска федерација, Ибрахим Етем Хаџиосманоглу и неговиот најблизок тим. Разменивме идеи за унапредување на соработката меѓу двете федерации и разговаравме за проекти што можат дополнително да не зближат. Благодарност за искреното гостопримство и пријателскиот пречек. На Турција и посакувам многу успеси во периодот што следи”, изјави Омерагиќ.

Read More

Македонскиот олимпискиот комитет (МОК) денеска во Скопје го организираше Самитот за спортска дипломатија меѓу земјите од Западен Балкан: „Спортска дипломатија: политики, практики и идни можности за стратешка употреба на спортот во унапредување на националните и дипломатските интереси“. Во рамки на Самитот беше официјално промовиран и Western Balkan Sport Diplomacy Hub – регионална иницијатива предводена од МОК, која има за цел да ја зајакне соработката помеѓу олимписките комитети од регионот и да ја унапреди улогата на спортот како алатка за дипломатија, меѓународна соработка и градење мостови помеѓу народите. На самиот настан учествуваа Претседатели и Генерални секретари на олимписките комитети од земјите од Западен Балкан и поширокиот регион,…

Read More

Возачот од светската серија во Супербајк, Икер Лекуона, ќе го замени повредениот Алекс Маркез во составот на мото-тимот Гресини за претстојната трка за Големата награда на Унгарија. Маркез доживеа сериозна несреќа на 17 мај на трката во Барселона, поради која прво го пропушти Гран При на Италија, а сега и трката во Унгарија. Ова ќе биде првото Гран При на Лекуона во Мото ГП од 2023 година.

Read More

Едерсон Лоренсо е многу блиску до заминување во Манчестер Јунајтед. „Атлетик“ објави дека англискиот клуб се договорил за трансфер на играчот од средниот ред со Аталанта. Составот од Бергамо ќе добие 40,5 милиони евра, со дополнителни 4,5 милиони евра во бонуси. Манчестер Јунајтед веќе се согласи со условите на договорот на Бразилецот. Договорот ќе биде четири години, со опција за дополнително продолжување. Играчот од средниот ред ќе биде подложен на медицински прегледи во наредните денови. Сите страни имаат за цел да го финализираат договорот до почетокот на јуни.

Read More

Минатата недела, Болоња, го потврди заминувањето на Винченцо Италијано, а Доменико Тедеско веќе е ангажиран како негова замена. Поранешниот тренер на „рособлу“ не доби трансфер во Наполи, но сега би можел да се упати кон Турција. Џанлука ди Марцио објави дека Бешикташ е заинтересиран и го гледа Италијанецот како замена за Серген Јалчин, кој ја напушти менаџерската позиција пред неколку недели. Првичниот контакт за Италијано е направен и постои шанса тој да стане следниот менаџер на Бешикташ. Тоа би била неговата прва работа надвор од Италија.

Read More

Околу 1.000 дечиња со неверојатна енергија се натпреваруваа на „Денот на спортот“ во Кавадарци. Овој инспиративен спортски настан се одржа во рамките на Плазма Спортските игри за млади, кои за првпат оваа година ја носат својата магија и во Македонија. На секој агол од терените владееше возбудлива атмосфера, исполнета со насмевки, фер-плеј и спортски дух. Од Кавадарци беше испратена силна и јасна порака – спортска Македонија има светла иднина. Младите „симовци“ се натпреваруваа во омилените дисциплини: Coca Cola Cup 2011, мал фудбал (2015 годиште), баскет 3х3, одбојка, традиционалната народна игра и секако атлетика, која секогаш буди посебна енергија кај најмладите.…

Read More

ПСЖ ја освои титулата во Лигата на шампионите и повторно е шамион на Европа. Францускиот гигант дојде до титулата во Лигата на шампионите по драматично финале против Арсенал, кое беше решено дури по изведувањето пенали. По 120 минути игра резултатот беше 1:1, а во пенал-рулетот парижаните славеа со 4:3 и вторпат во својата историја, втора година по ред, ја освоија титулата. Финалето донесе вистинско тактичко надмудрување меѓу двајцата шпански стратези, Луис Енрике и Микел Артета. Арсенал подобро го отвори натпреварот и поведе во 6. минута. По одбиената топка од Тросард, Кај Хаверц се најде сам пред голманот Сафонов и со силен удар под пречката му донесе…

Read More

Поранешниот менаџер на Ливерпул, Арне Слот, им се обрати на навивачите по неговото отпуштање од клубот. „Беше неверојатно патување со Ливерпул. Многу сум благодарен што успеавме да ја освоиме лигата минатата сезона“, го цитираше новинарот Фабрицио Романо, на неговата страница на социјалните мрежи X. Новинарот Фабрицио Романо објави на својата страница на социјалните мрежи X дека шпанскиот тренер Андони Ираола ќе стане нов главен тренер на Ливерпул по отпуштањето на Арне Слот. Според изворот, преговорите меѓу двете страни ќе се одвиваат брзо со цел да се завршат сите формални фази, но во Ливерпул одлучиле Ираола да го предводи тимот. Последниот клуб на 43-годишниот менаџер беше…

Read More

Ливерпул на својата официјална веб-страница објави дека Арне Слот е отпуштен од функцијата главен тренер. Фудбалскиот клуб Ливерпул потврдува дека Арне Слoт веќе нема да ја извршува функцијата главен тренер. Процесот на назначување на негов наследник веќе е започнат. „Тој си заминува со титула во Премиер лигата. Му изразуваме најдлабока благодарност и почит“, напишаа од клубот во објава на нивната страница на социјалните мрежи X. Слот беше на чело на Ливерпул од летото 2024 година. Под негово водство, Ливерпул стана шампион на Англија во сезоната 2024/25. „Црвените“ имаа 60 бода оваа сезона и завршија на петтото место. Пред неговото назначување во Ливерпул, Слот беше…

Read More

Македонската фудбалска репрезентација вечерва на стадионот „Асим Ферхатовиќ-Хасе“ (Кошево) во Сараево ќе го одигра пријателскиот натпревар со Босна и Херцеговина. Ова ќе биде шести натпревар меѓу А-селекцијата на БиХ и Македонија и сите се пријателски. Имаме една победа, еден пораз и три нерешени средби. Во 1998 година на свој терен Македонија против БиХ одигра 1:1, следуваше средба две години подоцна на гости кога Босанците победија со 1:0. Во 2002 на “Грбавица“ беше 4:4, а во 2004 победивме дома со 1:0 со голот на Горан Пандев. Последната пријателска средба беше во 2008 година на гости 2:2. Инетересно е тоа што двајцата…

Read More