Шампионот во италијанската Серија А, Интер, се обидува да го добие потписот на англискиот репрезентативец Кертис Џонс од Ливерпул. Дури и ако нивните обиди не доведоа до конкретна награда, тие чекаат одговор. „Газета дело Спорт“ објави дека Џонс му дал целосен приоритет на заминувањето во Интер. Исто така, се верува дека првичните разговори меѓу клубовите всушност дале некаков резултат, дури и ако не е постигнат целосен договор, бидејќи тие сигнализираа намера за реализација на трансферот. Договорот на Џонс со Ливерпул истекува во 2027 година и „црвените“ не сакаат да го изгубат бесплатно. Од Интер и се уверени дека проценката на…
Author: riste
Ибрахима Конате, по се изгледа, ќе го напушти Ливерпул. Англискиот клуб не успеа да постигне договор со дефанзивецот за продолжување на договорот, тврди новинарот Бен Џејкобс. Актуелниот договор на Французинот со „црвените“ важи до крајот на јуни. Конате игра за Ливерпул од 2021 година. Минатата сезона одигра 36 натпревари од Премиер лигата и постигна еден гол.
Кочани е четвртиот град во кој се одржа „Денот на спортот“ во рамките на Плазма Спортските игри за млади. Околку 2.000 дечиња се натпреваруваа во седум спортски дисциплини, а беше навистина неизвесно и возбудливо. Младите натпреварувачи покажаа дека се вистински мајстори во Coca Cola Cup и футсал до 2015 годиште. Ги добивме и најдобрите „баскетџии“, кој исто така покажаа врвни вештини, се навиваше гласно на ракометните и одбојкарските мечеви, а возбудата растеше на атлетските трки. И секако тука беше омилената спортска дисциплина – народна. Од Кочани е испратена порака дека Македонија има спортска иднина, а овој град заслужува да биде…
Фудбалерот на Нотингем Форест, Елиот Андерсон, може да добие понуда да се пресели во редовите на Манчестер Сити. Играчот од средниот ред претпочита да ја продолжи кариерата кај „граѓаните“ иако за неговиот потпис конкурира и Манчестер Јунајтед. 23-годишникот во претходната сезона одигра 38 натпревари на кои забележа 4 голови.
Тренерот на фудбалерите на Болоња, Винченцо Италијано, има големи шанси да седне на кормилото на Наполи, објавија денеска најголемиот дел од медиумите во Италија. Претседателот на клубот, Аурелио Де Лаурентис, бара нов тренер откако Антонио Конте си замина на крајот од сезоната. Италијано има уште една година од неговиот тековен договор со Болоња.
Фудбалерот на Интер, Хенрих Мхитарјан, има отворени раце да одлучи дали ќе си замине од клубот или ќе остане уште една сезона, велат последните информации од Италија. Договорот на 37-годишниот интернационалец ќе истече на 30 јуни но, „нероаѕурите“ му дадоа можност да продолжи да игра во Милано со променети финансиски услови. Тој во завршената сезона одигра 39 натпревари во сите конкуренции со ефект од четири голови и три асистенции.
Претседателката на ИОК, Кирсти Ковентри, нагласи дека спортистите не треба да бидат одговорни за одлуките на нивните влади но, мораат да живеат според олимписките вредности. „Не можеме да ги контролираме постапките на владите но, можеме да контролираме што се случува на терените. Верувам дека на тоа треба да се фокусираме првично“ – рече Ковентри алудирајќи на допингот. „Спортистите треба да имаат целосна доверба дека сите се чисти и дека условите за играње се фер за сите“ – додаде Ковентри.
Возачот на „Рејсинг Бул“, Лиам Лосон, го сумираше настапот на неговиот тим на трката во Формула 1 на патеката во Канада. „Ќе треба да го проучиме прашањето со стратегијата – можеби тврдите гуми ќе функционираа подобро. Не сум сигурен но, можеме да бидеме задоволни од резултатот“ – рече Лосон. „Штета што работите се одвиваа така за Арвид Линдблад. Но, барем е одлично што освоивме неколку поени на крајот од викендот“ – заклучи возачот на Рејсинг.
Џамал Мозли кој ќе седи на кормилото на Њу Орлеанс во наредната сезона во НБА лигата, се насочи кон младиот кошаркар, Зајон Вилијамсон. „Тој сè уште не почнал да го достигнува целосниот потенцијал. Сигурен сум во тоа. Мислам дека ќе се обидеме да му отвориме простор, да напаѓа, да работи во различни улоги, бидејќи тој е кошаркар со висок коефициент на интелигенција“ – рече Мозли. „Ќе работиме напорно секој ден за да ги направиме нашите играчи најдобри што можат да бидат“ – нагласи тренерот на „Пеликаните“.
Денеска во центарот на вниманието на македонската ракометна јавност ќе биде дуелот меѓу Бутел Скопје и Вардар, но не поради резултатка неизвесност и значење туку поради тоа што новиот шампион ќе го добие пехарот за освоената титулата. Тимот на Бутел требаше да игра на домашен терен, но направија џентлменски потег и ја прифатија опцијата да гостуваат во СЦ „Јане Сандански“ за Вардар на домашен терен да ја прослави титулата со своите навивачи. Мечот стартува од 19:00 часот, а по крајот н аистиот ќе се следува и свеченото доделување на пехарот за шапмпионската титула и медалите. Исто така денеска од 18:00…
