Македонскиот автомобилист, Игор Стефановски – Иџе, доживеа инцидент на првата викенд-трка на легендарната планинска патека – „Ecce Homo Šternberk“ во Чешка која се бодува за Европскиот шампионат на ридски патеки. По излетување и оштетувањето на „Ферарито“, Иџе преку социјалните мрежи објави дека трката е завршена предвреме а тимот вложува максимални напори автомобилот повторно да биде оспособен за настап на втората трка. „Завршивме со првата трка со сериозно излетување и удар. Ако успееме да го приспособиме автомобилот за втората трка, се гледаме на старт“, напиша Стефановски,
Author: riste
Андреа Кими Антонели ја освои четвртата пол позиција во сезоната во Формула 1 откако победи во квалификациите за утрешната трка за Голема награда на Монако. Макс Верстапен од Ред Бул ја обезбеди втората стартна позиција додеке возачите на Ферари, Луис Хамилтон и Шарл Леклер ќе започнат од вториот ред. Зад нив во првата десетка ќе бидат: Хаџар, Расел, Пјастри, Норис, Гасли и Лавсон. По пет сезонски трки лидер е Италијанецот, Антонели со 131 бод пред Британецот, Расел кој има 88 и Леклер од Франција со 75 бодови. Кај конструкторите води Мерцедес со 219 поени пред Ферари со 147.
Во главниот град на Македонија се одржува 11. издание на ФИБА Европската минибаскет конвенција, која на едно место обедини повеќе од 300 деца и околу 90 тренери, кои преку игра, дружење и спортски активности ја слават љубовта кон кошарката и вредностите што ги носи спортот. На третиот ден од конвенцијата, присутните во спортската сала „Лазар Лечиќ“ ги поздрави Камил Новак, извршен директор на ФИБА Европа, кој им посака успешна работа и плодна размена на искуства на сите учесници. Во рамки на програмата, свои излагања на тема „Важноста на партнерствата“ имаа претставниците на ФИБА Европа – Радмила Тарнер, Теренс Булок и…
Мекларен е казнет со вкупно 30.000 евра, од кои една третина е условна за наредните 12 месеци откако Ландо Норис застана на патеката на вториот тренинг пред Големата награда на Монако во Ф1. Светскиот шампион мораше да паркира во шиканата а маршалите не можеа да го активираат системот бидејќи Мекларен ставил посебна лента на копчето. Затоа тимот заработи казна. Во претходната рунда во Канада сличен инцидент се случи на слободниот тренинг со Лиам Лосон по што неговиот тим, Рејсинг Бул, заработи казна од 30.000 евра.
Охрид од вчера до 7 јуни ќе биде домаќин на јубилејното 10-то издание на атлетскиот викенд – „Охрид трчаТ“, најмасовната спортска манифестација во градот Организаторите преку социјалните мрежи порачаа дека настанот прераснал во платформа за промоција на спортот, здравите навики, волонтерството, туризмот и пријателството. Тадиционалната ноќна трка годинава е посветена на компанијата „Костал Македонија“, по повод јубилејот за десетгодишна соработка.
Енрике Рикелме кој води жестока трка со Флорентино Перез за прв човек на фудбалскиот состав Реал Мадрид, вели дека клубот е пред финансики колапс. „За многу кратко време, Реал Мадрид уништи повеќе од 770 милиони евра ликвидност а готовината се намали за 99%. Паричните резерви се спуштија на само неколку милиони“ – рече Рикелме. „Исто така, знаеме дека долгот поврзан со реконструкцијата на стадионот „Бернабе“ и другите финансиски операции достигна невидени нивоа и го загрозија буџетот“ – нагласи Рикелме пред утрешните избори.
Кошаркарите на Њујорк Никс на гостински терен го совладаа Сан Антонио со 105-104 и поведоа со 2-0 во финалната серија на НБА лигата. Трагичар за домаќините беше центарот, Виктор Вембањама, кој во завршницата направи неколку грешки со што им ја подари победата на Никси. Сега серијата на 8 јуни се сели во „Медисон Сквер Гарден“. Доколку „спарси“ не успеат да победат, ќе му овозможат на Њујорк да направи голем чекор кон титулата која ја чека речиси половина век. Никси последен пат беа шампиони во далечната 1973 година.
Македонскиот фудбалски интернационалец, Дарко Чурлинов, по само една сезона ќе го напушти составот на Кочаелиспор, најавија медиумите во Турција. Неговиот тим го освои 10-то место на табелата а Чурлинов се појави на 26 средби и имаше три асистенции. Напаѓачот кој претходно беше дел од англискиот Барнли, има настапувано и за Јаглелонија, Шалке, Штутгарт, Келн, Магдебург, Ханза Рошток, Вардар и Работнички.
Нашите најдбри одбојкарки денеска од 18.00 часот во Порто, ќе излезат на мегдан со селекцијата на Унгарија во првиот натпревар во новото издание на Европската лига 2026. Македонија на турнирот на Пиринеите ќе одигра меч и со домаќинот Португалија.Тој е предвиден за утре во 17.30. Иако противниците на хартија се фаворити, нашите девојки се надеваат дека можат да направат изненадување под диригнетската палка на новиот селектор, Милош Гавриловиќ.
Дисциплинската комисија при ФФМ донесе одлука со која ФК Шкендија се казнува со парична казна во висина од 15.000 евра поради користење на пиротехнички средства на финалниот натпревар од Купот на Македонија помеѓу ФК Силекс и ФК Шкендија. Дополнително, ФК Шкендија се казнува со 10.000 евра поради националистички скандирања и слогани со навредлива содржина на национална основа, како и со 20.000 евра поради истакнување транспарент со нацистичка содржина, за што веќе беа казнети од УЕФА. Клубот ФК Шкендија е казнет со 30.000 евра и исклучување од натпреварувањето во Купот на Македонија за сезоната 2026/27 поради одбивање да ги прими медалите…
