Во Кочани се одржа вистински празник на спортот, исполнет со енергија, насмевки и детска радост. Над 2.000 дечиња учествуваа на „Денот на спортот“, во рамките на Плазма Спортските игри за млади, кои за првпат оваа година се одржуваат во Македонија. Поттикнувањето на спортскиот начин на живот, инклузијата, толеранцијата и другарството меѓу децата и младите е главната мисија на најголемиот спортско-аматерски настан во Европа – Плазма Спортските игри за млади, веќе цели 30 години. СИМ овозможува бесплатен спорт за сите деца, создавајќи еднакви можности и простор за развој на младите таленти. Младите спортисти беа поздравени од претседателката на Плазма Спортските игри…
Author: riste
Новиот македонски фудбалски шампион, Вардар, денеска потврди дека ги продолжи договорите со двајца репрезентативци. Дарко Велковски и Бобан Николов и следната сезона ќе го носат „црвено-црниот“ дрес. Според клупската потврда, Дарко Велковски се обврза на уште едногодишна верност кон Вардар, додека Бобан Николов потпиша договор заклучно со јуни 2029 година.
Возачот на Алпин во Формула 1, Франко Колапинто, се осврна на трката во Канада истакнувајќи дека е задоволен од постигнатиот резултат. „Со оглед на нашата позиција во почетокот на викендот, завршувањето со двата болида во зоната за поени е одличен резултат и фантастична награда за тимот“- рече Колапинто. „Разбираме дека добивме предност поради проблемите на нашите противници но, ја искористивме максимално и стигнавме до целта“ – потенцираше членот на Алпин.
Манчестер Јунајтед ќе се обиде да дојде до потписот на Орелиен Чуамени доколку фудбалерот од средниот ред, се определи да го напушти Реал Мадрид. Медиумите во Англија денеска тврдат дека „црвените ѓаволи“ планираат да ја засилат средината на теренот и дека нивниот прв избор е токму црномурестиот играч на „кралевите“. 26-годишниот Французинот треба да биде замена за Бразилецот, Касемиро, кој дефинитивно ќе си замине од стадионот – „Олд Трафорд“.
Челниците на фудбалскиот состав Тотенхем најавуваат големи промени во ростерот за наредната сезона откако „спарси“ буквално во последното коло се спасија од испаѓање од Премиер-лигата. Според дел од медиумите на Островот, англискиот тим сака да го ангажира играчот на Рома, Паоло Дибала. Аргентинецот уште не ја продолжил соработката со „римската волчица“ бидејќи за неговиот потпис е заинтересиран и Бока Јуниорс. Сепак, Тотенхем може да биде во предност бидејќи Дибала има изјавено дека сака да игра во Англија.
Напаѓачот на ПСЖ, Гонзало Рамос, веројатно ќе го напушти клубот во текот на летото. Според најавите, тој е на радарот на италијанските Милан и Јувентус и на англискиот состав Манчестер Јунајтед. Рамос му се придружи на францускиот состав како позајмен од Бенфика во 2023 година по што му беше откупен и договорот. Португалскиот интернационалец одигра 113 натпревари и постигна 41 гол за „светците“ во сите конкуренции. Неговата пазарна вредност е проценета на 35 милиони евра.
Фудбалската репрезентација на Македонија денеска се собра во скопскиот хотел „Хилтон“ во пресрет на пријателските натпревари против Босна и Херцеговина и Турција. Селекторот Гоце Седлоски вторпат ќе има можност да ги собере своите избраници во уште еден циклус, овојпат од пријателски карактер. На списокот имаше неколку новајлии, а времето за подготовка за двата дуели е само неколку дена. Репрезентативците кратко ќе тренираат во Скопје. Потоа ќе отпатуваат за Сараево каде ќе го одиграат првиот меч со БиХ кој е закажан за в петок (29 мај), додека натпреварот против Турција се игра следниот понеделник (1 јуни). Photo: FFM
Министерството за спорт најостро ги осудува свирежите на националната химна од страна на навивачите на Шкендија и однесувањето на играчите кои одбија да ги примат медалите по завршувањето на финалето на Купот. – Министерството за спорт пристапува кон разгледување на можноста за измени во Законот за спорт со кои ќе ги прошириме ингеренциите на државата со цел ваквите појави да бидат сериозно санкционирани. Казните ќе бидат во делот на добивањето државна помош а во крајна линија ќе се предвиди и постапка за одземање на решенијата за дејност спорт, со што ќе се губи правото на настап во националното првенство“ -…
Дисциплинската комисија на Фудбалска федерација на Македонија, по разгледување на службените извештаи и официјалните информации поврзани со финалниот натпревар од Купот на Македонија меѓу Силекс и Шкендија, ги донесе следните одлуки: – Поведување дисциплинска постапка против Шкендија поради непочитување на националната химна, исвиркување на истата и нестанување при нејзиното интонирање од страна на навивачите на клубот. – Поведување дисциплинска постапка против Шкендија поради користење пиротехнички средства во текот на целиот натпревар (34 големи бакљи, 19 мали бакљи, 8 топовски удари, 14 дветлечки бакљи). – Поведување дисциплинска постапка против Шкендија поради националистичко скандирање. – Поведување дисциплинска постапка против Шкендија поради истакнување знамиња со навредлива и недозволена содржина, како и истакнување…
Фудбалерите на Силекс славеа со 1:0 против Шкендија во финалето на Купот на Македонија. По натпреварот на прес-конференцијата се обрати тренерот на Силекс, Александар Васоски. „Според очекувањата, вечерашниот натпревар беше тежок. Шкендија можеби беше подобар противник во поле, но тоа беше дел од тактиката. Не може секој натпревар особено на ваков важен меч да се игра атрактивно. Одигравме како што се договоривме. Свесно го префрливме Додев на левата страна, да направи вишок и успеавме во тоа, дадовме гол на време и сметам заслужено го освоивме Купот. Им честитам на момците, ако минатата за малку ни избега трофејот во шампионатот, оваа…
