Author: riste

Фудбалерите на Вардар денеска гостуваат кај екипата на Струга Трим Лум во натпревар од 32.коло во ПМФЛ. Ова е натпревар кој нема никакво значење за домашната екипа, но може да биде за Вардар. Доколку „црвено-црните“ од Струга се вратат непоразени, без разлика на исходот на дуелот во Тетово каде што играат Шкендија и Брера Струмица, и теоретски би ја обезбедиле шампионаската титула. Тоа ќе значи дека последниот натпревар меѓу Вардар и Шкендија нема да има значење во битката за титулата и ќе се игра за престиж за двете водечки екипи во Мак фудбалот. Двата меѓусебни дуели оваа сезона меѓу Струга…

Read More

Ракометната репрезентација на Македонија заврши голем дел од работата за пласман на Светското првенство во Германија 2027 година. Нашата репрезентација убедливо славеше на гостувањето кај Словачка (31:24) во првиот дуел од бараж двомечот со Словачка. Со оваа убедлива победа, нашите ракометари се со едната нога на уште еден ракометен собир, десетти во низа за нашиот национален тим. Мечот во Прешов тргна изедначено по водството на Македонија од 0:2, потоа Словачка одговори со серија од 3:0 и поведе со 3:2, па се играше гол за гол и израмнето. Сепак, во дваесеттата минута за првпат Македонија направи +2 и поведе со (9:11),…

Read More

Новиот ракометен шампион на Македонија, РК Вардар 1961 на социјалните мрежи го објави продолжувањето на договорот со својот капитен Гоце Георгиевски кој и следната сезона ќе го носи „црвено-црниот“ дрес на Вардар и ќе ја предводи екипата кон нови победи. Во објавата на клубот се вели: „Капитенот на нашиот клуб, Гоце Георгиевски потпиша нов договор за наредната сезона и својата богата кариера ќе ја заврши во Вардар!Гоце Георгиевски е дете на Металург, а во својата богата кариера бележеше одлични настапи во екипите на Тулуз-Франција и Букурешт-Романија.Во Вардар пристигна во сезоната 2020/21 и од тој момент, претставува незаменлив дел од клупскиот…

Read More

ГРК Охрид денеска го објави потпишувањето на договорот со уште едно ново име кое доаѓа во клубот од Охрид. Французинот Адама Кеита потпиша со ГРК Охрид за 2026/2027 со можност за продолжување за 2027/2028. Игра на позицијата лево крило, има 28 години (186 cm) и ќе ја облече деветката во сино-белиот дрес. Доаѓа од тимот на АЕК (Грција), а пред тоа цели 8 сезони го носеше дресот на гигантот ПСЖ (Франција) со кој има многу освоени титули. Има настапи за сите младински категории за националниот тим на Франција и освоен бронзен медал на светското јуниорско првенство 2017. “Започнува ново поглавје…

Read More

Откако синоќа беше најавено , денес од РК Еурофарм Пелистер стигна и официјална потврда за ангажирањето на Лино Червар за тренер на екипата од Битола. Во објавата на клубот на социјалните мрежи се вели: „Во нашата историја и идентитет не постојат мали цели. Затоа мора секогаш да бидеме на висината на предизвикот, да го следиме трендот и да го надградуваме проектот. Нашата нова приказна за сезоната 2026/27 почнува со назначувањето на новиот тренер. Нашиот избор падна на олимписки и светски првак, човек кој е синоним за ракометот на овие простори — Лино Червар. Хрватскиот тренерски маг и официјално е нов…

Read More

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски победи со нов државен рекорд на десеткилометарските трки на пат на денешната трка „ХалкЕко Скопје трча“. Дарион Ивановски ја заврши трката со време од 29 минути и 34 секунди, подобрувајќи го досегашниот рекорд кој беше 16 секунди побавен. Ова беше уште една потврда за добрата форма на нашиот најдобар атлетичар. На втората позиција во машката трка беше Димитар Илиев со време 32 минути и 27 секунди, додека малку побавен од него беше Муџахед Мислими. Во женска конкуренција победата ја однесе Греша Бакрачи од Косово. Оваа атлетичарка забележа време од 35 минути и 18 секунди. На…

Read More

Селекторот на нашата ракометна репрезрентација Кирил Лазаров денеска го имаше првиот собир со кој започнуваат со подготовки за двомечот со Словачка кој треба да ја однесе нашата репрезентацоија на завршницата на уште едно Светско првенство, овој пат во Германија на почетокот на 2027 година.. Поради добриот настап на последниот голем турнир, Македонија ја прескокна првата бараж фаза и беше поставен како фаворит од првиот шешир, па нашиот репрезентативен тим за противник во финалниот бараж ја доби селекцијата на Словачка. Во наредната недела ќе следи двомечот меѓу Македонија и Словачка за пласман на ракометниот мундијал, а прва најава за тоа што…

Read More

Во Куманово успешно се реализираа третите од вкупно четирите Мини Олимписки игри 2026, организирани во рамки на ОВЕП програмата поддржана од Олимписка солидарност. На настанот учество земаа 240 ученици и 20 наставници од основните училишта, кои преку спортски и едукативни активности ги промовираа олимписките вредности – фер плеј, почит, тимска работа и пријателство. Мини Олимписките игри свечено ги отворија претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски и претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, кои ја нагласија важноста на спортот, физичката активност и олимписката едукација кај младите. Во рамки на активностите, Македонскиот олимписки комитет донираше спортска опрема и училишен…

Read More

Дефанзивецот на ПСЖ, Ашраф Хакими, кој го пропушти реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Баерн Минхен (1:1) поради повреда на тетивата, се очекува да биде достапен за финалето против Арсенал на 30 мај. Ова го објави новинарот Фабрис Хокинс на страницата на социјалните мрежи X. Според изворот, постои оптимизам во врска со голманот Лук Шевалие, кој се опоравува од повреда на тетивата. Се нагласува дека тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, има намера да го регулира работното оптоварување на играчите во претстојните натпревари. Некои од членовите на почетниот состав се вратија од Минхен со мали болки кои не претставуваат сериозна…

Read More

Дефанзивецот на Тотенхем Хотспур и шпанската репрезентација, Педро Поро, се враќа во својата татковина. Според информациите од оваа земја, Барселона и Реал Мадрид се заинтересирани за играчот, гледајќи го како решение за нивните проблеми со десниот бек. Шпанецот, чиј договор со Тотенхем важи до летото 2028 година, наводно планира да ја напушти англиската Премиер лига. Лондонскиот клуб нема да го пушти Поро за помалку од 69 милиони евра. Според изворот, Барселона веќе презема чекори за да пронајде поофанзивен и подинамичен десен бек за да го зајакне системот на тренерот Ханс-Дитер Флик. Педро Поро е привлечен за Барселона поради неговата способност да напаѓа простор,…

Read More