Во рамки на конференцијата „Препознавање на родово базирано насилство и механизмите за заштита на жените во спортот“, Македонскиот Олимписки Комитет беше претставен од Елена Зисовска Апостолска, која во своето обраќање истакна дека безбедноста, достоинството и заштитата на сите спортисти се темелни вредности на Интернационалниот олимписки комитет и Олимписката повелба. Таа нагласи дека нема врвен и олимписки резултат доколку спортот не е безбеден за сите негови чинители, и дека Македонскиот Олимписки Комитет ја има препознаено оваа тема како приоритет, со назначен офицер за заштита во спортот и тековен проект што ги опфаќа националните спортски федерации, со цел воспоставување конкретни механизми и…
Author: riste
Лидерот во домашниот ракометен шампионат, Вардар 1961 вечерва го очекува голем предизвик во првиот меч од четвртфиналето од ЕХФ Европската лига. Вардар гостува кај францускиот тим Монпелје, кој за нијанса ја задржува улогата на фаворит. Тимот предводен од Иван Чупиќ се наоѓа во одлична форма на домашната сцена, каде што е без пораз во плеј-офот и игра со голема самодоверба. Таа серија позитивни резултати може да биде многу важна пред денешното тешко гостување. Натпеварот вечерва во Монпелје стартува во 20.45 часот.
Македонските кадетски репрезентации во женска и машка конкуренција денеска играат за златниот медал на Светското ракометно првенство во училишен спорт кое се одржува во Скопје. Во изминатите денови и двете наши репрезентации во женска и машка конкуренција демонстрираа одлична игра на сите натпревари и со победи го заслужија местото во финалето. Женската репрезентација од 14 часот игра против репрезентацијата на Хрватска, додека машката селекција од 16 часот за противник ја има репрезентацијата на Израел на патот кон златото. Во двете наши селекции владее голем оптимизам и желба да и донесат на Македонија злато и во двете конкуренции, а секако дека…
Јувентус официјално го идентификуваше играчот од средниот ред на Штутгарт, Анџело Штилер, како приоритетна цел за засилување на нивниот среден ред следната сезона. 25-годишниот германски репрезентативец се смета за идеален играч кој ќе ја преземе улогата на плејмејкер во шемата на Лучијано Спалети, објавува „Тутоспорт“. Штилер, кој е наречен „новиот Тони Крос“, ја заслужи споредбата поради неговата исклучителна способност да го контролира темпото на играта, прецизноста на неговите долги додавања и неговото интелигентно позиционирање. Интересно е што самата легенда на Реал Мадрид лично го препорача Штилер како играч кој има квалитети да игра на највисоко европско ниво. Јувентус го таргетираше…
Организаторите на Зимските олимписки игри во Милано се соочуваат со финансиски дефицит од 310 милиони евра, удар предизвикан од зголемените трошоци и падот на приходите. Меѓународниот олимписки комитет (МОК) веќе отфрли каква било дополнителна финансиска поддршка, нагласувајќи дека одговорноста е целосно на локалниот организациски комитет. Проектот, првично претставен како одржлив настан со нула трошоци, го погоди буџетот од 1,4 милијарди евра на 1,7 милијарди евра. Дефицитот е резултат на повеќе од 230 милиони евра дополнителни трошоци, од кои голем дел се поврзани со доцнења во изградбата на инфраструктура како што е Арената Санта Џулија, и пад од околу 80 милиони…
Тренерот Доменико Тедеско го напушти Фенербахче. Ова го објави официјалната веб-страница на турскиот клуб. „Во согласност со одлуките донесени на состанокот на нашиот одбор, се разделивме со нашиот главен тренер, Доменико Тедеско, и неговиот стручен штаб. Исто така, одлучивме да се разделиме и со нашиот спортски директор, Девин Озек, и со нашиот координатор за фудбал, Берке Челеби. Им благодариме за нивниот придонес во развојот на нашиот клуб и им посакуваме успех во нивните идни кариери. Помошникот тренер Зеки Мурат Ѓоле ќе го води тимот во преостанатите натпревари од сезоната“, се вели во соопштението на истанбулскиот клуб.
Планирано е сите жолти картони да бидат поништени по групната фаза на Светското првенство и четвртфиналето за да се намали веројатноста играчите да ги пропуштат натпреварите од плејофот, објави „Атлетик“. Се очекува новите правила во врска со дисквалификациите поради акумулирани опомени на турнирот во САД, Канада и Мексико да бидат дискутирани и одобрени на состанокот на советот на ФИФА во Ванкувер кој се одржува денес. На претходните Светски првенства, жолтите картони истекуваа дури по четвртфиналето. Сепак, со оглед на проширувањето на турнирот на 48 екипи (од претходните 32), ФИФА има намера да ги промени правилата за да го намали бројот на дисквалификации.
Баерн Минхен има намера да започне преговори за нов договор со напаѓачот Хари Кејн по сезоната 2025/26, изјави членот на надзорниот одбор на клубот, Карл-Хајнц Румениге. „Доведувањето на Кејн во Баерн беше голем успех во историјата на клубот. Добро е познато дека тој имаше откупна клаузула. Тој не ја активираше, што укажува дека дефинитивно ќе остане во Минхен. Сега, како што е договорено, надлежниот оперативен менаџмент ќе преговара со него по завршувањето на сезоната со јасна цел да му го продолжи договорот“, изјави Румениге. Хари Кејн игра за Баерн од август 2023 година, а неговиот договор е до 30 јуни 2027 година. Оваа…
Македонското кендо испиша нова страница во својата историја, откако сениорската репрезентација го освои златниот медал на 16-тото Балканско првенство, одржано на 25 и 26 април во Белград, Србија.До титулата балкански шампион, македонските репрезентативци стигнаа со импресивни настапи и сигурни победи против реномирани селекции како Црна Гора, Романија, Бугарија и Грција, за во финалето да ја совладаат и Турција.Покрај екипното злато, остварен е и значителен успех во индивидуална конкуренција, со вкупно осум освоени медали:Михаил Миленковиќ (злато), Јована Андоноска (злато), Валисиј Ристески (сребро), Ивона Лазаровска (сребро), како и бронзени медали за Марко Петрески, Максимилијан Климоски, Меланија Крстевска, Гордан Чоланчевски и Пеце Андоноски.Успехот…
Фудбалерот од средниот ред на Жирона, Азедин Унаи, може да добие понуда да го облече дресот на Манчестер Сити, наведуваат медиумите во Европа. 26-годишниот интернационалец од Мароко има договор до 2030 година со откупна клаузула од 20 милиони евра. Тој во сезонава одигра 18 средби со ефект од пет голови и две асистенции. За неговиот потпис се заинтересирани уште неколку екипи од Шпанија и Италија.
