Author: riste

Баерн Минхен го победи Баер Леверкузен со 2-0 во полуфиналето на Купот на Германија и се пласираше во финалето по 25-ти пат. Тимот од Минхен е клубот со најмногу титули во Купот на Германија, со 20 победи. Интересно е тоа што тимот од Минхен се пласираше во финалето на Купот на Германија за прв пат од 2020 година. Во 2020 година, Баерн Минхен се соочи со Баер Леверкузен во финалето и победи со 4-2. Клубот од Минхен е непоразен од 24 јануари 2026 година. Порано оваа година, Баерн загуби со 2-1 од Аугсбург во 19-то коло од Бундеслигата. Тимот на…

Read More

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар и официјално поднесе иницијатива за Јужната трибина на Националната арена „Тодор Проески“, да го носи името на легендата Васил Рингов кој почина пред крајот на 2025 година. Во документ доставен до Владата, Премиерот Христијан Мицкоски, Министерот за спорт Борко Ристовски, МОК и Даниел Димевски, како и надлежните за стадионот, се бара да се оддаде почит на легендата. Васил Рингов важи за еден од најдобрите играчи во историјата на македонскиот фудбал. Летото 1977 година доаѓа во Вардар, каде станува еден од најдобрите играчи на сите времиња и најдобар стрелец на тимот со 97 голови. По завршувањето…

Read More

РК Еурофарм Пелистер денеска и официјално ја потврди информацијата за промената на тренерското место во тимот. Како што објавија битолчани, по поразот во полуфиналето на Купот на Македонија во Струмица, тренерот на екипата Стевче Алушовски поднесе оставка од својата позиција. Клубот ја прифатил и му се заблагодарил на Алушовски за професионалната работа. До крајот на сезоната, Еурофарм Пелистер ќе биде предводен од асистентот на Алушовски, Алексо Лембанов.

Read More

Одличен почеток на нашите училишни ракометни тимови на денеска започнатото Светско првенство во Скопје. Машката репрезентација убедливо ја совлада Бугарија со 33:18, а девојките исто така имаа одличен почеток со триумф над Белгија од 34:12. Ова е одличен старт на нашите селекции кои најавија дека на овој шампинат ќе се бодат и за медалите. Утре Македонија игра со Грузија и во машка и во женска конкуренција.

Read More

Игор Стефановски Иџе викендов од Австрија ја стартува новата сезона во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (EHC), најпрестижното натпреварување во оваа дисциплина. Стартот е на легендарната патека Рекберг, каде македонскиот ас влегува со дополнителен мотив, одбележува 25 години тркачка кариера. Трикратниот европски шампион продолжува да испишува историја, овојпат поради јубилејот, со нова енергија, брзина и амбиција. „Летечкиот Македонец“ ќе се соочи со силна конкуренција – повеќе од 250 возачи во шампионат кој годинава брои 10 трки низ Европа. Сезоната стартува со тренинзи во сабота, а кулминира со трките во недела (26 април), додека завршницата на шампионатот и годинава е…

Read More

Ракометниот клуб Вардар 1961 го освои осумнаесеттиот пехар во Купот на Македонија, откако во финалето го победи Охрид (24-23). По финалето беа доделени индивидуалните признанија, а тие заминаа во рацете на двајца ракометари. Јака Малус како најдобар стрелец на турнирот беше избран и за МВП, додека Кристијан Пилиповиќ од Охрид е најдобар голман. Индивидуални признанија во Купот кај мажите:МВП на турнирот: Јака Малус (Вардар)Најдобар стрелец: Јака Малус (Вардар)Најдобар голман: Кристијан Пилиповиќ (Охрид)На двата натпревари против Алкалоид и Охрид словенечкиот бек Јака Малус постигна 17 погодоци.

Read More

Ракометарите на Вардар 1961 го освоија осумнаесеттиот трофеј во Купот на Македонија, откако гп понедија Охрид во драматична завршница со 24:23 (13:12). Финалниот натпреварот во салата „Парк“ во Струмица беше вистинско дрби како што можеше да се посака, многу борба до последните секунди, а вардарци имаа повеќе нерви кога беше најпотребно. Вардар одлично го отвори натпреварот и водеше во поголемиот дел од првото полувреме, со 6:2 и 7:3 , но Охрид успеа да фати приклучок и да израмни во 29.минута на 12:12. Сепак Вардар успеа да постигне гол во финишот и на одмор да замине со предност од 13:12. Во вториот…

Read More

Претставници на ракометните сојузи и релевантни клубови од регионот одржаа состанок на кој беше постигнат значаен исчекор кон унапредување на регионалната соработка и развојот на ракометот. На состанокот беше усогласено дека од сезоната 2027/28 ќе бидат формирани регионални лиги во полн формат, и тоа во двете конкуренции, со што се отвора ново поглавје во квалитетот на натпреварувањето, развојот на играчите и целокупната промоција на ракометот во регионот. Во женска конкуренција, регионалната лига ќе опфати по две екипи од пет држави – Словенија, Хрватска, Црна Гора, Србија и Македонија. Во машка конкуренција е предвидено учество на по четири клуба од Србија…

Read More

Спортскиот директор на Пари Сен Жермен, Луис Кампос, се сретна со претставници на напаѓачот на Арсенал, Габриел Мартинели. И покрај желбата на клубот да ги задржи своите клучни играчи, раководството на ПСЖ ја разгледува и можноста за стекнување нови играчи за зајакнување на тимот ова лето. Раководството на парискиот клуб планира да го комплетира трансферот на Мартинели во претстојниот преоден рок. 24-годишниот Бразилец е во лондонскиот клуб од летото 2019 година, а неговата пазарна вредност, според „Трансфермаркт“, се проценува на 45 милиони евра. Договорот на напаѓачот со Арсенал е до крајот на јуни 2027 година. Мартинели оваа сезона одигра 46 натпревари за клубот…

Read More

Во Париз е откриена криминална мрежа вклучена во фалсификување билети за натпреварите на ПСЖ. Според „Ле Паризиен“, измамничките активности погодиле приближно 2.000 навивачи, со загуби во вкупен износ од 40.000 евра. На почетокот на март, париската сајбер полиција (BL2C) заврши истрага во која беше откриена шема за измама од големи размери што функционирала две години. Главниот осомничен е 22-годишниот Аинис Д. Тој користел социјална мрежа за да создаде систем за продажба на фалсификувани билети и за домашните натпревари на ПСЖ на „Паркот на принцовите“ и за гостувањата. Во текот на две години, неговиот профил привлече повеќе од 13.000 следбеници кои…

Read More