Дефанзивецот на Арсенал, Вилијам Салиба, е уверен дека тимот може да ја прекине серијата со освоени втори места во Премиер лигата. „Тука сум четири години и секогаш завршувавме втори. Ако го промениме тоа, секако дека би бил огромен успех. Уверен сум дека можеме да го направиме тоа“- рече Салиба. „Топчиите“ кои го делат првото место со Манчестер Сити денеска ќе го пречекаат Њукасл во 34-тото коло од Премиер лигата.
Author: riste
Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, принудно беше повлечен од теренот во 80-та минута на вчерашното гостување кај Бетис во меч од Примера Дивизион. Медиумите денеска објавија дека Французинот има истегнување на мускулот на задниот дел од левата бутина. Според нив, брзоногиот фудбалер сам побарал од тренерот Арбелоа да го напушти теренот. Мечот заврши без победник со што „кралевите“ речиси сигурно отпаднаа од трката за титулата.
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, откри зошто не си замина од Англија во претходното лето кога доби богата понуда од Саудиска Арабија. „Останав затоа што мислев дека сè уште можам да му дадам нешто на клубот. Ми понудија многу. Добро е што со сопругата не се стремиме да бидеме најбогатите луѓе на светот“ – рече Португалецот. „Само сакаме да ги оствариме нашите соништа, да живееме добар живот со нашите деца и да се стремиме да постигнеме што е можно повеќе успех“- потенцираше Фернандеш.
Одбојкарите на Штип УГД и третпат го победија ГОК Борец (3:0) и го обезбедија шампионскиот пехар во Првата одбојкарска лига на Македонија. Штипјани со ова ги обединија двете круни во мак-одбојката оваа сезона, бидејќи претходно го освоија и трофејот на завршниот турнир во Купот каде исто така беа подобри од велешани. Денес Штип испиша историја, за првпат една екипа од овој град освои шампионски пехар во едно првенство на Македонија. Трипати Штип УГД беше подобар против Борец во финалната серија, а истата ја заврши без загубен сет. Вечерва во Штип, домашната екипа беше подобра со 25:18, 25:18 и 25:16 по…
Македонската женска кадетска репрезентација се пласираше во четвртфиналето на Светското училишно првенство во ракомет. Нашите ракометарки денеска ја запишаа втората победа, откако ја совладаа Грузија со 45:13 (22:9). Одлично прво полувреме одиграа нашите ракометарки кои уште од почетокот најавија дека ќе одат на нова убедлива победа, а имаа и голема поддршка од трибините на исполнетата сала “Крсте Мисирков”. На одморот се замина со предност на Македонија од 22:9, а на стартот на второт дел Македонија веќе имаше уште поголема предност која само гарантираше убедлива победа која на крај ги донесе конечните 45:13. Утре, нашите кадетки ќе играат против Словачка за…
Екипата на Еурофарм Пелистер на социјалните мрежи го објави продолжувањето на соработката со досегашниот голман и македонски репрезентативец Никола Митревски. Во објавата од страна на клубот се вели: „Некои вредности се поважни од секоја победа и секоја титула. Затоа нашата одлука е недвосмиолена – да ги задржиме тие вредности во клубот. Ни претставува задоволство што најдобриот македонски голман и во иднина ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер. Никола Митревски се обврза на нов договор за сезоната 2026/27 со својот матичен клуб, со опција за продолжување и за сезоната 2027/28. Митревски е роден победник, дете на клубот, човек кој се…
Машката ракометна репрезентација на Македонија која учествува на Светското училишно првенство во ракомет ја забележа втората победа во групната фаза. Нашите ракометари славеа против Грузија со 46:13 и со тоа го продолжуваат патот кон пласман во полуфиналето во ова натпреварување. Најефикасни во редовоте на македонската селекција беа Тома Симоновски со 15 и Андреј Георгиев со 9 постигнати гола. Утре Македонија игра против селекцијата на Република Српска, а натпреварот се игра во салата „Македонско Сонце“ во ОУ 11 Октомври со почеток во 10.30 часот.
Вечерва не очекува уште еден ракометен спектакл, во салата „Јане Сандански“ се игра дербито меѓу Вардар 1961 и Алкалоид, натпревар кој има огромно значење за двете екипи. За „црвено-црните“ е јасно дека овој дуел и победа ќе ги доближи на само еден бод до враќање на шампионската титула. Во таков случај, Вардар би имал можност тој клучен бод да го обезбеди во следното коло против големиот ривал Еурофарм Пелистер исто така на домашен терен и по три години да го симне Еурофарм Пелистер од тронот. Од друга страна, Алкалоид доаѓа со свои амбиции и сака да ги покаже своите квалитети…
Поранешниот прв човек на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини, е приведен во рамки на акција на Министерството за внатрешни работи, реализирана во соработка со Јавното обвинителство, пренесува „Скопје1“, повикувајќи се на извори од истрагата. Според неофицијалните сознанија, против него постои сомнение за проневера на приближно 700.000 евра, средства кои УЕФА ги доделила на ФФМ за изградба и унапредување на трибина во Охрид. „Во рамките на предмет оформен во ОЈО Скопје, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција лишија од слобода едно лице поради дејствија кои упатуваат на сомненија за…
Пари Сен Жермен е на еден чекор од продолжување на договорот со шпанскиот тренер Луис Енрике. Според информациите кои беа објавени, новиот договор на Енрике со францускиот гигант ќе важи до 2029 година, со можност за продолжување до 2030 година. Претходно, медиумските извештаи посочија дека раководството на ПСЖ му нуди на Енрике долгорочен договор со причина, бидејќи договорот на спортскиот директор Луис Кампос исто така истекува во 2030 година, а раководството го цени односот меѓу Португалецот и Шпанецот. Тековниот договор на шпанскиот тренер со клубот е до летото 2027 година.
