Author: riste

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков и прв човек на ракометниот клуб, за време на својата посета на Унгарија остварил средба со Чаба Барта, претседателот на унгарскиот ракометен гигант Веспрем. Во фокусот на разговорите бил развојот и успесите на ГРК Охрид во европските натпреварувања, како и настапите во домашното првенство и купот, за што охридскиот клуб добил признание и честитки од унгарскиот ракометен гигант. Пецаков истакна дека претставува голема чест кога клуб од светски ранг како Веспрем ги препознава напорите и напредокот на ГРК Охрид. На средбата се разговарало и за идните стратегии за развој на клубовите, како и за перспективите на европскиот ракомет. Градоначалникот Пецаков упатил…

Read More

Селекторoт на нашата машка ракометна репрезентација, Кире Лазаров го објави скратениот список од 20 ракометари кои ќе бидат во конкуренција за претстојниот двомеч со Словачка во баражот за пласман на СП 2027. Жарко Пешевски нема да може да му помогне на националниот тим на овие две пресметки, во комбинација не е ниту Мартин Серафимов, а интересно е што шанса како трет голман добива Васил Гогов од Вардар пред Иван Галевски од Алкалоид. Првиот дуел од двомечот меѓу Словачка и Македонија се игра на 14 мај во Прешов, а реваншот е закажан за три дена подоцна во Скопје.

Read More

Ракометарите на Вардар вчера го совладаа својот голем ривал Еурофарм Пелистер (34:19) и со тоа го потврдија и теоретски освојувањето на шампионската титула во домашниот ракометен шампионат. Тренерот на вардарци, Иван Чупиќ по мечот ја анализираше шампионската сезона. „Секогаш може повеќе, но благодарам за честитките. Во ваков амбиент, со главниот ривал, во најголемото македонско дерби да завршиш работа и да освоиш титула, не може да посакавме подобро. Маратонот беше долг, но мислам дека заслужено ја вративме титулата во Скопје. Уште еднаш, благодарност до навивачите, до клубот, до претседателот, до директорите што ми дадоа шанса да бидам тренер во овој голем…

Read More

Капитенот на машкиот национален тим, Никола Ѓоргиев и неговиот тим Карловарско се новите шампиони во чешкото првенство. Во „мајсторката“ од финалната серија синоќа Ѓоргиев и неговите соиграчи со 3:0 (25:22, 25:15, 25:18) ја победија Прага и со 3-2 во победи го кренаа шампионскиот пехар. Во решавачкиот натпревар во Карлови Вари, Карловарско беше на врвот на задачата и доминираше во текот на целиот дуел.

Read More

Ракометарите на Вардар 1961 му одржаа ракометна лекција на Монпелје на вечерашниот реванш од четвртфиналето на Лига Европа, но победата од 27:24 не беше доволна да се избори пласман на завршниот турнир во Хамбург. „Црвено-црните“ минатата седмица се соочија со многу пехови и загубија со дури десет разлика, па вечерашниот меч беше огромен предизвик да се дојде до резултат кој води во наредната фаза. Избраниците на Чупиќ го добија првиот дел со 17:12, во второто полувреме во неколку наврати имаа и плус седум, меѓутоа Монплеје не дозволи да се влезе во драма во СЦ „Јане Сандански“ намали дел од негативата…

Read More

Европската ракометна федерација објави дека утре со почеток во 11.00 часот ќе се одреди кој ќе биде домаќин на првиот натпревар од финалето во ЕХФ Европскиот куп. Македонскиот претставник Охрид ќе ги одмери силите со унгарскиот, Татабања, за кој игра нашиот Филип Талески. Унгарците во полуфиналниот двомеч го елиминираа Извиѓач од Босна и Херцеговина додека „рибарите“ беа подобри од Целје (Словенија). Првиот натпревар од финалето е закажан за 23/24 мај а реваншот седум денови подоцна.

Read More

Тренерот на ракометарите на Вардар 1961, Иван Чупиќ, не ја губи надежта дека може да се оствари поволен резултат во реваншот со Монпелје иако францускиот тим допатува во Скопје со двоцифрена предност. „Во нашата сала секогаш е тешко да се игра, тоа го знаат сите противници, мора да пробаме да ги надокнадиме тие 10 гола разлика. Може по мечот ќе речете дека сум будала што верувам но, ако моите играчи добијат поддршка како што јас добив против Пик Сегед или Фленсбург, се е можно“ – рече Чупиќ. Реваншот од Европската Лига меѓу „црвено-црните“ и Монпејле ќе биде одигран утре во…

Read More

Скандал избувна во холандскиот фудбал откако се дозна дека резултатите од 133 натпревари во највисоката лига Ередивизие би можеле да бидат прогласени за неважечки, објави „The Athletic“. Истрагата откри дека на голем број фудбалери кои сакале да го променат своето спортско државјанство и да играат за репрезентациите на земји како Индонезија и Суринам им е доделено соодветното државјанство. Сепак, со овој потег, тие автоматски го изгубиле своето холандско државјанство, бидејќи двојното државјанство е забрането со закон. Ова значи дека играчите за кои станува збор повеќе не се државјани на Европската Унија и морале да добијат посебни дозволи за работа во…

Read More

Со голот кој го постигна од пенал против Атлетико Мадрид во полуфиналето од Лигата на шампионите, напаѓачот на Арсенал, Виктор Ѓокереш стана четвртиот играч во историјата на клубот од Северен Лондон кој постигнал гол за својата екипа во полуфинале од ова натпреварување. Претходно тоа им успеа на Коло Туре на мечот со Виљареал во сезоната 2005/06, Робин Ван Перси на мечот со Манчестер Јунајтед во сезоната 2008/09 и Букајо Сака на дуелот со ПСЖ минатата сеозна 2024/25.

Read More

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за престојниот бараж натпревар за светското првенство IHF Men’s World Championship 2027 во Германија, против репрезентацијата на Словачка. На списокот на селекторот Лазаров се најдоа 35 ракометари кои ќе конкурираат за настап на овој двомеч со Словачка. Меѓу повиканите има тројца „странци“, тоа се голманот Мартин Томовски од Германија, бековите Филип Талески од Унгарија и Мартин Карапалевски од Шпанија, а останатите се од домашното првенство. Македонија најнапред ќе гостува во Прешов кај Словачка на 13 мај, а потоа на домашен терен во Скопје на 17 мај ќе го одигра реванш бараж натпревар за пласман на…

Read More